LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?

  • Вкупно гласачи
    291
Според македонско ти кажува, сигурно не е премиерата во 3 саат сабајле во САД. :)

Ме збуни.

Мислам дека оваа епизода ќе биде една од најинтересните. Дел од јунациве ќе се сетат на некои моменти кога биле на островот. На трејлер еден видов како Хуго му држи нож на Лок и како Саид му пука на Дезмонд кој е во бунарот. И не ми е јасно што се случува со Саид? Зошто толку го слуша Лок? Дали е само поради тоа што му вети дека ќе му ја врати таа Зулејката или па нешто друго му има ветено.
 
Ако си ги гледал претходните епизоди ќе знаеш... премногу прашања поставуваш, дури и за Lost. :smir:
 
Нема денес од 1, од 3 ќе си иде.
 
се куртуливте од моите спојлери, не сум во тек со настаните, минатата епизода не ја гледав цела
 
Од сега да најавам дека кој ќе ми го расипе финалето со спојлер ќе оди на перманентен бан. Тоа се вика злоупотреба на функција, ама имам врски на високи места на форумов и имам намера да ги искористам :pos:
 
Crazy shit goin' on. :)

Џек го лечи Лок, а Флок го лечи Џек.

Се подобри и подобри епизоди, до крај ќе биди лудило.
 
Ептен добра епизода, полека почнува да се отплетува серијава.

Него, Лок лажеше во врска со татко му на Џек, очито. :)
 
Ептен добра епизода, полека почнува да се отплетува серијава.

Него, Лок лажеше во врска со татко му на Џек, очито. :)

Зошто мислиш така? Јас па мислам дека најдоја начин конечно да ја објаснат таа глупава мистерија, која не верувам уште еднаш да се спомни во серијава...
 
Зошто мислиш така? Јас па мислам дека најдоја начин конечно да ја објаснат таа глупава мистерија, која не верувам уште еднаш да се спомни во серијава...

Прво, израз на фацата. Ептен му беше наивна дека лаже.

Второ, ја лажел така и Клер за да ја придобие.

Трето, кога Лок беше доле кај тркалото, се појави Кристофер и му рече поздрави го син ми. Зошто би му рекол MIB на Лок: “Поздрави го син ми“?

Четврто, во првата сезона Џек го најде ковчегот, а таму не беше татко му. Сега кога MIB е во телото на Лок, ние претходно го видовме мртвото тело на Лок.

Јес дека вака се разјаснува мистеријата со Кристофер и другиве што се појавуваат, но ептен наивно ми делува дека Кристофер бил MIB. Тоа се очекуваше, дајте нешто друго, поинтересно, нели? :)
 
Што знам, јас мислам дека Флок сето тоа го направи и исценира за на крај да го добие посакуваното - СМРТТА НА ЏЕЈКОБ. Сите работи кои ги правеше, ги правеше за да водат кон таа цел. Ако се сеќаваш на таа епизода (The white rabbit ми се чини) Кристијан беше како обземен, доколку беше навистина тој, ќе помуабетеше со син му, нели? Ќе видиме, но искрено не верувам дека уште ќе се занимаваат со таа работа пошо мене лично не ми изгледа за битна, но не се знае, можеби ќе испадне ултра битна. :)
 
Мислам дека е доста јасно дека сите што се појавија така се уствари миб. Ќерка му на Бен, таткото на Џек и Клер. Ако ви текиња и Хорас се појави еднаш, брат му на Мр Еко.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom