Иако можеби не е ферски, едно поединечно видување од мене:
Одбрана:
Тука го загубивме првенството. Она што ни беше најдобра страна, сега ни беше најслаба. Прелоши партии од Ацо и Велко, катастрофа соработка со голман, катастрофа голман(и). Ако со слабиве репрезентации нападот надомести, со појакиве не успеавме. Иако можеше, да, и покрај толку слаба партија на одбраната пак имавме прилики и против Хрватска и особено денеска да го свртиме резултатот, ама тука промашувавме зицери, голманите противнички бранеа, немавме среќа...
Индивидуално:
Рековме веќе, Борко е дупка за удари од 9 метри. Одсекогаш бил. На ЕП Србија имаше одлична одбрана пред себе па колку толку фаќаше, делумно и на СП Шпанија следната година. Но толку, министерот за одбрана не мора да си поднесе оставка ама мора да го спушти егото.
Мораше Диви да добие поголема минутажа. Не дека е многу поарен од првиов, ама мое мнение е дека ќе фатеше повеќе удари. Впрочем, тоа и го покажува второто полувреме против Австрија и ова денеска.
За разлика од минативе два големи собири, овојпат кон Манасков и Георгиевски не треба да има никакви замерки. Конечно се разработија и тие, промашија некој зицер но напредокот во играта им е неспоредлив со тоа што го правеа во минатово. Особено не очекував од Георгиевскида изигра така добро.
Ако во Србија го добивме Столе во тимот, сега го добивме Никола. Момакот како што пишав вчера има одлична иднина. Со асална работа ќе добиеме супер втор модерен пикер во тимот кој ќе може да игра во тандем со брат му во срцето на одбраната.
Номче веќе нема сила, му се глеа желба у очите ама човекот е толку многу истрошен и искршен што ни против просечни одбрани не може да сврзе неколку гола по ред.
Прибак е синоним за баксуз. Жал ми е за човекот што погодените пречки и стативи од херој го направија трагичар. Би сакал да остане во репрезентацијата затоа што со него имаме добар бек ап плеј.
Миркуловски во рамки на очекувањата, нема што широко да се коментира за него, секако останува тука.
Вуги ништо не покажа. Најголемата позитива од него ја видовме во тоа што го одмори Кире неколку минути. Па нека остане и понатаму за тоа, и така левак неаме за лек таму.
За Филип и Златче нема потреба од трошња на зборови.
Кире пак у небрано. Кога проба да превземе одговорност се изнапромаши. Денеска се испичка малку и му беше страв пак да не заебе. Каков е таков е најдобар е што го имаме. И понатаму ќе ние ударна сила.
За ОИ имаме шанса и на ЕП догодина ама тоа ќе биде неверојатно потешка и поневозможна. Така кога веќе се пропушти ова, нека го спроведат тоа подмладување. Со кои играчи, ваљда со овие експонираниве, какви и да се.
Идеално според мене би било да се проба со двајца од Талевски, Неловски и Димитриевски место Филип и Наумче. Доволно е две нови имиња во тимот. А Филипче и Наумче ги гледам како некои што најмалку би можеле да придонесат за тимот.
Исто и Ацо, време му е. Секако и намигнувачот ама таму па не знам дали имаме резерва. Затоа треба да се премине во
натурализација на Матијаж Брумен!
Тренер:
Стручниот штаб добро си ја врши работата. И тие имаа неколку фалинки ама во споредба со претходните што сме ги имале овие се премија. Сум за останување на Обрван и Брестовац. Ако не се лажам го зема него и во Шамбери така да зошто не би биле наш „шведски модел“.
За да биде максимумот од нив секако мора и нашиве да ги слушаат. А имам чуство дека не ги слушаат максимално и дека уште има од старите аури каде тренерот беше безгласна бувка.
Реков, штета, ова беше огромна шанса за оваа генерација на Олимпијада да си го заокружи својот учинок низ годините и конечно да имаме повеќе од тројца учесници на ОИ.
Баш ќе го личеше Кајмакоски како знаменосец.