Кој рече дека ќе си оди...Хари is back...ОФС Демир Хисар ќе му даде поддршка на Хаџи-Ристески
Екипа
ФФМ
06.07.2012 16:50
Членовите на Иницијативниот одбор за промени во фудбалот најавија дека Харалампие Хаџи-Ристески нема да биде кандидат за претседател на ФФМ на претстојното Вонредно изборно собрание (така тој им ветил), арно ама... не ќе да е така. Хари is back...
Што се однесува до вербата, Хаџи-Ристески веќе цела деценија зборува и дека ќе го „оправи“ фудбалот, арно ама, тој само си тоне, си тоне...
Но, пресвртот сепак го има, ОФС Демир Хисар испратил соопштение до ФФМ, кое веднаш е објавено на официјалниот сајт, дека ќе го поддржи Хаџи-Ристески на собранието. Се ближи 29 јули, ама се разгорува и трката. Сега ги има четворица кандидати на стартната линија, Масар Омерагиќ, Илчо Ѓорѓиоски, Емил Божиновски, Харалампие Хаџи-Ристески, а кој ќе „истрча“ најбрзо кај делегатите, останува да покаже фотофинишот. Уште ако гласањето биде тајно, оф, оф, оф...Тешко на фудбалот, нема да помогне ниту новововеденото правило за видеoтехнологија на гол - линијата.
Ќе биде жешко, уште пожешко отколку што изгледа во моментов...