LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    291
она детено е изгледа џејкоб .


а , оние што се гласовине тоа се од умрените луѓе на островон???? ( не го сватив баш то )??

Тие што напраиле нешто лошо и не можат да си одат. Глупост али ај.
 
Уф, одлична епизода, цело време беше интересно, крајот ме збуни, but sometimes you gotta hit a man with a car to let him know what he's supposed to do. :smir:
 
Моментот во епизодата:

Libby: It's ok i'm crazy.
Hugo: Yeah, probably

:pos2::pos2::pos2:
 
Може Дезмонд го удри Лок заради тоа што нели Лок на островот е способен да оди, не е инвалид, епа може сега во алт ќе прооди некако.
 
Го удри за да се присети на главниот времески тек аКа што се дешавало на островот. Не трескај глупости :)
 
Јас мислам дека го удри, бидејќи во оваа реалност на островот тој е веќе мртов.:toe:
 
Што ако сите од оваа SW реалност сега бараат начин да се вратат во другата реалност на островот, арно ама за да биде се ОК, Џон Лок не смее да се врати со нив. Можеби затоа го акна Дезмонд. Пошто ако се врати Лок, Смоуки ќе се ослободи...

П.С.
Не заборавајте дека мајката на Фарадеј, Елоиз, знае се за другата реалност, а таа беше жената која знаеше како да ги врати на островот. Што значи, двете реалности можат да се спојат, а Елоиз знае како.

П.П.С.
Мило ми е што мојата првична теорија не се оствари, ќе беше разочарување...
 
Дека оди сезонава конечно во правата насока, погледнете го preview-от за следната епизода, The Last Recruit:


Како што идат епизодите, се полудо ќе биди... :vozbud:
 
Cool... Либи се разубавела :)

Не беше којзнае што од епизода ама не беше лошо во секој случај. По подолго време погодив нешто:
Флок треба да ги собере другиве на купче за да си замине, исто како кога доаѓаа со Бен. Ништо спектакуларно околу тоа.
Дезмонд и понатаму е главна фаца а повеќето од главните ликови многу ги имаат изнервирано продуцентите, скоро како статисти се.

Сан дури и направија да не зборува, за да ја плаќаат помалку. :)
 
Што ако сите од оваа SW реалност сега бараат начин да се вратат во другата реалност на островот, арно ама за да биде се ОК, Џон Лок не смее да се врати со нив. Можеби затоа го акна Дезмонд. Пошто ако се врати Лок, Смоуки ќе се ослободи...

П.С.
Не заборавајте дека мајката на Фарадеј, Елоиз, знае се за другата реалност, а таа беше жената која знаеше како да ги врати на островот. Што значи, двете реалности можат да се спојат, а Елоиз знае како.

П.П.С.
Мило ми е што мојата првична теорија не се оствари, ќе беше разочарување...
Ја мислам го акна за Џек да му праи операција, сите си имаат некоја љубов на островот. На Лок изгледа му е Џек :tv:

Само ме интересира како досега сите се сетија, а на корејциве после толку дупење не им текиња.

Незнам за другиве, али уште ми е глупа алт реалноста. Ми изгледа како само да пополнува простор.
 
Незнам за другиве, али уште ми е глупа алт реалноста. Ми изгледа како само да пополнува простор.

Дефинитивно не е глупава (непотребна) затоа што еве се поврзува со другата, само прашање е дали се работи за две реалности, или ќе не шокираат со нешто од типот дека SW e некаков афтер-лајф.

Зошто?

Па... невозможно е ова да се две реалности кои се случуваат паралелно.

Зошто?

Затоа што, настаните во SW временски гледано се случуваат пред настаните на островот. Во SW, настаните се случуваат во првите денови после летото 815. На островот, поминати се 100 и кусур денови од 816.

Значи?

Значи дека ако ова се две временси паралелни димензии, не може овие во SW да знаат нешто што уште не се случило на островот. Колку што гледам, Дезмонд знаеше дека Лок го фрли во бунарот.

Значи, испаѓа дека ова во SW сепак ќе биде афтер ефект на случувањата долу на островот. Дали ќе биде некаква реалност, афтер-лајф, стејт-оф-мајнд... не е важно. Важно е дека се поврзани. Иначе ќе беше ептен тапа.
 
Дезмонд го изгази Лок затоа што сакаше да го натера да се присети на Островот... Сакаше да му даде near-death искуство потребно за да се присети... Фацата што ја напрај Лок откако беше изгазен и изразот на лицето и очите беа ПОТПОЛНО исти од 1 сезона откако падна на островот непосредно пред да ги мрдни ножињата...
 
Дезмонд очигледно сака да ги натера сите да се сетат, така направи со Хуго, сега со Лок, следни се Кејт, Џек, Соер и Саид можда. По прикажувањето на виното и тапата во сцената со Џејкоб и MIB, се повеќе ми наговестува дека островот е чистилиште (Божествена комедија - Данте, а у). Зошто е тоа така?

Гледаме дека во алтернативниов живот, изгубениве немаат толку мизерен живот (повеќето) како во оној “претходниот“ (или што ли да е она кога паднаа на островот). Чистилиштето (островот) им го променил “исчистил“ животот.

Не дека пробувам да одгатнам што би се десило или што е следно, туку се ни изгледа невозможно сега, нагаѓаме што би се десило, а на крај испаѓа сосем десетто. :)

Читам уште еднаш што сум напишал погоре, и не ми текнува сега како ми текнало ова бидејќи нема никаква смисла. Да имаше LOST некоја смисла, немаше да биде толку гледана. :tv:
 
Се што се случува во АЛТ некако ме потсеќа на Џејкоб и неговото влијание врз кандидатите пред да дојдат на островот...Само наместо Џејкоб сега го имаме Дезмонд...
 
Ете и ја ги изглеав сите до задњава епизода. Ништо не ми е јасно. Се е некако измешано. Што ќе се случи ако сите се сетат на островот? И како би отишле другиве од островот? И дали ако си отидат сите ќе има двајца Џек, две Кејт, два Соер?

И колку епизоди ќе има шестава сезона?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom