Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
можеше да не спаси судијата, ако го поништеше голот со ножички поради ВИСОКО ДИГНАТА НОГА, така пред многу години на утакмицата Велс -Сфрј во Кардиф му поништија на Тошак гол, Аќимовик 1.60 висок скокна на ножичките на Тошак до коленото :cool: ....ама ако не ни го дадоа Казахстан тој гол, може ќе останеше 0:0....
Ауф друже, Ааууфффффффффф

Од вчера до денес многу кансори расеа, многу треба да бидеш ликвидиран.
 
Ние сме мајстори секој неуспех да го претвориме во успех. До вчера полна уста директен пласман на Мундијал, само за тоа се збореше, сега или никогаш, одеднаш после катастрофата вчера ништо не сменило вчера тоа со Казахстан, бараж секако е огромна шанса и разни други глупости. Луѓе забораваат дека баражот се 2 утакмици у 5 дена од кои една сигурно у гости ,а видовме синојќа како изгледаме во таква ситуација. Како и баражот со Португалија после Италија кога не поминавме центар

Нема такво нешто како претворање на неуспех во успех. Самото тоа што сме сеуште непоразени и што сме до последен натпревар во игра за 2ро место е успех. Да не заборавиме дека зборуваме за македонска фудбалска репрезентација која со Бугарија веројатно се најслаби со играчки кадар во околината. Еве да го споредиме едно Косово кое од скоро се натпреварува, они имаат тројца првотимци на Хофенхајм во Бундеслига. Кај нив во репрезентација селекторот може да си дозволи да седне на клупа играчи како Жегрова, Рашица и Бериша кои кај нас ќе бидат незаменливи.
Едино Црна Гора од поблиските нации се нешто слично на нас ама они иако немаат резултати, според мене имаат подобра основа за во иднина. Имаат напаѓач на Аталанта, другиот им игра во Чемпионшип, везњак кој добива се повеќе минутажа во Јуве а и еден Савиќ што е во залез на кариера е измислен за било кој од нашите. Башка сите репрезентативци им играат редовно. Едино ќе им се ситиме на Бугарија ама тие имаат колку толку подобра лига па ќе можат да тренираат деца и секогаш ќе имаат подобри шанси за правење екипа. Да не заборавиме дека еден од нашите дефанзивци игра за Левски а и многу често некои наши кои во минатото играле за помали бугарски клубови добивале повик.
Ние сме во сериозен проблем со играчкиот кадар и тоа што се збори за плејоф или воопшто пласман е само надминување на можностите. Ние на Белгија им игравме со Ашковски кој во 3 години има повеќе репрезентативен од клубски фудбал и Трајковски кој во моментов нема клуб а и не е дека до лани се отепа од играње. Вчера откако влезе Трајковски се виде дека дечкото е надвор од форма, не можеше да се состави со топка. Имаме и играчи кои се дел од нашата репрезентација иако не го знаат јазикот ниту па се некако поврзани со земјата освен што некоја нивна баба се родила во Југославија на територија на Македонија. Тие се тука зашто други нема. Многу често гледам и У17, У19 зашто ффм ги пренесуваше во живо на Јутуб и сме ептен слаби. Не гледам барем еден што е доминантен да речеш еве, за 2-3 години ќе може во А тимот.

Муабетот ми е, треба да сме малку реални и самокритични. Очекуваме некакви светски и европски првенства а имаме екипа која во француска лига ќе испадне како партал уште во Февруари.
Со неколку позитивни резултати македонците одма летаат со очекувањата и сонуваат за светски првенства а ова вчера беше само еден reality check - никако неуспех.
Тука сме, помеѓу 3-4 ешалон во Европа од вкупно 5 со предвидување за бетонирање во четвртиот во момент кога Барди, Алиоски и Димитриевски ќе се откажат од репрезентацијата, нешто што веројатно многу брзо ќе не снајде со оглед на годините и падот во формата.
 
А у меџувремену, младинците загубија од Црна Гора во квалификациите со 3-2.
Ништо не се смени ни со новиот тренер. 3 порази и една среќна победа со Ерменија по бламажата на нивниот голман.
Пола тим доаѓа од младинскиот шампион Работнички кој загуби 12-1 од Шелбурн во квалификациите за младинската ЛШ.
Дали 3-4 интернационалци имаме и тоа ако се бројат оние што играат во српско првенство. Најисфорсиран е Гаштаров, кој од младински категории на Вардар отидд во Ѕвезда. Се мислам дека е само медиумско форсирање и од него нема ништо да биде.
 
Во ракомет е истото, очекувања = топ 5 на ЕП или СП, реалност = 20 од 24 репрезентации бришат паркет со нас, а цела држава разочарана.

Порано барем имаше 1-2 фудбалери од младинскиве селекции што колку-толку ветуваа, сега е јад и беда.
 
Местат утакмици 2/1
 
Па тоа е така затоа што многу мал број активно следат репрезентации.
Вчера ми пишува еден другар кој гледа ваљда еднаш-два пати годишно фудбал, и тоа обично е ЛШ финале или СП/ЕП, да сум му дадел линк ќе гледал Македонија-Казахстан. Ми вика : ни треба победа за да се пласираме на Светско. :facepalm:
Гарант пола на стадион вчера со ваква помисла купиле билети.
А и ваквите се обично оние кои се најжестоки на соц мрежи. Ќе најде некоја вест за натпреваров, ќе се излае - дрва, неписмени, неспособни и уште што не, и до нареден некој ваков момент нема да изгледа ни минута од репрезентација.
Тие што пратат знаат добро кои треба да се очекувањата и што е успех за Македонија во фудбал.

Ние имаме навика да се угледуваме на екс-Ју народите кога станува збор за спортски успеси. Луѓето мислат демек сеуште сме едно исто со нив, а факт е дека повеќе од 45 години југословенски спорт, Македонија е републиката која дала најмалку спортисти. Едноставно не сме толку талентирани како останатите ама затоа очекувањата на јавноста се исти како таму.
 
pa i vie sto se ubivte od pratenje dzabe koga ne sfativte deka u belgija mora da si ja zavrsime rabotite ako sakame direkten plasman. normalno i se potoa....
 
Абе какво завршување на работа? Не е ова изборно место па да завршиме работа да го изгласаме Перо.
Божем од нас зависеше расплетот во групата и ние бевме тие кои кикснале а не Белгија. Што сакаш да кажеш не си ми јасен?
 
izvini ama imas 90 minuti i mozes da probas da pobedis ili da parkiras autobus i da se nadevas na drugi...

u belgija morase da se ide na pobeda pa makar i 10 primele.

i da od nas sekogas se zavisi. so pickarski mentalitet ne se ide na svetsko. maks baraz, a barazot za razlika od porano e skockan da repki so pickarski mentalitet nikogas ne go pominat.
 
Јас ќе зеам едно ферари, ти земи голф тројка и плус понеси го твојот победнички менталитет, да се тркаме во пари.
Така било тоа, Ашковски ќе го надигра Де Брујне или па Миовски ќе им издрибла цела одбрана зашто менталитетот им бил друг. Зимај таму бодот и ќути, ова се дешава еднаш во 20 години. Не помина многу време откако јадевме англиска седмица. Се праите божем сме велесила боже сачувај.
Што е следно, да го ангажираат Ендрју Тејт за да им вметне шампионски менталитет на играчи кои играат за Лариса, Раднички Ниш и ОФК Београд?
На светско се иде со играчи и менталитет. Ако немаш играчи ти лупај се колку сакаш и мисли си дека си најдобар џабе ти е.

Инаку, нашите покажаа менталитет со Белгија и одиграа меч за пофалба. Ама како ова да ти го објаснам кога ти си се надевал на победа и ова го гледаш како пичкарски менталитет?. Баш на овој натпревар со Белгија, Македонија покажа менталитет и ова е максимумот кој можевме да го извадиме од ситуацијава. Белгија беше таа која излезе со пичкарски менталитет ама еве, квалитетот пак пресуди и се пласираа на СП.
 
Да ги имавме ние играчите на Белгија, а тие да ги имаа нашите, коментарите ќе ни беа дека треба најмалку 5-0 да ги тепаме.

Толку ни е силата со овој тим.
Во групава едино може да жалиме за голот што го примивме од Велс кога веќе водевме, и што не ги тепавме Казахстан.
Ова чисто за сатисфакција.

Ќе имавме сега 17 бода, сеуште ќе се надевавме на некое чудо, кикс на Белгија или нешто, ама на крај веројатно секако немаше да сме први. Но ако ништо друго, до крај ќе беше колку толку неизвесно.

Баш како за инает на квалификации за светско ни паѓаат вакви групи каде можеме да завршиме втори.

Да ни се потрефи за Европско вака па да се пласираме, да направиме ќејф. После тоа секако години ќе стагнираме
 
Јас ќе зеам едно ферари, ти земи голф тројка и плус понеси го твојот победнички менталитет, да се тркаме во пари.
Така било тоа, Ашковски ќе го надигра Де Брујне или па Миовски ќе им издрибла цела одбрана зашто менталитетот им бил друг. Зимај таму бодот и ќути, ова се дешава еднаш во 20 години. Не помина многу време откако јадевме англиска седмица. Се праите божем сме велесила боже сачувај.
Што е следно, да го ангажираат Ендрју Тејт за да им вметне шампионски менталитет на играчи кои играат за Лариса, Раднички Ниш и ОФК Београд?
На светско се иде со играчи и менталитет. Ако немаш играчи ти лупај се колку сакаш и мисли си дека си најдобар џабе ти е.

Инаку, нашите покажаа менталитет со Белгија и одиграа меч за пофалба. Ама како ова да ти го објаснам кога ти си се надевал на победа и ова го гледаш како пичкарски менталитет?. Баш на овој натпревар со Белгија, Македонија покажа менталитет и ова е максимумот кој можевме да го извадиме од ситуацијава. Белгија беше таа која излезе со пичкарски менталитет ама еве, квалитетот пак пресуди и се пласираа на СП.

toa e ke si gledaat svetsko na tv
 
toa e ke si gledaat svetsko na tv
Ќе си гледаат на ТВ затоа што квалитетот не им е за на СП, а не дека играле дефанзивно. И јас сакав Вардар да победи некого во групите од ЛЕ, па на првата утакмица губевме 0-4 во 20 минута. Не се прашуваме ние, туку посилниот. Немаме ние играчи за да бираме како ќе играме против тим ко Белгија на гостински терен.
 
Завршија октомвриските квалификации и мислам дека ништо многу значајно не донесоа, единствено Англија веќе се пласираше на Светско.

А еве што донесоа за нас:

POT 1:
Италија
Турција
Украина
Полска

POT 2:
Чешка
Словачка
Унгарија
Шкотска

POT 3:
МАКЕДОНИЈА
Албанија
Босна
Косово

POT 4 (Nations League):
Велс
Романија
Шведска
С. Ирска

Се смени само тоа што Словачка се искачи на 2 место во групата, со што ние паднавме во Pot 3, и како можни противници во 1 коло од баражот би ни биле Чешка, Словачка, Унгарија и Шкотска и истиот би го играле во гости.
 
Може и подобро, затоа што бараж со Албанија или Косово, не ќе да е на арно за општо добро освен ако не го ставеа да се игра во Битола
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom