Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Треба да ни плаќаат по толку пари за да ги гледаме + сончоглед...
 
200 денари? 200 денари за гледање на аматериве? Сфашта...И да отворат вратите на стадионот - пак тапа ќе биде. Со кој памет онака...
 
Глеам сте се фатиле за овие од странство зашто ни ги зимаат други репрезентации..Не се они проблем бе..мора да се има некој темел а тоа е лигата.
 
Глеам сте се фатиле за овие од странство зашто ни ги зимаат други репрезентации..Не се они проблем бе..мора да се има некој темел а тоа е лигата.

Па зарем немаме темел во лигата? :icon_lol: Усеини, Асани, кај и да е ќе почне повторно за репрезентација и Мисердовски да игра, доста големи шанси има и за Николче Здравески... Кога подобро ќе размислам, овие двајца се подобри од голем дел наши напаѓачи :pos:

Темава е за во ЧДА, барем додека не се оправи фудбалов кај нас за некоја деценија или век.
 
абе кај е оној Шенер Туна ? човекот каков шут имаше , а никогаш не го викнаа за репрезентација . нека му се јават , може без врска гледа тв по дома без работа .
 
Ристиќ со голови го поздравува Тошак

Стевица Ристиќ продолжува со импресивни настапи во дресот на Сувон Блувингс, покажувајќи дека се наоѓа во извонредна форма и дека неправедно е изоставуван од националниот тим во последниот период. Проверениот голгетер пред неколку дена ја одведе екипата на Сувон во полуфиналето од азиската Лига на шампионите, а денеска му донесе на својот тим голем триумф на дербито од домашниот шампионат против Сеул.

Сувон го доби овој меч со минимални 1-0, а стрелец на единствениот погодок беше токму Ристиќ, кој што на 12 минути до крајот со прецизен удар со глава го матираше противничкиот голман. Ова беше шести гол на Стевица Ристиќ на деветтиот меч во корејскиот шампионат, со што македонскиот интернационалец му помогна на Сувон да се искачи на третото место на табелата, минувајќи го токму денешниот ривал Сеул.

Останува прашањето зошто стручниот штаб на македонскиот национален тим, предводен од Џон Тошак, толку упорно ја игнорира одличната форма на Ристиќ. Во ситуација кога поради повреда не може да се смета ниту на Горан Пандев, идеално би било Ристиќ да може да го предводи нападот на македонскиот национален тим. Дури и доколку тоа не се случи на дуелите со Ерменија и со Словачка, јасно е дека овој напаѓач заслужува шанса како и секој друг репрезентативец, да го убеди Тошак дека е доволно добар да го носи дресот на националниот тим.

Ерменците го објавија списокот за мечот со Македонија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Ерменија, Вардан Минасјан го објави списокот на повикани фудбалери за претстојниот квалификациски меч со Македонија на 7 октомври во Ереван и за дуелот четири дена подоцна, против Република Ирска во Даблин.

Тој ги повика следните репрезентативци: Голмани: Роман Березовски (Химки, Русија), Геворг Каспаров (Мика). Одбрана: Саргис Ховсепјан, Артус Јуспасхијан, Артак Једигарјан, Вараздат Аројан (Пјуник), Роберт Арзуманјан (Јагиелониа, Полска), Храјр Микојан (Мика), Валери Алексанјан, Левон Хајрапетјан (Лехиа, Полска). Среден ред: Артур Једигарјан (Банантс), Хенрик Мкхитарјан (Шахтјор, Украина), Завен Бадојан (Импулс), Карлен Мкртчијан (Металург Д., Украина), Едгар Малакјан (Пјуник), Араз Озбилиз (Ајакс, Холандија). Напад: Геворг Газарјан, Паркос Пицели (Металург Д., Украина), Едгар Манучарјан (Урал, Русија), Јура Мовсисјан (Кубан, Русија), Артур Саркисов (Шиник, Русија).

Селекцијата на Ерменија иако ги почна квалификациите за ЕП 2012 како аутсајдер, сепак покажа дека има завиден квалитет и се уште има шанси за едно од првите две места во нашата квалификациска група.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=1209
--- надополнето: Oct 3, 2011 3:49 PM ---
Без Пандев и Ибраими во Ереван

Македонската фудбалска репрезентација денеска и официјално ги започнува подготовките за претстојните квалификациски дуели со Ерменија и Словачка. За жал поради повреди, селекторот Џон Тошак нема да може да смета на капитенот Горан Пандев и Агим Ибраими. Од тие причини дополнително е повикан фудбалерот на Металург Доњецк, Марио Ѓуровски кој се очекува да се појави на првиот тренинг во 17ч.
Капитенот Пандев денеска се појави на прозивката во х. Александар Палас и по направениот преглед од страна на д-р Камиловски е ослободен од обврските и се враќа на медицински третман во Неапол.
Се очекува на првиот тренинг попладнево да се појават сите репрезентативци без Величе Шумуликоски кој поради клубски обврски пристигнува утре.
Националниот тим денеска во 17ч ќе тренира на „Филип Втори“ а утре ќе одржи два тренинга, во 10ч на игралиштето на Работнички и во 17ч на „Филип Втори“.
Експедицијата за Ереван заминува в среда во раните утрински часови.

http://sportefe.com/makfudbal/bez-pandev-i-ibraimi-vo-erevan
 
абе кај е оној Шенер Туна ? човекот каков шут имаше , а никогаш не го викнаа за репрезентација . нека му се јават , може без врска гледа тв по дома без работа .
Кај ти текна на овој жити се:pos:
Додуша не сум го слушнал со години да игра, али вистина е имаше страшен шут :D
Сигурно повеќе ќе придонесе од Муарем Муарем:icon_lol:
Може и Туш Зефиќ да го реактивираат, страшна техника имаше:D
 
Пандев 2 месеца ќе паузирал, повреда на мускулот имал...

Претераа овие од Наполи, цели 50 минути го тераа да седи на терен со Интер, па заради тоа истегнал мускул кутриот... Мистериозно во последно време стално е повреден кога треба да игра за репрезентација... :cautious:
 
И така е дрво.Исто како да игра.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom