Ај да видиме дали овие во ФФМ имаат грам патриотизам и визија после ЕП. Гледано колку е сплотена екипата со Мрмињо ни под разно не треба да го тргаат. Ама пошто живееме во држава на егоисти и будали поверојатно е да расипат све, освен ако не се направи некоја јака кампања. Пандев и Мрмињо после Германија мораат да го дозавршат циклусов за СП. Кур ме боли да го викале Радески заради менаџерски договори. Тоа ќе го прави и наредниот селектори и тој по него, како и во сите Балкански репрезентации. Тоа ќе се решава во 2022. Ова е историска шанса која кој знае кога ќе се отвори. А посебно со оглед на тоа дека конкурентите за второто место ни се прилично климави.
Иако јасно е дека второто место е далеку од гарант за пласман. После тоа ќе треба уште 2 силни екипи да се совладаат.
Ако е ова вистина, Сејдини мора да лета во истава секунда!
Обично за се сум претпазлив, треба да му се даде шанса на секого да се изјасни, да се дознае целосната вистина, без обвинувања однапред, но доколку има и грам вистина во ова, Сејдини треба да лета одма, не е важно дали имаме Европско пред нас или не.
Сплотеноста и хармонијата кои владеат во репрезентацијата мора секогаш да бидат во преден план.
Сепак да причекаме, да не се избрзува со заклучоци, да видиме што ќе бидне од ова, т.е кој ќе биде расплетот околу вистинистоста на овие тврдења.
Последно уредено: