LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    291
во некои од релиигите имат дека после смрта , има наносекунда или можит трајт многу долг период , се додека не се сетиш на смрта .
а за да се сетиш на смрта морат да се сетиш на луѓето што беа со тебе .
Алт беше тест на џек . А крајон на алт беше рајот изгледа..
сите на едно место се сетија .
А додека се што се дешаваше на островон беше реалност , вистина , со дарма со џејкоб .

Kaков ебе* тест на Џек, имаше сцени од алт кои немаа врска со него, и тој немаше никакво влијание врз нив... Алт беше за сите нив, има логика тоа за наносекундата после смртта, ама не само на Џек.

Него, шо беше финтата со Кристијан и светлото ко излезе од црквата? Ефект во приказната или нешто сум пропуштил?
 
Дефинитивно ќе мора да направат уште една серија каде се од корен ќе објаснат. Не направија малоумни и полетаа со авион кој незнам колку години небеше чепнат и полета од песок :S Па тоа со светлината воопшто не го објаснаа зошто што како кога и кој.

Глуп крај, како да не можеше Џејкоб да го извади каменот и да го врати назад па се да среди, пошто нели така и се почна кога го фрли братот внатре.
 
Тоа со полетвењето на авионмот од сред плажа беше толку дебилно што не е за коментирање.Брееее.Си врати рикверц као демек сврти и оп летна.
 
Фала на сите 6 сезони Лост, иако крајот на третата ќе ми биде секогаш омилен!
 
Тоа со полетвењето на авионмот од сред плажа беше толку дебилно што не е за коментирање.Брееее.Си врати рикверц као демек сврти и оп летна.

Не беше на плажа, на писта беше. Не ви текнува на трета сезона кога ја правеа ?
 
Ако пишам дека не сум разочаран, ќе лажам.
Не знам зошто вакво нешто се случи. Или пак сите ние имавме преголеми очекувања, премногу анализи правевме, се тупевме со секоја ситница, со статуата, со мечките, со бродот на сред остров, со смоуки, со Џејкоб, и со се што мрдна и претна на тој остров. Ама кога ќе размислам како што успеаа да го заплеткаат, никој неможеше да го отплетка, ама баш никој не можеше да склопи приказна која постепено ќе се расплеткува, ќе има (некаква) смисла, и полека но сигурно ќе стануваат појасни работите.
Сабалје кога заврши долгометражнава епизода, бев спремен да ги исфрлам сите двд-ја што ги имам од Лост, и жалев што потрошив толку многу време за едно големо ништо. Сега не мислам така, но далеку од тоа дека сум го сменил првбитното мислење од сабалје. И пак ќе пишам за крај :
IT'S FINALLY OVER...OR MAYBE NOT...YES IT IS...NO...YES IT'S NOT OVER...NO IT IS...WHO KNOWS...NOBODY...
 
ако она беше рај , и ако е поврзано нешто со христијанството , што бараше саид , џин и сан во црквана . ?
 
Режисерите уште одкога почнаа да се развиваат најразлични теории, рекоа дека ликовите не се мртви, и дека островот не е чистилиште. Епа, делумно лажеле. Пошто иако островот се случил, и изгубениве навистина беа на него, шестава сезона, односно алт, цела, била после нивната смрт. Џек имал син заради тоа што тоа му била најголема желба. Бен не влезе во црквата затоа што имал незавршени работи. Кои? И where the fuck was Ричард во алт? Еден од најинтересните ликови, а го немаше. Мене крајот ми се допадна. Ќе се збори за него. Мада требаше да ги објаснат мистериите. Па, ради нив и ја гледавме серијата. Русо зошто ја немаше во црквата, Шарлот исто? Зошто Дезмонд и рече на мајката на Фарадеј дека нема да го земе него? Дај нека има една документарка со една камера, во една соба и сценаристиве да ни објаснат за хиероглифите, за статуата. Едино Адам и Ева ги објаснија (и јас лично сум многу задоволна од објаснувањето) од прва сезона.

Како и да е, една од најдобрите серии кои ги имам гледано, ако не и најдобрата. Да помине некое време, пак од почеток ќе си ја гледам.
 
ако она беше рај , и ако е поврзано нешто со христијанството , што бараше саид , џин и сан во црквана . ?

Нема врска христијанството. Во црквата беа за да се најдат и да одат заедно во рајот.
 
Нема врска христијанството. Во црквата беа за да се најдат и да одат заедно во рајот.

Рајот е лажга на христијанството.

Али точно е дека немаше ограничување на религии, кој во што верува таму отидоа. И во црквата мислам дека имаше разни статуи на буда муда и слично.
 
Сакаа на крајот да кажат дека целата серија не беше за Дарма, Островот, Џејкоб/Миб и сите други мистерии, туку за преживеаните и нивните одлуки и животи . Мислам дека за неколку години можат да направат нова сериа само што место Џејкоб ќе биде Харли и со комплетно нови луѓе. А и да сакаа да одговорат како настанал островот и зошто е светлото и слично, не ќе можеа зошто целата сериа беше премногу искомплицирана. Вака ќе знаеме што се случи со ликовите ама не и со островот.
 
Најмногу сум иритиран од неодговарањето на следните мистерии:

  • Чудовиштето (иако делумно е, не сум задоволен)
  • Бунарите и нивниот механизам
  • Статуата
  • Египет

За последново, ако си „обичен“ гледач, ќе се чудиш ако ти го спомни некој. Ниеден on screen hint не беше за тоа даден. НИЕДЕН.
 
Хах, како ве излажавме, ќе има нешто како „фајнал брејк“ по некоја година, а таму се ќе разјасниме...

Мислам, очигледно е дека режисерите оставија простор за продолжение, кое дефинитивно ќе објасни многу работи кои досега не се објаснија, ни по наводното завршување на серијата.

Ништо, тапа! Ептен тапа крај, премногу глупо „заврши“.
 
На крај искочи првата теорија што се појави, дека сите се мртви а островот е чистилиштето или самтинг лајк дет....

А она со алтернативните краеви било заебанција :-P

Не знаат да им направат добар крај на серииве и БС Галактика заврши безвезе сега и оваа...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom