LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    291
Не ми е гајле дали сте задоволни или незадоволни, има и други што не ја гледале. Модерирам во 5.35 сабајле избришав едно чудо пораки, кога стигнавте? Ја заклучувам, кога ќе се вратам ќе продолжите. Ајт на спиење сите :star:
 
Тоа е се народе!
Беше добро додека траеше, многу ке ми недостига серијата.
Вредеше да се гледа.
Крајот беше феноменален, баш онаков како што треба. Прашање сега е дали има ли достојна замена за серијава?
 
Гледам има различни мислења по нетов околу тоа дали крајот бил добар или не...
Тоа е кога некои премногу размислуваат како би завршило, па сега не им чини кога не било по нивно. :)
Јас серијава ја гледав за да ме релаксира, не за да се напнувам многу околу неа. Крајот сосема беше на место и ми се допадна. :)
Збогум за LOST, дефинитивно најдобрата серија на изминатава деценија!
 
После првото гледање, мислев дека крајот е многу лош, ама сега го гледав финалето уште еднаш и мислам дека сфатив најголем дел од работите и дека ова беше единствен добар начин да завршат.
 
WTF!!! За ова срање се замарав 4-5 години. Од сегашна перспеткива не вредеше, само толку.
 
многу ми се допадна крајот
ми личеше на крајот на серанови
 
шо испадна .. да не испадна некој сонувал цело време? :)
 
Само да прашам од што сте задоволни ? Од тоа што сите си се најдоа на крај, big whoop. Ништо не одговорија, катастрофа. Ако незнаеле што праат неморало толку работи да нафрлуваат. Боље сите да умреа и никој со никој да не се видеше веќе, отколку шпанскава серија на крај...
 
Од аспект на ликовите, СЕ' си се објасна како што треба и се беше супер изведено... Би лажел ако речам дека не очекував да се објаснат некои „виши сили“ над МИБ и Џејкоб, или пак некоја постара цивилизација да ни биде прикажана (хиероглифите бе), но тоа е тоа, нивна замисла (или недостаток на истата), можеа наместо некои тупи сцени од сезонава да го средат тоа малце, или во 5 сезона со time travel најубо ќе беше... Не дознавме кој беа со чамецот ко патуваја низ времето Соер и дружината на дождот (не знам дали ви текнува), не дознавме мноооооооооогу работи кои ако ги почниме и ги танчиме до ситници ќе се дуплираат страниве на темава... Трагичното е тоа што сега согледувам(е) дека имале простор за тоа и МОЖЕА да објаснат многу повеќе, да ни фрлеа коска и конкретно да ни кажат ТОА Е ТОА.

Како и да е, една од најдобрите серии на сите времиња заврши, серија за кој уште долго ќе се зборува како маестрална приказна прикажана на оригинален начин.

Честитки до целиот тим за добрата работа.
 
јас читав спојлери и имаше објаснето многу сцени кои не беа во финалето, мислам дека може да очекуваме да бидат во двд-то
 
И заклучокот е? :)

Одговорија на неколку прашања: Што, каде, кога, .... ама не одговорија на најважното: КАКО?

Сега ќе најдеме некоја страна со листа од 100 работи кои не беа објаснати. Тоа сите што го очекувавме...
 
luge ve molam kazete go krajot..nemozev da ja gledam poslednata epizoda i uste se nerviram za toa...:((((
inace serijata bese TOP...
 
27355_1250494053_9523_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom