Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Навистина Ока Николов има само Германско државјанство?? и затоа неможе да наступа за нашата репрезентација...ако е точно..ќе може ли да потврдите со докази т.е некои линкови...

Што ќе ти даваме линк, можеш да ни веруваш. Ова не е вест од сегашноста туку е стара десетина години. Ока Николов СЕ ОТКАЖА од Македонското државјанство за да заигра во Германија, но не му успеа...
Така да нема што да бара овдека...
Бтв, Славчо Георгиевски потпишал за Нефчи од Баку, кој влегува со големи амбициии во новиот шампионат на Азербејџан.
 
Прекрасно видео. Има и 1 гол за репрезентацијата.
 
ФУДБАЛ - ПО ВЕСТА ДЕКА БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ ТОКМАТ ЗАЕДНИЧКА КАНДИДАТУРА
И Македонија домаќин на ЕП 2020!?
0BFA408C2CAFE14DBFCDB6BA45860286.jpg

И Македонија сака да биде дел од кандидатурата на балканските земји за организација на завршницата од Европското првенство 2020 година. Во Скопје има стадион кој ги исполнува сите стандарди на УЕФА за да се играат натпревари, макар од групите, за завршницата на ЕП 2020. Арената „Филип Втори“ во Скопје, која е во изградба и реконструкција со капацитет од околу 35.000 гледачи, што ќе го има веќе во наредната година. Веста дека балканските земји од поранешната СФРЈ, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина можат да истакнат заедничка кандидатура за домаќин на ЕП, ја заинтересира и ФФМ.

- Убава вест. Не сум разговарал со колегите од соседството, но убеден сум дека ако дојде до вакво нешто ќе се вклучиме во трката. Се видовме сите колеги на конгресот на ФИФА што се одржа пред почетокот на првенството во Јужна Африка, но не стана збор за оваа идеја. Деновиве ќе ги барам и ако има конкретна понуда, ќе размислуваме заеднички за сериозниот проект - вели Харалампие Хаџи-Ристески, претседателот на ФФМ.

Поранешните републики од СФРЈ се обединуваат за ЕП 2020. Челниците на овие федерации се со пофални зборови дека имаа блиски односи со претседателот на УЕФА, Мишел Платини. Очекуваат силна поддршка и од сопствените влади, бидејќи да се добие организација на една ваква манифестација е и голема економска добивка.

- Голема одлука ќе биде да се одлучи УЕФА за ваков потег - вели Томислав Караџиќ, претседателот на ФС Србија. Истото го потврдуваат во истражувањето на „Дојче Веле“ и Зорислав Сребриќ генералниот секретар на хрватската федерација, и Сулејман Чолаковиќ претседателот на федерацијата на БиХ.

УЕФА неодамна одлучи домаќин на ЕП 2016 да биде Франција. Од наредното првенство бројот на учесниците на завршницата се зголемува од 24 на 32 репрезентации. Досега коорганизатори на завршница од ЕП беа Холандија и Белгија (2000 година), Австрија и Швајцарија (2008) и Полска и Украина на наредното првенство 2012. УЕФА е се погласна во своите гледања дека со заедничка организација на завршницата ќе прави популаризација на фудбалот. Повеќе од две земји домаќини не учествувале со кандидатура за организација на ЕП. Поранешните ју-републики веруваат дека ќе бидат првите земјите домаќини кои ќе ја урнат и оваа бариера.
 
Како па да не, УЕФА ќе дозволи 4 репрезентации директно да се квалификуваат.

uefa_mafiosi.jpg
 
Момци оној новиот што е Марио Ѓуровски е син на Милко Ѓуровски или грешка сум?
 
Па поздрав за УЕФА. :) УЕФА МАФИОСИ

Ти виде Милан па се заинтересира а? Ова на последно коло квалификации за ЛШ е, на Маракана у Београд.

не бе матно е тоа сликичето па не разбрав што пишува ... :)
 
Ока Николов се откажал од Македонска репрзентација зошто на некоја пријателска пред подолго време го викнале ама играл само второ полувреме ( мечот се играл во куманово ) и се налутил .

--- надополнето ---

Мислам против Египет ( не сум сигурен )
 
Ока Николов се откажал од Македонска репрзентација зошто на некоја пријателска пред подолго време го викнале ама играл само второ полувреме ( мечот се играл во куманово ) и се налутил .

--- надополнето ---

Мислам против Египет ( не сум сигурен )

Што знам, ова ми е некако многу трачарски муабет... Се налутил и се откажал од државјанството пошто го викнале да игра само второ полувреме.... Ко боже 5 години има :/
 
Па боље тамо него кај бугарите што беше,ќе го истепаа тие :pos:
Азербејџанциве многу вложуваат во фудбалот у последно време,така да не ме чуди и одлуката таму да отиде.
 
сигурно ке се пласираме на ЕП пошо јонус коа беше на ЛШ во емисија во полуфинале на барса-интер рече дека сакал да играме како барса.кај него место туре чави и иниеста сме ги имале шУмУлИковскИии ѓоргиевски и како беше мислам гроздановски ааауууу овој јонус плавите картончиња и у амбуланта бар на преглед и пожелно снимање на мозокот :pos2:
 
Иначе, колку шо знам во Нефчи Баку игра уште еден наш репрезентативец, Славчо Георгиевски.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom