Не можеа апсолутно ништо полошо да одберат од недефиниран крај. Покрај разочарувањето кај фановите кои очекуваа одговори, докажаа и дека не знаеле кај тераат. Моја претпоставка е дека терале во некој правец, и се сплеткале со тајм-травелот и не можеле да ги поврзат точките. И на крај удрија на романтики.
Последната епизода не само што е врв на нелогичноста туку и поставува многу други прашања. Прво, што мајка бараше островот потопен под вода на почетокот на сезоната? Испадна евтин трик за да не дефокусираат. Потоа, кога умре Џек? На крајот на 6-та сезона или во пилот епизодата? Раната е на истото место. Ако умре во пилотот и се ова е негов задгробен живот, во кој треба да ги средува работите за да може да замине на некое подобро место, тогаш што бараше авионот на Лапидус во сцената, и како се познаваа многу луѓе меѓу себе? Ако умре на крајот на сезоната после борбата со Лок (пологично е ова, Бен му се извинуваше на Лок што го убил, демек живи биле) тогаш како Хуго, Кејт и Клер... се мртви? Бен исто... Или сите умреле па откако умреле се барале во АЛТ. Ако ја форсираа оваа варијанта требаше островот да потоне и сите да умрат.
Последната епизода требаше да одговори некои прашања, не да отвори нови. Ништо не и фали на епизодата во смисла на тоа дека е крај на едно дружење и така... ама не дава одговори никакви. Толку малку кажува што и теоријата со вонземјаните од која се плашев е далеку подобра. И теоријата што ја имав на почетокот на сезоната за која сите се согласивме дека не е добра, ќе беше далеку подобра од ова.
Мотивите кои беа земени од играта требаше да се искористат. Требаше да биде борба помеѓу доброто и злото, со правила и со разврска. Што значеа сите оние правила на Бен, Видмор, Флок, Џејкоб...? Што значеше грабнувањето на децата, кој ефект го имаше тоа? Што беше светлината? Што ќе се случеше ако Смоуки го напуштеше островот? Како тоа некои луѓе го напуштаа и се враќаа на островот? Дали навистина оушеаник сикс се вратија после 3-та сезона или беа во некој АЛТ... Веројатно можам да одговорам некои од овие прашања ако размислам, ама не ми се размислува повеќе.