Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Македонија падна на 103. позиција на ФИФА ранг листата

Уште малку Луксембург ќе не стигне..

http://www.facebook.com/l.php?u=http://24fudbal.com.mk/vesti/4023/makedonija-padna-na-103-pozicija-na-fifa-rang-listata&h=3AQFRCE9o

http://www.fifa.com/worldranking/rankingtable/index.html?intcmp=fifacom_hp_module_ranking
Ајде, ништо страшно... па и Бразил е 11 :pos:
 
Кој рече дека ќе си оди...Хари is back...ОФС Демир Хисар ќе му даде поддршка на Хаџи-Ристески
Екипа ФФМ
06.07.2012 16:50

Членовите на Иницијативниот одбор за промени во фудбалот најавија дека Харалампие Хаџи-Ристески нема да биде кандидат за претседател на ФФМ на претстојното Вонредно изборно собрание (така тој им ветил), арно ама... не ќе да е така. Хари is back...


Што се однесува до вербата, Хаџи-Ристески веќе цела деценија зборува и дека ќе го „оправи“ фудбалот, арно ама, тој само си тоне, си тоне...


Но, пресвртот сепак го има, ОФС Демир Хисар испратил соопштение до ФФМ, кое веднаш е објавено на официјалниот сајт, дека ќе го поддржи Хаџи-Ристески на собранието. Се ближи 29 јули, ама се разгорува и трката. Сега ги има четворица кандидати на стартната линија, Масар Омерагиќ, Илчо Ѓорѓиоски, Емил Божиновски, Харалампие Хаџи-Ристески, а кој ќе „истрча“ најбрзо кај делегатите, останува да покаже фотофинишот. Уште ако гласањето биде тајно, оф, оф, оф...Тешко на фудбалот, нема да помогне ниту новововеденото правило за видеoтехнологија на гол - линијата.


Ќе биде жешко, уште пожешко отколку што изгледа во моментов...
 
Нурединоски потпиша за ФК Баку


Македонскиот репрезентативец, голманот Един Нурединоски, кариерата ќе ја продолжи во азербејџанскиот ФК Баку.

Нурединоски потпишал двегодишен договор, а вчера ги минал лекарските прегледи и веднаш и се приклучи на екипата, која настапува во квалификациите за УЕФА Европа лигата.

Во својата кариера Един настапувал за Вардар, Слога, Победа, Олденбург, Ајнтрахт Брауншвајг, Цементарница, Милано и Етникос.

http://www.mtv.com.mk/mk/sport/fudbal/54228/nuredinoski_potpisha_za_fk_baku.aspx
 
Николов одбил да настапува за романската репрезентација

Вторник, 10 Јули 2012 20:11
0585ab222a7d4ed1f6fcb0fa82d27a79_L.jpg

Бобан Николов важи за еден од најталентираните македонски фудбалери, а доказ за тоа е и непристојниот предлог кој неодамна го добил од романската фудбалска федерација.
На големата македонска надеж и било понудено да земе романско државјанство и да игра за романската репрезентација, но тој ја одбил ваквата опција, пишуваат денеска дел од печатените медиуми во оваа земја.
„Бев капитен на македонската репрезентација до 17 години, а сега сум капитен на националниoт У-19 тим. Ми беше понудено да играм за романската репрезентација, разговарав за тоа со татко ми и ја одбив понудата. Јас сум Македонец и не можам да играм за друга земја. Ние сме познати по борбениот дух и ќе играм единсвено за Македонија“, изјави Николов за романските медиуми.
18-годишниот Николов е офанзивен играч за врска и е еден од најталентираните фудбалери во младинската академија „Георге Хаџи“. Штипјанецот е дел од оваа академија од 2010 година откако било забележан од Хаџи на еден меѓународен турнирво Брашов, но во новата сезона ќе настапува и за новиот романски прволигаш Виторул Констанца кој исто така е основан од легендарниот романски фудбалер.
 
Ако и сега успее да се спаси Хари,треба да му се симни капа...:гик:
Како Џек Бауер во серијалот 24 е,НЕУНИШТЛИВ:нинџ:
Се надевам дека ќе преовлада разумот,дека вистинските фудбалски работници ќе надвладеат,дека делегатите ќе донесат вистинска одлука и да се тргнат еднаш засекогаш овие мешетари кои го донесоа фудбалот на питачки стап....
Ова ни е можеби последна шанса да дојдат вистински луѓе во фудбалот,не само да се смени Хари,голем кур ако го сменат него а дојдат личности од ист ков,треба да дојдат луѓе шо работеле во фудбалот,шо го сакаат фудбалот,треба да се привлечат спонзори кои ќе вложат во фудбалот...а не само да се цица од фудбалот,да се местат без срам утакмици...
Време е фудбалот да оди напред...
 
Кај иде македонскава репрезентација ?
Мора нешто да се смени во ФФМ од корен.

Инаку Ѓуровски бил најголем македоснки талент.
Дечкото има 27 години.
Во другите земји за големи таленти се сметаат играчи со 20 години.

И што бидна со Хари во ФФМ? Сега кој лопов ќе биде на чело на ФФМ?
 
Браво, доста добро видео. Само одамна го немам видено, да игра за репрезентацијата. Се надевам за брзо време ќе направи некој трансфер тука во близина.
 
Ќе има доста понуди за Ѓуровски, него да се надеваме дека така ќе игра и за репрезентацијата бидејќи највеќе таков тип на играч ни недостига/ше, што би рекол Панчев фантазер :D
 
Стварно браво еј какви пасови какви заебанции , креативен дечко а и слободниве удари му идат мн добро :D
 
Ќе има доста понуди за Ѓуровски, него да се надеваме дека така ќе игра и за репрезентацијата бидејќи највеќе таков тип на играч ни недостига/ше, што би рекол Панчев фантазер :D
Ѓуровски играше доста солидно за репрезентација, не знам што е финтава со тоа што не го повикуваат. Инаку тешко да има многу понуди од Европа, сепак физички не може да го издржи тоа темпо.
 
Играч што отишол во Азија да игра засекогаш му е запечатена вратата за во Европа......евентуално ако нешто реши да се врати во Србија или Македонија.Трансфер во некој асален клуб не може веќе да направи.
Не е лош играч,можеше и подобра лига и клуб да си најде.Само можам да замислам каква е таа лига кај што Ѓуровски буквално стигна да се изживува на противниците.Во Србија беше добар,но ни близу да биде доминантен играч,а сите знаеме каква е таа лига.

Иначе дечкото мора да биде повикан во репрезентацијата.Немаме никакви креативци и играчи што знаат да подадат топка на подалеку од 10 метри.
 
Овај Ѓуровски беше мислам повикан за со Португалија ама не го пуштија од таму...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom