Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
МИ текнува на утакмицата со русија таму во минатиот циклус. Русиве имаат 30 шанси, ама тој сичев се изнапромаши а резултатот стоеше 1-0. И што се случи, на шашма нашите отидоа напред, нивниот голман прави фаул во шеснаесетник и ни досудија пенал околу 75 минута плус го избркаа и нивниот голман.

Да раскажувам понатаму како изгубивме со 3-0 наместо нерешено или да победиме?
Немаа шанси додека ние не промашивме пенал. Е после веќе беше... уффф...
 
Како немаа првите 15 минути од прво и од второ полувреме од 16 метри не можевме да излеземе. Цела среќа што не им беше денот...
 
Митрески ми се чини го промаши нели? Од толку играчи, тој најде да шутира :S Е после пеналот не здробија...
 
Незнам дали пишал некој претходно
Албанија У21 0-0 Македонија У21
пријателска...
 
Да он го шутираше пеналот...
Да погодеше Митрески подруго ќе беше .. а така паднавме психички и им дозволивме на Русите да ни дадат гол со играч помалку.
 
Како ќе не здрмаат за 2 часа, лелеј :nesum: Дај боже да грешам.
 
ЛЕЛЕЕЕЕ ПАК ШИКОВ ДЕСЕН БЕК ЌЕ ИГРА.

Еве со која формација ќе почнеме:

Нурединовски
Шиков - Митрески - Новески - Лазевски
Шумуликовски - Деспотовски - Ѓуровски
Ибраими - Наумоски - Тричковски
 
Деспотовски и Шумоликовски рачунајги како одбранбени.ШШто значи,само Ѓуроски ќе биде главниот креатор и водич на МАКЕДОНИЈА вечерва.Да се надеваме дека ќе успее да ги реализира неговите задачи и успешно ќе ги снабди со топки напаѓачите.
 
Демек Ибраими побрз е од Ристиќ, па за тоа во прв состав е ?
Свашта
Абе тоа и нема врска, и онака ние нема да успееме топката до напад да ја догураме ЛОЛ
 
Господ да ни е не помош со Шиков десно...

Жирков, Аршавин... маки... Јас ипак мислам дека на хартија ќе биде вака а иначе ќе играме со 6 дефанзивци. На пример Шиков и Шумуликоски ќе покриваат на едната а Лазевски и Деспотовски на другата. Ќе се игра тежок бункер, тоа Мурињо ќе може белешки да фаќа :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom