Па статистички гледано у НЛБ банка има најмногу поплаки за интернет превари, а они испраќаат само предупредувања до корисниците.
Крајно субјективен е самиот наслов на текстот, не дека станува збор за банка туку општо било која компанија за да пропадне треба пред се` да се соочи со нагло намалување на профитот, а истовремено нагло зголемување на долговите.
За НЛБ Банка досега нема јавна информација за било кој од тие два предуслова за пропаѓање на една компанија, за разлика од Тинекс.
А пофалби/поплаки/предлози од јавни личности секако дека се добредојдени, но подеднакво исто колку и пофалбите/поплаките/предлозите од било кој обичен смртник. Особено па овој ветропиров кој тера таму каде што дува ветрот, а да се потсетиме дека меѓу другото ги рекламира и приватните лихвари - кај нас познати како брзи кредити, неговото лично мислење е подеднакво важно колку и мислењето на било кој друг клиент на НЛБ Банка.
Инаку и кај мене 1 од 3 обиди да уплатам пари на банкоматот во самата експозитура на НЛБ Банка ми завршува неуспешно. Исто така и кога понекогаш плаќам сметки преку банкомат - поради брзање - не секој банкомат издава печатена потврда за направената уплата, а понекогаш ми треба печатената потврда.
Кај новите банкомати со екран на допир кои имаат само еден отвор и за внесување и за вадење на готовина никогаш не сум имал проблем за уплата на готовина. Единствена негативна критика е фактот дека и денес во 2026 година не се сите нови банкомати со екран на допир на НЛБ Банка софтверски надоградени за да поддржуваат уплата на готовина, поради што поддржуваат само вадење на готовина.
Од друга страна кај постарите банкомати со копчиња и два отвора - еден за внесување, а друг за вадење на готовина - 1 од 3 уплати ми завршува неуспешно, најчесто бидејќи веќе има заглавена готовина во отворот за внесување на готовина.
Инаку и Шпаркасе Банка почна да ги воведува новите банкомати со екран на допир и со само еден отвор за внесување и вадење на готовина - иста компанија им ги одржува нивните банкомати и ПОС терминали и на нив и на НЛБ Банка, но новите банкомати со екран на допир на Шпаркасе Банка не нудат опција за уплата на готовина - барем досега не ми дозволиле да извршам уплата.