Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Моментално играчи што вредат кај нас се..
Несторовски
Алиоски
Хасани
Ибраими
Другото е дно дна. Се шлепаат , Мрме го земал Петровиќ, дечкото нема појма, па уште и прв тим, Богатинов легенда, праи излети, можеше од мртов агол у второ полувреме да приме гол, врска нема..
Штета што имавме пун курац шанси, не ги реализиравме, Израел две шанси два гола, друго ништо не одиграа. Беда се и тие.
 
Реално послаб од Петровиќ сме немале на таа доста захтевна позиција.Муарем за него беше Макелеле.Ептен се труди,игра мотивирано ама џабе не го бива.
 
Гледам дека никој не спомна за пиперкава струмичка "Пандев" кога беше заменет со Адис од игра одби да се поздрави со Мрме, незнам дали се виде на ТВ пошто бев во випот и убаво видов дека одби рака да подаде,не дека овој е некое тренериште али како професионалец потегов му е нула. 2 зицера чисти на негова позиција промаши па и толку ти е силата бе пиперко 60 минути и неможеш да се движиш што се уште се буниш? Италија е пример како се казнува тоа со договор меѓу тренерот и федерацијата - Пеле кој исто така одби да се поздрави со Вентура ајде назад во Кина ;) Но која федерација ја имаме ние? Илчо што од тренер па преку ВМРО стана претседател на федерација? кој тренер? Мрме ? хах... Ние сме една обична нула.
 
Многу од вас гледам го забораваат Трајковски, можда и најдобар поединец во моментов, штета што беше повреден, со него, Алиоски и Несторовски имаме добар напад, ама ако продолжи да се глупира Мрме со 3ца позади и непостоечка средина со Петровиќ и Пандев џабе. Спировски, Хасани, Бабунски и Барди од младите, можда и Даре Велковски, и може да се состави солиден среден ред, Пандев може да помогне како полушпиц, иако според мене не е за први 11. За одбрана треба да се погледнат Дамчевски, мислам почна да игра редовно во Казахстан, може да му се даде шанса, Димитриовски мислам некој инцидент имаше во репрезентација, не знам што бидна со него, Дарко Стојанов игра во Бугарија негде прва лига треба и он да се прати, тука е и Зајков од младите.. Потенцијал има, сигурно не сме играчки на ниво на некои репрезентации со кои делиме 140 или кое и да сме место. Ама џабе се дискусииве, кога знаеме како све функционира во државава.
 
Пандев во најдобра форма можел максимум 60 минути, сега не е ни пола од тоа што беше, освен за резерва за друго не ја бива со него работата........се реактивира веројатно за подобра атмосфера во тимот, но и самиот треба да е свесен и да помага , односно да го даде своето најдобро кога е потребно, задолжително од клупата
 
На левата бековска позиција нема некој подобар од Жута?.неможам да го гледам искрено,толку неписмен играч неможеа да најдеа,па сигурно било кој лев бек од Македонската лига е подобар од онај идиотот..па не е ниту физички спремен,како струја му врвеше онај Бен Хаим а ќе речиш во странство игра..Шиков и Мојсов се тажна приказна,двата спори,меки,плашливци,катастрофални излегувања,лоша контрола на топката..како под индиго да се праени...Шиков и Мојсов се полоша верзија од Ранокија..а да си полоша верзија од Ранокија треба да се имаш закопано во дното..тешки антиталенти
 
Треба дете од Победа да заигра за репрезентација па да ја бидне изгледа
Нестороски мајсторе
Моментално во македонска лига има 3-4 голмани подобри од она телено на гол шо стоеше(ама дете на Ѕинго е размислете)
Туку најмногу шо не мачи е задниот везен.Да не беше тој факинг допинг на Адеми ќе личевме назад на нешто
Иначе Агим повреден е шо го нема или?
 
Италија без Пеле и Монтоливо...:)
Голем плус за нив.. искрено поголеми дрва немат у репрезентација жабарите... само чудо може да не спаси в недела од потоп...
 
На левата бековска позиција нема некој подобар од Жута?.неможам да го гледам искрено,толку неписмен играч неможеа да најдеа,па сигурно било кој лев бек од Македонската лига е подобар од онај идиотот..
На таа позиција сме очај. Жута е очобол (првите натпревари коа почна ај ОК беше и си реков ќе се најде, ама секој натпревар е бетер и бетер), а друг никој неаме. Го имаме Цикарски на Кипар али јас немам високо мислење за него, кај нас во домашна лига кај Вардар игра само Љамот сезонава али и тој е дупка, а кај Шкендија играше Демири (кој ќе беше добра алтернатива) али до сега играше за У21 па затоа немаше простор за А да настапи, башка што Шкендија го суспендира и сеа и да нема настапи за У21 како ќе го викаш коа нема играно утакмица месец дена. Кај Работнички ЛБ игра Колумбиецот, а кај Пелистер Бразилецот, значи лев бек неаме нигде. Очај.
 
Реално послаб од Петровиќ сме немале на таа доста захтевна позиција.Муарем за него беше Макелеле.Ептен се труди,игра мотивирано ама џабе не го бива.

која глупава споредба ја направи сега... па Муарем не игра дефанзивна средина туку офанзивна, АМ, или пак крило.

како само се вадат од џеб некои работи.... ако веќе го споредуваш со некој што не е повикан, Петровиќ игра на иста позиција со на пример Глигоров од Вардар кој долго време играше во репрезентација.
 
Најголемиот проблем е одбраната.
Значи во време кога бевме 40ти места... Во одбрана ни играа Седлоски(играчиште), Новески, Митрески,Попов(кој тогаш беше еден од подобрите бекој у низоземска, ако се сеќавам добро постигна гол за гронинген у финале на куп, кој чинам го освоија тогаш)...
А сеа играчи од ерменија, осијек и ријека, нефчи бем ти идиотите.
Нападот ајде со Пандев,Тричковски(повреден е?) и Несторовски ни е мање више океј.
Средината ни е трагикомедија...
Значи глеаш дека имало грешење при таа смена на генерации, дека не се работело како што треба при развивање на талентите, за да постепено се воведат некои деца за позициите кои ни се потребни.
Богатинов шта речи... Захов, па радичевич со Раширени нозе на гол или натртена ќе одбрани поарно од вас бе се ви ебам аматерско.
Кави голмани сме имале бе овие двајцава заедно се мочковци за еден од легендиве.

Реално, колку и да е хејтерски настроен македонскиов народ, 500 денари се премногу за у суштина еден натпревар со Италија, која што ќе ни рокне 1-2 гола со Бернардески,Имобиле или Белоти и после ќе нема да им пријдеме на 30 метри од нивен гол.
Али ајде, италијанци се, имаат неколку играчи од Милан, плус цел живот им ја пратам лигата, а може и Донарума ќе праи прво деби за Италија на официјална утакмица... Си викам зашто да не.
Али реално, за некој што не е die hard серие а фан 500че е премногу, колку и да серам... Нешто што е објективно неможе да се негира. А видовме колку уствари е интересот за утакмицата со израел... Дали 1/7 се исполни нашиов стадион, да не беа блок картиве едвај 1500 души ќе имаше.
немаме навивачки капацитет ... може само за У21 или мал фудбал во сала... тоа е најбитно, фудбалот се игра за пари а најповеќе од публика...
Ме загрижува овој слаб интерес а како разбрав во Скопје ќе се игра Финалето на Лига Европа 2017 ??
 
немаме навивачки капацитет ... може само за У21 или мал фудбал во сала... тоа е најбитно, фудбалот се игра за пари а најповеќе од публика...
Ме загрижува овој слаб интерес а како разбрав во Скопје ќе се игра Финалето на Лига Европа 2017 ??
Да благодарение на Господинот Премиер Димитриев (Груруруу) и ќе им пушта на полувреме Земјо Македонска, ќе ги стави сите душамни в гроб.
 
500/250 картиве за Италија,за мене неочекувано виcоко,ако има повеке од 20 000 глава cечам.

Да беше 150/300 ОК вака за 250 од позади гол не ми cе гледа,а за 500 Жута и компанија да давам,па голем раcкош би било.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom