Значи вака....некои работи се средија...некои се разјаснија.
-самсунгот што го користам со втора сим од лукамобиле, прави проблеми наводно поради што е симот на вториот слот. На пример после излегување од вифи , телефонот некогаш не се враќа на мобилен интернет, и треба да се направи офф/он на вториот сим и ќе проработи. Брзината е како што ја имаше Мобимак пред да премини на 4г(во Моментов интернетот што ми е на првата сим на Мобимак ми е доста побрз).
денес го тестирав добро интернетот на Лукамобиле, така што квалификациите на Ф1 ги гледав на телефон, и за 1 саат не сецкаше ни еднаш. Малку е сликата послаба него кога гледам Мобдро на Мобимак...но не е лошо. За 1 саат пренос ми потроши околу 350-380 мб гледано на ``дата`` од телефонот
-Вториот телефон од ќерката(Blackwiev)...никако не сакаше да се активира интернетот. Се јавив на 1212 и ми рекоа дека имаат повратни информации дека и кај други кинески телефони се јавува овој проблем.
Проблемот го средив така што ја извадив симот од Мобимак, на слото 1 ја ставив симот од лукамобиле, предходно ги избришав подесувањата на симовите. Го вклучив телефонот и почнав да го подесувам од нула..и интернетот се активираше. После тоа ја вратив и картичката на Мобимак , но на вториот слот. Таа служи за јавувања пошто има добра претплата за јавувања. така сега кинезот се користи за јавувања со симот од Мобимак, а интернетот од Лукамобиле.
Ќерката среќна...од 500 Мб месечно сега се крена на 2+1 Гб..што е сосема доволно.
Третата претплата за сопругата планирам целосно да ја префрлам на Лукамобиле на 384 денари...само ќе треба да поднесам барање за трансфер на бројот(тука ми е проблем што незнам кога ми истекува претплатата-појма немам кога сум го потпишал договорот-мора да одма во салонот на Мобимак)