Македонија-Словенија 25.01. 16:30 h(1/8 финале на СП)

  • Креатор на темата Креатор на темата Tomasino
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе се пласира во четвртфинале?


  • Вкупно гласачи
    180
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Душабаев баш е реално башка ако вардарци му најдат соодветна македонска снаа
За Душебаев не е сигурно дали ќе продолжи во Вардар, не па за репрезентација. Шпанче си е детето од раѓање, тешко дека ќе го преобрати некој.
 
абе да натурализиравме некој помлад, ај нема шанси Душебаев или Карачиќ

За Игор не заеба копуков Голужа.То ест зетот Валчич што се повреди. Да не го повикаше и на ова СП, ваљда ќе му пукнеше филмот на Карачиќ. Па ќе улеташе Мукаетов у шема. Какво играчиште ќе добиевме, штета. :D
 
@Xsago За ова денес што се обиде да го изигра Обрван од 50 минута до крај со Лазаров на среден, а Вугринец на десен бек зборев во претходната тема, ја разредија одбраната на Словенците малку со таа поставеност во нападот денес и да не утневме 6 зицери во тие 10 минути можеше и доста успешна на крај да излезе. :)
 
Сега така ко ќе подразмисли човек, имавме 4 нереализирани пенали и 4 зицери(минимум, чисти), што статива што одбрани голманот. Значи ситуациите веќе беа створени, сме стигнале со напад до пенал или до вишок човек за да даде гол. Треба само да жалиме зошто малку повеќе концентрација и среќа и да имавме барем нерешено.
 
Се мислев кратко само нешто да пишувам ама после сите овие глупости кои ги исчитав во темата, морам да реагирам. Без некој особен редослед еве некои мои мислења:

1. Имам впечаток дека натпреварот беше загубен уште пред да почни. Некако самите ракометари си направија страшен притисок врз себе и и покрај прилично големото искуство крахираа. Затоа се недозволиви изјави од типот "натпревар на генерацијата" и слично. Баш тие постарите паднаа бидејќи баш така и го сфатија натпреварот.

2. И тој ментален склоп нормално резултираше во натпревар во кој апсолутно самите се победивме. Словенија не изигра ништо посебно, ако ја игравме нашата просечна игра (не мораше ниту некое високо ниво) ќе победевме.

3. Одбраната беше катастрофа. Не беше баш се по нивна вина како што некои кажуваат, меѓутоа еве како пример да примиш гол од брз центар откако Манасков сам во контра дава гол е тотално неприфатливо. Така не се стигнува до четвртфинале.

4. Голманите исто катастрофа. Точно е дека голем дел од шутевите беа тешки за бранење бидејќи беа премногу отворени, ама имаше и еден куп кои беа и тоа како одбранливи. За жал и двата голмани тотално потфрлија во клучниот натпревар.

5 Малку шокантен е фактот дека и покрај сите тие промашени пенали и зицери нападот ни беше релативно ок. 61% реализација и 10 технички грешки се сосема ок бројки. Најмалку пола од натпреварите се победуваат со ваков ефект. Ама и покрај тоа целосно спротивно од она што изгледа на прв поглед според мене натпреварот го изгубивме во нападот. Словенија е тип на екипа која ќе биде ефикасна против секаква одбрана. Едноставно такви им се играчите, а тие до некаде ја ризикуваат одбраната за да имаат јак напад. Затоа мора до крај да се искористи она што ти го нудат во одбраната. И реално Словенците целосно ни ја отворија вратата за да ги уништиме со нивната катастрофална игра во одбрана. Реално системот на игра и тоа како функционираше, во огромен процент од нападите се доведувавме до зицер. Е ама ако промашуваш 6-7 зицери и 4 пенали се тоа ти е џабе.

6. Да Јоновски и Марковски беа лоши во одбрана. Ама лоши беа бидејќи се многу побавни од бековите на Словенија. Ама тие не се единствени во тоа. Сите одбранбени играчи се побавни од овие бекови. Се знаеше дека често ќе може да поминуваат тука нема бегање. Ама затоа тука требаше барем малку да помогнат голманите. Видов некој предлог дека грешката била што Стоилов играл на 5ка и бил пребавен за десните бекови на Словенија, требало Миркуловски на 5ка, а Стоилов на 2ка. Луѓе левите бекови на Словенија се двојно побрзи од десните. Ако Миркуловски играше на 5ка е дури тогаш Скубе, Зорман и компнија ќе не наполнеа. Едноставно сфатете дека нашите играчи се далеку побавни од нивните. Немаше тактички начин како да ги спречиш да бидат бавни кој и да играше. Единствено решение беше да се спречат головите од брз центар и да се намалат од полуконтра. Ние не успеавме во тоа.

7. Заборавете на тоа Катар или Словенија. И Словенија ќе ја победевме да не бевме во очајна психичка состојба уште пред да почни натпреварот.

8. Како и да гледаш на натпреварот, не може да се прескокни фактот дека стварно немавме среќа. Ама тоа е составен дел од овој формат на натпреварувања. Затоа јас ги мразам елиминациските фази бидејќи еден лош ден може се да уништи.

9. Исто читам сме играле бавно и неинвентивно. Прво којзнае колку побрзо невозможно е да играме додека ги менуваме Кире и Наумче во одбрана. Се додека немаме играчи за во два правци заборавете го тоа. А и реално игравме побрзо отколку во минатото. Второ, поинвентивно од ова здравје со овој состав. Па во првите 2-3 екипи по асистенции сме. Еден куп различни акции видовме. Голем дел и од елитните екипи можат да ни позавидат за нападот на поставена одбрана. Единственото нешто што го немаме е којзнае каква транзиција, ама за тоа кажав со толку измени е невозможно.

10. Георгиевски (7/10), Манасков (5/7) и Стоилов (5/6) и покрај потечено око и пукната аркада :cuc:. Кире исто. 7/11 шут и 10 асистенции. Секоја чест. Без разлика што промашија по некој удар сите одиграа одлични натпревари. Помладите важни играчи не потклекнаа на притисокот. Тоа многу ветува за во иднина. Потклекнаа оние кои си го самопрогласија натпреварот за најважен на генерацијата (освен Кире).

11. Без разлика колку го сакате или не (а реално е доста контроверзна фигура), Миркуловски по којзнае кој пат се покажа дека е моторот на екипата. После неговиот црвен картон целата концепција и во напад и во одбрана полека почна да се распаѓа.

12. За Обрван немам никакви особени забелешки. Нормално секогаш се прават некои ситни грешки, ама генерално не беше кај него проблемот за натпреварот. Се живо проба ама кога не оди не оди.

Се на се голема е веројатноста за 9то место што воопшто не е лошо. Тој би бил најдобар пласман во историјата на светски првенства. Ама останува впечатокот дека се можеше многу повеќе и не можам да го оценам настапот како успешен. Останува некоја горчина во устата. Без квалификации за ОИ не е тоа тоа. Ама без оглед на се тоа не е крај на светот како што некои го прикажуваат. Првенства има секој Јануари (дали ЕП или СП). Треба да се гледа напред. А напред после ова првенство сепак ќе мора да подразбира парцијално подмладување. Целосна смена на генерации би била катастрофа за македонскиот ракомет, ама полека полека ќе мора да се воведуваат некои млади дечки на сметка на оние постарите кои веќе не можат да ја носат екипата на свој грб (да тука пред се мислам на Димовски, браќата Мојсовски, Ф.Лазаров, Јоновски, Вугринец, можеби и Ангелов). Но Лазаров, Миркуловски и Борко мора да останат костурот на екипата додека се во врвна натпреварувачка форма бидејќи во спротивно многу многу ќе се уназадиме.
 
Последно уредено:
Ај малку(подетално)да си ги кажам маките...
Тотално разочарување денес...:eek:
Не вратија во реалноста Словенците....
Многу е глупо по војната да се прајме генерали,ама реално некои работи се гледаат од авион..
Прво..
Многу коментари низ цела Македонија имаше од типот Ееее кога сме глупи и ја тепавме Австрија,наместо сега да си го ладиме со Катар...
Апсолутно не се согласувам,зошто?
Од проста едноставна причина,Катар ја тепа Словенија,и тоа доста убедливо,беа надиграни во цел меч Словенците(освен на почеток)..
Катар е домаќин,гладен за успеси,неверојатно мотивиран(финансиски),и мора да признаеме квалитетен...
Сепак Шариќ,Стојановиќ,Марковиќ,Капоте,Роан,пикерот,левото крило не се мајтап играчи и немојте да ве чуди ако ја скинат и Германија...
Имаа денес ветер во грб од судиите да,можеби не блескаа со Австрија,но си ја завршија работата...
Кој ќе ни гарантираше дека ќе поминевме со Катар?Со ваква игра ќе беше речиси невозможно...
Работата е што би било кога би било..
Од друга страна,Словенците,познат противник,и од Србија и од клубскиот ракомет,ракомет во кој имаме подобри резултати во последните неколку години во меѓусебните дуели...
Плус,кој сака нека мудрува,НИ ОДГОВАРАШЕ ТАА ИГРА НА СЛОВЕНИЈА(е сега во пракса шо излезе нешто друго е прашање за анализа)...
А таа анализа од моја гледна точка изгледа вака...
ОДБРАНА-
Дефинитивно се разочарав од одбраната,посебно од отворањето на мечот...
Не смеевме во никој случај да влезиме во меч со бркање,уште од почеток влеговме во машината,моравме да ја сецкаме играта...
Наместо тоа со нашите почетнички грешки во напад(НБА додавањата на Мојсо,пробивањата на Жути)им дозволивме во полн залет да не нападнат...
Одбраната,зоната,требаше да е покретлива...
Јас не видов мобилност,агресивност,(освен во последните 5 минути кога речиси беше решен мечот)...
Значи за таа 6-0 зона,немавме како прво ПРЕКИНИ НА НАПАД,ПРЕКИНИ..(шо би рекол Цревото)..
Како шо имаа денес Бразилците со Хрватите,е тоа се вика одбрана...
Не смееше да се дозволи толку лесни голови,проток на топка,да се дозволи играта да се насочува кон средина и Велко и Ацо да интервенираат,а тие се најтрапави во цела одбрана,и нивната задача е едноставна БЛОК И ЧУВАЊЕ ПИКЕР.....
Ние сакаме да играме 6-0 зона,а од 2 и 5 не бушат како Гранд Фолк певалка...:sramezliv:
Па во 6-0 зона,баш тие позиции треба да ти се едни од најдобрите во зоната...
А кај нас кого го имавме?
Жути,тотално аут денес,очај,исфрлен од ритам,како да му беше сеедно шо игра,освен пеналите и исклучувањата шо ги изнуди не изигра ништо...
Го покажа своето неубаво лице-нервозното,има такви моменти,а се изгуби тотално...
Уште на полувреме напишав дека не ме радува Жути,се виде дека е аут...
На 5ка кого го имаме?Столе?
Па не можи бре Столе да го чува Доленец,па ниту Натек..истото важи и за Никола Маркоски,трапав игра,бавен,играч кој според мене освен на 3,4 не би го играл никаде во одбрана...
Не се двата брзи на нозе,немаат покретливост,едноставно Доленец и Натек не избушија тотално,посебно Доленец кој ни закачи 4,5 гола и даде еден куп топки до Гајиќ..
Плус Натек на крај не дотолчи со бомбите од надвор....
Да не должам,за 6-0,како шо сакаме да играме ти требаат суртуци како Јурецки,Горбок,Лијевски и сл...
Да ти дадат густина во зона,широк распон на раце итн...
Арно ама,на времето ние го имавме Аљушот,кој добро затвораше на 5ка па имавме одбрана...
Сега неаме ни играчи за да изиграме поистурена одбрана...
Во Србија ги имавме Бранче,Митков,Темелков да не го заборавиме кој играше на 2ка...
Тука е разликата....
Без ротација во одбрана,без избаланасиран тим,односно кој играч би менувал одбрана-напад не тераме далеку...
За ова да се среди,ќе мора,ама ќе мора лев бек во селекцијата....(некој со висина,тежина,да игра на 5ка)..
И друга работа треба да знаеме шо сакаме во иднина кога ќе одиме на големи натпреварувања,за одбраната мислам...
Ако сакаме 6-0 да играме ќе си земиш играчи за 6-0,ако сакаш за други варијанти ќе си бараш други играчи(ама за ова ќе се осврнам на крај,за селекторот)...

ГОЛМАНИ
Тотално аут,уште еднаш се покажа правилото дека ако не отворат како треба не ги барај воопшто...
Со само 19% успешност,или вкупно 7 одбрани на двата голмани немаше ни Египет да го тепаме..

Старото непишано правило кога се работи за двата наши голмани-топло-ладно...
Ќе дадат добра партија,па ќе ги снема,па пак одново...
Точно е дека одбраната затаи денес,и тоа како,посебно со спречување на тие отворени шутеви,ама голем дел од шутевите,посебно на Натек,Скубе во прв дел, мораше да се фатат....
Полека завршува ерата на Диви,Борко ќе тера уште некоја година..
Заебано е шо нема ни на километар голмачиња шо можат да ги заменат..
За Митревски се е кажано,неспорно е дека дечкото имаше талент,ама пуста висина,со 180и некој сантим дечко не ти преостанува ништо друго освен да си купиш штикли(со високи потпетици)..
Кој ќе ги замени?Чаневски,Ивановски од Мрк?Немаме никој....
Напад-
Прво и основно...
Наумче Мојсоски-Јас да сум на твоето место сам ќе излезев,немаше да чекам да ме вадат..
Ало бре Мојсо,дали си ти нормален бре?35 години напрај,срамота е ова шо го изигра денес,очај,најслаб беше убедливо,изгубен тотално....
Барај шут бе,алооо....имаш шут,имаш финта со тело(е сега шо си повреден и внимаваш да не се повредиш пак е друга работа)...
Ама за лев бек,да имаш само 2(два)обиди кон гол е фрапантно....мизерно....
Наместо тоа,ми изиграва некој асистент па преку галва пробуваше да асистира....
Резили,тотално се разочарав од Мојсо,по ова денес шо го изигра не заслужува да игра повеќе...
Кога можи во Металург да има преку 15 шута на меч,овде ми изиграва некоја жртва на тактиката...
Море ајде таму гони се и ти и тој брат ти шмеќерот...одете штрајкувајте таму кај Минчо,немој да си играте со нервите на луѓето..
Жути-Тотално аут во напад,нерезонски пробиви,обиди насила да дојде до позиција за шут,нешто нетипично за него,барем не во репката...
Реков,имаше некој ќар од него(со исклучуавањата и пеналите)ама со црвениот картон не поеба машки,ни ги сече нозете...:bravobe:
Чист црвен.за врат старт,нема збор...
Коректно судиите го избркаа,кога сме кај судиите,одамна сме немале ваква арбитража...и прашање е дали ќе имаме некогаш?
Повеќе од ова здравје,и пак не искористивме...
Прибак,Вуги-не се тие криви,посебно не Прибак за промашувањата,а уште помалце шо Прибак не е лев бек,а беше пуштен таму...
Вуги освен пеналот шо го промаши не доби ниедна топка...
Кире-и тој нервозен,но сепак дечкото е невиден професионалец,и нема емоција кај него,без разлика на се продолжува со својата игра...
Единствена замерка за него,е шо заради него во селекцијата сеуште го трпиме неговиот дудук од брат..
Крилата-ПЕРФЕКТНИ:bravobe:
Промашувањата шо дојдоа во најнезгоден момент,на секого можат да му се случат,јебига,цела утакмица ја изиграа без одмор..
Околу другите крила...
Овде Обрван требаше малку да смени,да го пушти Бутино малку,да пробавме да видиме како ќе се снајди со Доленец,иако имаше дефицит со висина,вака битката ја изгубивме во битката со десната страна на нивниот напад,не отепаа од таму,речиси 20 парчиња примивме од 3 играчи...
Пикерите-
И тие одлични,посебно Столе,машки се бореше до крај,и во одбрана и во напад..
И Маркоски изигра горе долу колку шо му е силата,не можиме од него да очекуваме нешто повеќе...
И на крај за ИЗБОРНИКОТ....
Добро ја водеше селекција во текот на целиот турнир,но еве кога заврши се морам да се запрашам нешто...
За кој :kuracc:го земаше Филипче во селекција?
За да ја пее химната?

Јасно е дека Кире прај притисок и сите тие работи,ама пичка му матер бре,дај еднаш ако веќе сте селектори побарајте нешто да смени..
Не оди вака,без лев бек играме,21 век,а новодно се бориме за олимпијада..
Па барај од РФМ,влада,нека натурализираат некој....
Ако не ај упм фатете,сакаме ракомет да играме со еден бек,е така не се победува...
ОКОЛУ ИДНИНАТА...
Да не се заебаваме и лажиме,тие таленти како Талески,Нелоски и компанија се недокавакани играчи...
Дале два гола со Борац,дале 10 гола со Зомимак и одма ги прогласија за вундеркинд,за играчишта..
Чекај бе полека,кочи..
Играчи се прават на големи мечеви,на големи натпреварувања...
Наместо сега да ги земат и покрај Кире да научат нешто,тие решија да го земат Талески,да ги помини грото од припремите со А селекциија,и после демек абе попотребен беше на младата селекција..
Се виде колку вредат,не газат во сите конкуренции...
Значи не велам јас дека не чинат децата,можеби се добри,ама како ќе се направат играчи,и уште поважно прашање КОГА?
Ќе ги чекаме 10 години?

Значи работата е ептен алармантна,полека но сигурно како шо рече Жути оваа генерација ќе ги спакува куферите..
Ќе останиме само со крилата,Столе,браќата Маркоски и ако сакаат да продолжат Жути и Борко,се друго за брзо ќе се повлечи..
А ни на лагер неаме замени,посебно на бековски позиции,пред се на десен бек...
Ова СП,и најверојатно ЕП во Послка(на кое најверојатно ќе се пласираме,ако не се заебаваат Французите и им ја пуштат на Чесите во гости).....и толку од нас..
И прашање е кога пак ќе не има на големо натпреварување,каква олимпијада какви бакрачи..
Наместо за тоа да се замараме,ние рониме крокодилски солзи дали ќе сме оделе на ОИ?:shook:
 
Душабаев баш е реално башка ако вардарци му најдат соодветна македонска снаа
Ахахахахаха да, да, да, пази дека меѓу Шпанија и Македонија ќе ја одбере Македонија.

:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
Повеќе од 4 убави зицери беа. Од одма ми текнува на 1 на Киро, 2 на Георгиевски, 1 на Стоилов, 1 на Манасков, 2 на Прибак...
 
Ахахахахаха да, да, да, пази дека меѓу Шпанија и Македонија ќе ја одбере Македонија.

:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:

Кога успеа помеѓу Хамбург кој беше европски шампион и Вардар да го избере Вардар не би ме чудело ништо веќе од него.Иако стварно не глеам зошто не би играл за Шпанците а би играл за нас.
 
Ахахахахаха да, да, да, пази дека меѓу Шпанија и Македонија ќе ја одбере Македонија.

:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:

Можеби е конзервативец човекот, а во Шпанија сеа ќе тепа сестринска партија на Сириза, па ќе сака овде кај ВМРО да игра. :toe:
 
Можеби е конзервативец човекот, а во Шпанија сеа ќе тепа сестринска партија на Сириза, па ќе сака овде кај ВМРО да игра. :toe:
Да, а може и не сака човекот шанса медали да освојува, може сака вака да си се мачи за 5-10 место. :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
 
Кога успеа помеѓу Хамбург кој беше европски шампион и Вардар да го избере Вардар не би ме чудело ништо веќе од него.Иако не глеам зошто не би играл за Шпанците а би играл за нас.
1. Се знаеше во ракометните кругови дека Хамбург ги чека распад систем
2. Поголема минутажа ќе имаше во Вардар
3. Не е исто клуб и репрезентација

Не знам ни зашто воопшто го правиме муабетов, типот е стандарден репрезентативец на Шпанија, заборавете.
 
Кога успеа помеѓу Хамбург кој беше европски шампион и Вардар да го избере Вардар не би ме чудело ништо веќе од него.Иако стварно не глеам зошто не би играл за Шпанците а би играл за нас.

Едно е клуб друго е репрезентација, плус млад е па веројатно знаел (се надевал) дека ќе добие повеќе шанса во Вардар за игра.
И чек од милион евра да му понудат јас сум 100% сигурен дека ќе не одбие
 
Кога успеа помеѓу Хамбург кој беше европски шампион и Вардар да го избере Вардар не би ме чудело ништо веќе од него.Иако стварно не глеам зошто не би играл за Шпанците а би играл за нас.
Едно е клуб, друго е репрезентација.
Ретко кој има шанса да игра редовно во својата репрезентација би се одлучил за друга, туѓа. Секогаш е прво својата држава.
И вие ама се правите наивни... :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom