LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?

  • Вкупно гласачи
    291
На крај искочи првата теорија што се појави, дека сите се мртви а островот е чистилиштето или самтинг лајк дет....

А она со алтернативните краеви било заебанција :-P

Не заат да им направат добар крај на серииве и БС Галактика заврши безвезе сега и оваа...

Не искочи дека алтот бил чистилиште и требало сите да се сетат што правеле на островот за да можат да продолжат
 
Фааааааак оф!
Се нанервирав.
Неможеше поглупо да заврши. Додуше се каам бе, се каам, што ја гледав серијава. Најбољи беа првите 3 сезони.
Отидоа во рајот а? Оти умрените не можат да продолжат на друг начин. Можат и у пеколот ама таква светлина таму вајда нема :)))
Многу неразјаснети работи. Дел од луѓето од авионот, којшто полета на маестрален начин, беа во црквата и се сетија, дел не беа. Кај е Маерс, пилотот и Ричард?
Од друга страна тие што умреа на островот се сетија божем на својата смрт и сеа ќе одат во рајот. Ама Кејт и Соер не умреа бе. Што се деси со авионот?
Статуа, Египет, патување низ времето... се е неразјаснето.
И Хуго не умре, бил одличен на островот го пофали Бен. Значи го водел островот. А сепак се појави во црквата, за да продолжи.
Ана Лусија не сакаше да дојде во црквата. Ни Бен не влезе. Ни ќеркаму, ни онаа што ја чуваше, тие не се ни сетија на островот.
Знаеме Џек умре, се затвори окото и од тогаш се е непознато.
За некоја година ќе се појави едно филмче сигурно за изгубениве во просторот и времето.
Оти вака се е џабе. Џабе 6 години гледање да на крај имаш милион прашалници.
 
За тие што не можат да сфатат колку беше брилијантно финалето прочитајте го ова размислување, дури откако го прочитав ова ми се разјасни се за финалето.

http://theoriesonlost.blogspot.com/2010/05/for-those-who-didnt-get-it-quick.html

Значи ако сите таму се сретнаа пред рајот не значи дека сите умреле во исто време, некои живееле долг живот, Хуго бил новиот Џејкоб, а Бен бил неговата десна рака затоа и си го кажаа тоа пред црквата, Дезмонд и компанијата што се спасија си го изживеаа животот и се сретнаа сите пред рајот, а на крајот после полетувањето на авионот моментот кога умира Џек, е тој момент е цела 6та сезона, целата алтернативна реалност т.е. чистилиштето.
 
Не знам зошто не ви се допаѓа, изгледа очекувавте научно докажување итн. Изгледа сте луѓе без верба, па не ви се чини реално и не можете да замислите задгробен живот, а можевте да верувате и да замислите алтернативен универзум.
Многу ме трогнаа зборовите на Кристиан, за живеењето или не живеењето со другите и умирањето сам, и за сеќавањата.
 
мислам дека сите очекувавме она алт да се спојт некако со реалност . А сеа кога испадна нешто друго пола од гледачите зато се разочарани .

и она прееска што го реков што барает саид , сан , и џин вцрква се го гледав пак крајот и видите кога џек ќе сејт кај кофчегон од
татко му на прозорецон ги имат сите религии .
ааааааааааааа&#107.jpg
 
Ако збориме искрено, ќе кажеме дека ја гледавме серијава поради мистеријата на островот, а не поради глупите животи и патот на ликовите со нивните животни приказни.

Уште од првата сезона, сите тие работи на островот свињите, мечките, чадот, Другите, дарма, тајм травел, статуата... сето тоа не натера да ги гледаме и тоа беше тоа што ги одржуваше сите гледачи на ЛОСТ. Дел од ова објаснија, но суштината за островот не.

Буквално најмалку ми беше гајле за Џек и неговиот живот, за Кристијан што го пречека во рајот и all that shit. Не кажаа каде е лоциран островот и зошто никој неможе да го најде. Сакам одговори не глупи животни приказни.
 
шет,шет,шет.океаник лета,паѓа сите умираат последен останува џек.се мачи и умира.кучето се појавува ,се појави и у прва епизода у прва сезона.само тоа остана.сите се мртви и го чекаат џек да им се придружи.тоа со островот нема врска можеме да си праиме варијанти колку што сакаме.многу лош крај.тоа е тоа.
 
очигледно ништо не си сфатил
 
Ако збориме искрено, ќе кажеме дека ја гледавме серијава поради мистеријата на островот, а не поради глупите животи и патот на ликовите со нивните животни приказни.

Уште од првата сезона, сите тие работи на островот свињите, мечките, чадот, Другите, дарма, тајм травел, статуата... сето тоа не натера да ги гледаме и тоа беше тоа што ги одржуваше сите гледачи на ЛОСТ. Дел од ова објаснија, но суштината за островот не.

Буквално најмалку ми беше гајле за Џек и неговиот живот, за Кристијан што го пречека во рајот и all that shit. Не кажаа каде е лоциран островот и зошто никој неможе да го најде. Сакам одговори не глупи животни приказни.
Yep, дури сега се вадат дека уствари целава серија била за ликовите, не за островот. Ако сакав љубовна драма ќе гледав Шехерзад.

Битен факт е дека Кејт се присети на Клер откако и ја виде вагината :)
 
Кога ке ми текне какво финале имаше 3тата сезона и кога ке го погледнам ова,ми иде да се убијам. Многу упропастија последниве 2 сезони,можеше се убаво да се објасни без глупи патувања во времето и сл. непотребни мистерии.
Сепак единствена серија која едвај сум чекал да излезе нова сезона и секоја недела да бројам денови до нова епизода,ке ми фали многу :toe:
 
Не знам како може да викате дека за џабе 6 години гледање. Не знам ни каков крај очекувавте? Знам дека по брилјантен и по оригинален крај од ова, на никој немаше да му текне, настрана цела таа лутина за неодговорените прашања, ама крајот мене ме остави без зборови. За прв пат сите ове години што гледам ЛОСТ, влегов и читав и други форуми за серијата освен темава тука. Истото го мислат и тие луѓе, додуша многумина и се заблагодарени што немаше одговор за тоа што било островот, а и реално да гледаме, кој одговор би не задоволил? Што би не задоволило како одговор на тоа што е островот? Не дека не сакав да биде одговорено ова прашање, ама ако се одговараше, немаше да има асален одговор, е тек тогаш ке плукавме по серијава. Баш ме интересира колку време Хуго, Бен, Винсент, Роуз и Бернард останаа на островот (последниве тројца можеби и порано умреа). Кој би можел да го замени Хуго? Ама затоа пак... има прашања за кои ке пукнам од мака :), и не само прашања туку и теории, пример: на еден форум еден имаше пишано, ’’ако цело ова време Џејкоб го игнорирал или не сакал да се сретне со Бен, зошто Флок не ја користел таа шанса па уште пред да падне авионот, да го убие Џејкоб со помош на Бен?’’. Ама ако, им се простува. Се на се, жалам што некој не го сфатил крајот (и сега ке ми реплицира ’’ШТО ДА СФАТАМ’’).
 
Не можеа апсолутно ништо полошо да одберат од недефиниран крај. Покрај разочарувањето кај фановите кои очекуваа одговори, докажаа и дека не знаеле кај тераат. Моја претпоставка е дека терале во некој правец, и се сплеткале со тајм-травелот и не можеле да ги поврзат точките. И на крај удрија на романтики.

Последната епизода не само што е врв на нелогичноста туку и поставува многу други прашања. Прво, што мајка бараше островот потопен под вода на почетокот на сезоната? Испадна евтин трик за да не дефокусираат. Потоа, кога умре Џек? На крајот на 6-та сезона или во пилот епизодата? Раната е на истото место. Ако умре во пилотот и се ова е негов задгробен живот, во кој треба да ги средува работите за да може да замине на некое подобро место, тогаш што бараше авионот на Лапидус во сцената, и како се познаваа многу луѓе меѓу себе? Ако умре на крајот на сезоната после борбата со Лок (пологично е ова, Бен му се извинуваше на Лок што го убил, демек живи биле) тогаш како Хуго, Кејт и Клер... се мртви? Бен исто... Или сите умреле па откако умреле се барале во АЛТ. Ако ја форсираа оваа варијанта требаше островот да потоне и сите да умрат.

Последната епизода требаше да одговори некои прашања, не да отвори нови. Ништо не и фали на епизодата во смисла на тоа дека е крај на едно дружење и така... ама не дава одговори никакви. Толку малку кажува што и теоријата со вонземјаните од која се плашев е далеку подобра. И теоријата што ја имав на почетокот на сезоната за која сите се согласивме дека не е добра, ќе беше далеку подобра од ова.

Мотивите кои беа земени од играта требаше да се искористат. Требаше да биде борба помеѓу доброто и злото, со правила и со разврска. Што значеа сите оние правила на Бен, Видмор, Флок, Џејкоб...? Што значеше грабнувањето на децата, кој ефект го имаше тоа? Што беше светлината? Што ќе се случеше ако Смоуки го напуштеше островот? Како тоа некои луѓе го напуштаа и се враќаа на островот? Дали навистина оушеаник сикс се вратија после 3-та сезона или беа во некој АЛТ... Веројатно можам да одговорам некои од овие прашања ако размислам, ама не ми се размислува повеќе.

Инаку што се однесува до серијата, не ми е криво што ја гледав. Уживавме долго време, убаво беше замислена. Немало серија која покренала толку дискусии. Секогаш беше интересно. Не заврши како што сакав, но и многу добри филмови не завршуваат како што сакаме. Не е премногу страшно. За спин-оф серии и слично не сум заинтересиран, се понатаму би било дополнително расипување на впечатокот.

И конечно, нема да бришам спојлери секоја недела.
 
Абе што сте се разочарале толку? Сте ја гледале серијата за мистериите? Свињите и мечките? Иако барем за мене не беше тоа поентата мислам тоа беше се добро објаснато. По крајов мислам дека и целата поврзаност со Египет има некаква смисла.

Крајот барем мене изгледа ми беше фантастичен. Дијалогот помеѓу Хуго и Бен... е тука ми падна вилицата.(You were a great number two...) Едноставно :nesvest: .
Само малку се двоумам во врска со алт-от. Некој рече дека бил чистилиште... Јас не мислам така. Татко му на Џек објасна добро. Рече дека се тоа е реално. Дека тоа е местото кое го создале. Дека тука може да биде пак со најблиските и луѓето кои најмногу му значат. Џејкоб им кажа дека ги донесол бидејќи сите не оделе никаде. На островот го најдоа она што им треба. На еден или друг начин го создадоа алт-от каде ќе ги доживеат животите кои ги заслужуваат... Се она што го гледавме минативе сезони навистина се случуваше..

Ова е моето мислење барем за сега... :P
 
Не можеа апсолутно ништо полошо да одберат од недефиниран крај. Покрај разочарувањето кај фановите кои очекуваа одговори, докажаа и дека не знаеле кај тераат. Моја претпоставка е дека терале во некој правец, и се сплеткале со тајм-травелот и не можеле да ги поврзат точките. И на крај удрија на романтики.

Последната епизода не само што е врв на нелогичноста туку и поставува многу други прашања. Прво, што мајка бараше островот потопен под вода на почетокот на сезоната? Испадна евтин трик за да не дефокусираат. Потоа, кога умре Џек? На крајот на 6-та сезона или во пилот епизодата? Раната е на истото место. Ако умре во пилотот и се ова е негов задгробен живот, во кој треба да ги средува работите за да може да замине на некое подобро место, тогаш што бараше авионот на Лапидус во сцената, и како се познаваа многу луѓе меѓу себе? Ако умре на крајот на сезоната после борбата со Лок (пологично е ова, Бен му се извинуваше на Лок што го убил, демек живи биле) тогаш како Хуго, Кејт и Клер... се мртви? Бен исто... Или сите умреле па откако умреле се барале во АЛТ. Ако ја форсираа оваа варијанта требаше островот да потоне и сите да умрат.

Последната епизода требаше да одговори некои прашања, не да отвори нови. Ништо не и фали на епизодата во смисла на тоа дека е крај на едно дружење и така... ама не дава одговори никакви. Толку малку кажува што и теоријата со вонземјаните од која се плашев е далеку подобра. И теоријата што ја имав на почетокот на сезоната за која сите се согласивме дека не е добра, ќе беше далеку подобра од ова.

Мотивите кои беа земени од играта требаше да се искористат. Требаше да биде борба помеѓу доброто и злото, со правила и со разврска. Што значеа сите оние правила на Бен, Видмор, Флок, Џејкоб...? Што значеше грабнувањето на децата, кој ефект го имаше тоа? Што беше светлината? Што ќе се случеше ако Смоуки го напуштеше островот? Како тоа некои луѓе го напуштаа и се враќаа на островот? Дали навистина оушеаник сикс се вратија после 3-та сезона или беа во некој АЛТ... Веројатно можам да одговорам некои од овие прашања ако размислам, ама не ми се размислува повеќе.

не го очекував ова од тебе
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom