- Член од
- 9 април 2007
- Мислења
- 1.279
- Поени од реакции
- 981
Инаку стварно мислам дека не сфаќаме колку е битна ваква победа пред ЕП за атмосферата
Факт е дека екипи ко нашата вадат резултати на адреналин и самодоверба.
Затоа впрочем и можеме со сите да се носиме и вообичаено вадиме добри резутлати со фаворити а се губевме во мечеви со аутсајдери.
Е сега, знаејќи дека сме на ЕП. Знаејќи дека сме на второ место и пред нас е само Ерменија што може да падне. Знаејќи дека ја надигравме Германија на гости. Знаејќи дека Пандев можеби ќе се пензионира. Знаејќи дека Мрме ќе биде на клупата. Знаејќи дека сите овие играчи еден до друг гинеле и играле со повреди и дека духот во екипата е огромен.
А воедно и знаејќи дека ние сме дебитантни и секој гол и поен е само + за нас и не одиме со огромни очекувања...
Мислам дека оваа победа со Германија ќе помогне на екипава да влезе малце опуштена и растеретена и без страв против било кого.
Мислам сите три мечеви ќе ги одиграме без некој притисок, баш онака "Ајде да видиме што можеме"
Ќе биде забавно, очекувам да се носиме со сите три екипи и да не им се плашиме.
Да да и ја мислев на ова во право си. Многу и битно е ова што го збориш и ако губиме нема да се скиселат туку ќе се гине бар за гол да се дае до 90та што го прави фудбалот убав за гледање и уживање.