Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Најголем успех во историјата на албанскиот спорт е 5 место во квалификациона група, ете зашто ги ставив во таа бедна и мизерна група. Ниту имале, ниту пак ќе имаат квалитетен фудбал они... Периодични резултати, исто како што ние правевме пред 2-3 години, а сега од сите губиме.
да ама 5то место со по неколку бода е нешто за што Фарски острови можат само да сонуваат :)
 
Абе не е до 5те бода, до тоа што сите тие што ги кажав се ужас репрезентации, едноставно е срамота да се биде во ист кош со нив, без разлика колку бода имале :)
 
Младиот голман Дејан Стојановиќ кој летово потпиша за Болоња доби повик од Австриската У-19 репрезентација. Дечково има изиграно и три меча за младите на Македонија... но изгледа толку од приказната.
 
тие од ФФМ треба на плоштад да ги обесат
 
Па ви се моља, треба ли татини и мамини синчиња да играат, не трошете јажиња за џабе :icon_lol:
 
тие од ФФМ треба на плоштад да ги обесат

Да е само овој случај. Колку деца играат за Србија, Австралија и други. Вчера случајно гледав на трансфертмаркт во екипата на Наполи игра Џемаили Блерим роден во Тетово но игра за Швајцарија. Типот има трансферцена од 7 милиони што и не е толку лошо.
Е сега ако КФМ може да носи Италијански Кондиционен Тренер и да го донесе еден од најдобрите плејмекери во Евроигата, а ФФМ неможе ниту Македонците да ги задржи тогаш јасно е колку е саатот.
Дечки да не се повторувам со ваков гнил фудбалски сојуз навистина нема простор за надеж. Кој ме читаше на кошарка знае дека сум непоправлив оптимист, но за да се биде оптимист треба да се фатиш за нешто. Во кошарката ептен верував, во ракометот сум така и така но во фудбалот навистина нема ништо што би можело да ми даде надеж.
 
Во право си друже, само што со вакви играчи нема да може да се игра курташак, а тоа на многу во федерација нема да им одговара... Некои викаа тука дека сме мразеле одредени фудбалери ради тоа што се албанци, но вистината е дека ако е квалитетен играчот и вреди да игра за репрезентација никој нема да каже лош збор за него... Кога ќе видам со каков состав играме во моментов ми доаѓа да заплачам, вакви мизерии не сме биле никогаш! Се согласувам со тебе во врска со иднината на нашиов фудбал, ни јас не ја гледам... Дури мислам дека и хокејот е поамбициозен :)
 
па баш затоа и го реков тоа пошто има мн. други случаи
 
Зошто бе да се колат тие од ФФМ... дечково играше за Македонија, се промовира на некој начин со Македонија, потпиша со Болоња, се откажа од нашето државјанство за да може да има Австриско. Ова мислам дека е прв случај некој да не изигра вака добро.
 
Се сеќаваш на тој "швеѓанецот" што "играше" во Интер?Кога се сликаше со македонското знаме?Кога дојде во влада со неговиот агент?Кога беше главна фаца по македонските медиуми?
 
И што е поврзано тоа со ова? Швеѓанецот е Горан Славковски, игра во третолигаш во Шведска или така нешто беше. Што може да направи ФФМ кај некој што мисли дека имањето пасош од ЕУ ќе му помогне во кариерата. Дечково веќе играше за Македонија, татко му завчера изјавуваше дека ќе игра само за Македонија и никој друг, вчера повикан од Австрија у-19. Вистина од ФФМ се идиоти, ама па за тука не се криви.
 
Па ти кажа дека тоа со тој дечкото што играл за Болоња било прв пат некој да не изиграл
не е прв пат и Славковски така не изигра тоа сакав да кажам :)
 
Сакав да кажам дека Славковски не играше прво за Македонија па после за други. Кај трансферите многу е битно дали играш за некоја репрезентација, а дечково испаѓа дека само ја искористи Македонија. Не дека ми е гајле, нека крши глава и тој и тие од ФФМ.
 
Чекајте бе, што дискутирате за Стојановиќ не ми е јасно. Ако нејќе да игра за Македонија нека не игра бе, еден Мекејлеб можеше да си ја зезне цела кариера за една земја со која што воопшто нема никаква поврзаност, а ние ќе молиме еден мочко да брани за нас. Едноставно е, ако нејќе, нека не игра. Ниту е прв, ниту е последен „талент“.
Ако добил повик од Македонија и ако одбил, што треба од ФФМ да направат?

Тој па Славковски, го утепаа од молење, сликање со премиери, претседателе, за што? За такво теле? Ма на сите им правиме премногу чест а најмалце на оние на кои што треба.

Да се среди домашното првенство, па после ќе молат овие „таленти“ да играат за репрезентација. До тогаш, ќе си играат со нас.
 
Од денеска ФФМ ги пушти во продажба картите за последниот настап на Филип Втори на Македонија против Словачка во квалификациите за пласман на ЕП 2012 во Полска и Украина. Цените се 200 денари за северната и јужната, а 100 денари за источната и западната трибина. Мечот ќе се игра на 11 октомври со почеток во 19:45 часот...Се знае дека претходно на 7 октомври нашите и гостуваат на Ерменија натпревар кој ќе се игра во 17 часот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom