А што ти пречи тебе албанскиот симбол кој е на знамето на албанците?
Мустафи го прославил голот за Арсенал со симбол на албанското знаме...ауу што направил! Кого навредил со тоа што он си покажува симбол на неговото потекло?
Србите тераат кампања дека тој симбол бил за Голема Албанија и слични глупости што немаат врска со тој симбол.
Мене лично не ме иритира тоа што го направил Џака или било кој друг, ама реално делува малце глупо и исфорсирано.
Шо знам, некој Македонец што цел живот е во Австралија, да земе на утакмица за националната селекција на Австралија да ми го покажува симболот на Македонија, ќе ми делува дебилно и глупо. Ок, нека биде горд на неговото потекло, и може тоа да го покажува на различни начини, ама неговите отишле таму не од што им било тука многу убаво туку за подобар живот, и он треба да има некое минимум почитување за земјата која настапува барем на натпреварите кои се од национален карактер, зашто таа земја де факто го згрижила, му дала се, од целокупниот воспоставен државен систем па се до перфектни услови за живот, работа и тренинзи.
Има мал милион фудбалери и други спортисти што настапуваа за земји различни од кои потекнуваат па не форсираат со симболите.