За жал, се потврди она што неколку души го пишувавме тука… Мислам дека немаме претстава за вистинската сила и квалитет на оваа репрезентација, па затоа сега паѓаме во депресија и вадиме дигитрони за математички пресметки. Ништо подобри не сме од Казакстан, ако ги тргнеме на страна натпреварите со Лихтенштајн, ќе видиме дека скоро на сите останати бевме во апла подредена улога, ајде и вчера имаше периоди каде што не бевме толку лоши.
Реално да зборуваме, најдобрите казакстански клубови се многу подобри од босанските, романските и сличните на нив каде што претежно греат клупа нашиве репрезентативци. 90% од играчите се најдобрите што ги имаме, сето останато е х3 послабо од нив. Овие од Америка може на некоја пријателска да се пробаат, ма да чисто се сомневам и дека се некои кои ќе прават разлика. Играчите се тие, а какви времиња доаѓаат за брзо време ќе зборуваме дека истиве репрезентативци се Бразилци за наредниве. Да ги тргнеме овие од Америка на страна, кои други играчи од дијаспорава би направиле разлика, а да не се повикани? Овие од Австралија нема ни во втора македонска лига да прават разлика.
Со оглед на играта, резултатите се и повеќе од задоволителни. Здравје, нека се поклопат милијарда работи и да се пласираме на СП. Битно Седло си чека да заврши циклусов и да го смени Боби, па тек тогаш ќе видиме што е мака
Инаку ова со гужвите е секогаш вака, идиотите знаат/знаеле и на излез да отворат само една врата, очигледно не се свесни каква катастрофа може за секунда да се случи, па после со години ќе трубиме кој е крив за тоа. Ништо не се учи од катастрофите кај нас, за жал…