Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Ја би Шкотска или Русија. До некаде може и Велс. Другите е добро да ги избегнеме.
 
Ајде со Велс во Кардиф, па после наредна со Шкотска во Скопје. Прифатливо е и со Шкотска во Глазгов, а после со Велс дома. :cool:

Реално, најнезгодни за нас се Португалија и Шведска. Русија така-така, ама со нив немаме гол постигнато. Италија во Скопје печена беше да изгуби.
Имаме убав биланс со Шкотска и Велс.
 
Само Португалија има пораз на домашен терен во овие квалификации (последната со Србија), останатите се непоразени. Меѓутоа Велс и Шкотска имаа неколку слаби натпревари, барем резултатски. На пример:
Велс - Естонија 0:0
Шкотска - Израел 3:2
Шкотска - Молдавија 1:0

Шведска нема домашен пораз во квалификации во последните 18 натпревари.

Според мене:
1. Шкотска
2. Русија
3. Велс
4. Шведска
5. Италија
6. Португалија
 
Ќе ја нареди Чеферин бе, што сте се упрпале? Наш човек е.
 
Абе зошто толкав песимизам, на Европското се држевме резултатски со Украина и Австрија за противници, а таму реално играта ни беше многу под нивото што ни е денес, настрана што формациите беа тотална утка и од добар дел од играчите не можеше да се извлече ни 30% со тие формации, би одел до таму да кажам дека само од голманот можевме да извлечеме 100% со тие формации, бидејќи неговата позиција на теренот е единствено статична и не зависи од поставеноста на останатите играчи. Барем дупло поквалитетни сме во споредба со Европското, каде што сите играчи од средина и напад беа тотално аут од форма, најдобра форма ни беше Аце Трајковски што доволно кажува дека бевме ептен утепани таму. Сега играчите се каде каде во подобра форма, тимот функционира како колектив многу подобро, секој си ја знае улогата и си ја врши перфектно. Само оптимистички, ако ти од страв се мочаш во гаќи од Италија, Португалија, Русија или Шведска, тогаш нема што да бараш на Светско првенство и веќе си поразен уште пред да почнат двата натпревари.
 
Горе-долу резултатски досега добро сме поминувале со сите овие репрезентации

Македонија - Португалија 0:1
Португалија - Македонија 0:0

Македонија - Шкотска 1:0
Шкотска - Македонија 2:0
Шкотска - Македонија 1:1
Македонија - Шкотска 1:2

Македонија - Италија 2:3
Италија - Македонија 1:1

Македонија - Русија 0:2
Русија - Македонија 3:0
Македонија - Русија 0:1
Русија - Македонија 1:0

Шведска - Македонија 1:0
Македонија - Шведска 1:2
Шведска - Македонија 1:0

Македонија - Велс 2:1
Велс - Македонија 1:0
 
Абе зошто толкав песимизам, на Европското се држевме резултатски со Украина и Австрија за противници, а таму реално играта ни беше многу под нивото што ни е денес, настрана што формациите беа тотална утка и од добар дел од играчите не можеше да се извлече ни 30% со тие формации, би одел до таму да кажам дека само од голманот можевме да извлечеме 100% со тие формации, бидејќи неговата позиција на теренот е единствено статична и не зависи од поставеноста на останатите играчи. Барем дупло поквалитетни сме во споредба со Европското, каде што сите играчи од средина и напад беа тотално аут од форма, најдобра форма ни беше Аце Трајковски што доволно кажува дека бевме ептен утепани таму. Сега играчите се каде каде во подобра форма, тимот функционира како колектив многу подобро, секој си ја знае улогата и си ја врши перфектно. Само оптимистички, ако ти од страв се мочаш во гаќи од Италија, Португалија, Русија или Шведска, тогаш нема што да бараш на Светско првенство и веќе си поразен уште пред да почнат двата натпревари.
Сеа ќе звучам како Џони ама ист таков бев и пред Европското кога цела нација беше у транс како да имаме капацитет за полуфинале.
Ја тепавме Ерменија што ни врати за таа намештаљката од 3-0 коа Столе од раце ги испушташе топките, киксна Романија, за малце пак ќе ја поебевме оваа со Исланд, откако претходно се бламиравме и срамевме на веќе добиени утакмици... и ете завршивме 2ро место у група, историски најдобар пласман и слично и одеднаш класика македонецот се вивнува у облаците и мисли дека станал Бразил.
Како тоа не треба да се мочаш у гаќи од Италија, Португалија, Русила или Шведска, екипи што редовно играат на европски и светски натпреварувања, кои имаат фудбалска историја поголема од нашата држава, кои имаат титули и титули освојувано, кои имаат играчи што редовно играат на врвно ниво и коишто се имаат изнаосвојувано све и свашта, кои знаат што значи да се игра клучен наптревар и да не набројувам понатаму.

Па утакмиците на европското првенство требаше да бидат показател дека сме послаби и од Украина и од Австрија, воопшто не сме се држеле туку фино лепо и рутински не исплескаа.

Послаби сме од сите екипи у баражов, `англичанине` не ги коментирам, тие иако изгледаат слабо вака на име и хартија, ќе не отворат, кој ќе трча со нив.
Едино со Русија и Шведска имаме некакви шанси пошто они играат тврд и копачки фудбал па би можеле да се носиме некако. Иако ќе се паднеме со Русија на Лужники со вештачка трева, наросен со мраз у 6 саат попладне на минус 60 има да не одлепат.

Не летајте дека сме некој убер квалитет, а до пред месец дена го корневте од пцуење Милевски.
Само, ко што кажа Курајберот, некоја таква шанса каде противникот ќе го изеде притисок и ќе нема свој ден па да се протнеме некако на среќа.
 
Ја мислам најголеми шансите ни се со Велс и Шкотска, тие се фудбалски понеписмени од другиве. Велс нема екстра квалитет на ниедна позиција без Бејл, а гледам вчера тој не бил ни на клупа. Од другите би ги издвоил Џејмс кој испадна тешка превара од играч и Ремзи кој не може да крене глава од повреди. Барем средниов ред не ни е ништо послаб од нивниов и може да се носиме.
Шкотланѓаниве се погадна екипа, трчаат ко ненормални нема застој 90 минути па уште и ќе играат дома, живи луѓе јадат на Хемден Парк може да не товарат до 20та минута и да им се одмили фудбал на нашиве ама пак немаат еден класа играч освен Тирни и Робертсон кој сепак не се играчи што одлучуваат утакмица.
За Италија и Португалија нема што да се коментира, треба да не им е денот за да извадиме некаков резултат како пред 4-5 години во квалификациите со Итаљаниве.
Русија и Шведска се ниво под нив можеби имаме некакви шанси ама мислам дека и тие се полош избор за нас од Шкотска и Велс.
 
велс - македонија и шкотска - турција за многу лесен пласман на светско. Таму ќе ги истормозиме афричките и азиските репрезентации, а за понтаму све зависи од ждрепката. Тоа е тоа, само смирено тихо костадинов зима мвп на светско 2022 и воедно златна топка.
 
Македонија - Русија 0:2
Русија - Македонија 3:0
Македонија - Русија 0:1
Русија - Македонија 1:0
Еден гол немаме дадено против Русија... А Русите се у форма.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom