LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    291
Конечно видовме акција.

Ова досега изгледа беше затишје пред бура. Мора повеќе мистерии да се разрешуваат, и по оваа епизода, очекувам и следните да бидат во ваков стил.

Него, Флок ако биде убиен ќе биде убиен на начин каков што беше убиен Џејкоб. Но ако биде убиен. Се мислам дека Џек ќе биде тој или па Хуго. Бидејки само тие двајца не прозбореле со него или па не го виделе сеуште. А Џејкоб го натуера Хуго да го однесе кај светилникот.

Незнам зошто Саид го уби “мијаги“ и овој со цвикерите. Интересно ќе биде во наредната епизода каде ќе оди Бен. Бидејки сигурно ќе биде пресретнат од некого.

Едно не ми е јасно... Зошто Флок влезе дури сега во храмот? Можеше и претходно да влезе но не го стори тоа.

А Илана е очигледно поврзана со Џејкоб бидејки прво ја зема пепелта каде што изгоре Џејкоб, потоа знаеше точно каде да оди, односно истото место кое што Џејкоб му го кажа на Хуго. И самата ги викна сите да ги извади надвор од храмот.

Како и да е, се поинтересно и поинтересно станува.
 
Све... све... само да не ми ја убијат Ката :(
Како што глеам, тргна и таа со „погрешниве“...
 
Незнам зошто Саид го уби “мијаги“ и овој со цвикерите.

Едно не ми е јасно... Зошто Флок влезе дури сега во храмот? Можеше и претходно да влезе но не го стори тоа.

Вториот пасус ти е прашањето, а првиот ти е одговорот.
 
Незнам зошто Саид го уби “мијаги“ и овој со цвикерите. Интересно ќе биде во наредната епизода каде ќе оди Бен. Бидејки сигурно ќе биде пресретнат од некого.

„Во него расте темнина и кога ќе стигне до срцето...“

Саид прејде on the other side. Флок очигледно не можеше да гу убие Доген самиот.

Инаку пишував порано за таа играта според која е наводно направен LOST, и за двајцата браќа (Џејкоб и Флок, може (не)пријатели во случајов) кои го манипулираат играчот дека другиот го лаже, се до крајот на играта.)

Јас очекувам Флок да биде лошиот тип, имаше еден куп показатели, дефинитивниот е оној со вагата во офисот на Џејкоб кога Флок симболизира дека темната страна победила.

Исто очекувам дека Џејкоб е добриот, ама не е така добар како во старите црно/бели серии.

Регрутирањето им е слично.

Флок им вика: направи ова за мене, ќе ти дадам ова и ова... (Саид)
Џејкоб им вика: ако го направам ова за тебе, ти ќе работиш за мене. (Доген, Џулиет.... не ми текнува сега други во моментов)
 
Конечно епизода со акција.Се надевам почнаа јаките епизоди.Лок ѕверуууу!!!:vozbud:
п.с. интересно е како почнуваат сите ликови да се запознаваат во алтернативното дејствие.
 
Значи ништо, онака бил сентиментален? :) Затоа што
тој можеше да го убие Саид, но го пушти откако топчето падна, што беше прикажано како некој сигнал/знак да го пушти...

Како и да е, отидов да спијам.

Па мислам немора се да биде египетска митологија и аристотелско теоретизирање, задоволи се со тоа. :)
 
Не мислите дека светилникот беше само изговор Џејкоб да ги извади Хуго и Џек од храмот?
Тој himself се појави на Хуго кажувајќи му за некој таен тунел што води надвор од храмот, инсистирајќи да го земе и Џек на таа мала авантура. А следниот ден се изврши takeover на храмот, каде секој мораше да одбере страна. Џејкоб знаеше дека ова ќе се случи, сакаше да ги држи како неутрални, да не излезе како Кејт, да тргнат со другите, а светилникот мораше да им го покаже, за да имаше смисла таа нивна авантура. Според мене.
 
Светилникот покажа како тоа Џејкоб гледал се, како ги следел „кандидатите“, и како би го правел истото наследникот на Џејкоб. Тоа е доволно засега, сигурно ќе се појави светилникот и друг пат... кога ќе најдат резервни огледала :)...
 
Светилникот покажа како тоа Џејкоб гледал се, како ги следел „кандидатите“, и како би го правел истото наследникот на Џејкоб. Тоа е доволно засега, сигурно ќе се појави светилникот и друг пат... кога ќе најдат резервни огледала :)...

Ги следел.

Сега кога веќе нема толкава потреба од светилникот, а очајно сакаше Џек и Хуго да го напуштат храмот, мораше да им покаже нешто awesome за кога ќе бара друг пат нешто од нив да слушат. Што ќе се случеше ако излегоа преку тајниот тунел и ги ебаваше со шетање низ џунглата? :D
 
ОК де, јасно е дека сакаше да ги извади од храмот. Во секој случај, се бара наследник на Џејкоб, кој би го добил офисот во пештерата, стопалото, храмот и светилникот...

За жал сето тоа ќе оди под вода...
 
Него, ако цела серија се сведи на Џек ќе си пукам во стапало.
 
Не беше лоша епизодава, а да не знае некој колку епизоди се планирани ? На wiki пишува 11 ама мислам дека ќе бидат повеќе многу е заплетено за да се објасни и реши се во 5 епизоди.
 
Не беше лоша епизодава, а да не знае некој колку епизоди се планирани ? На wiki пишува 11 ама мислам дека ќе бидат повеќе многу е заплетено за да се објасни и реши се во 5 епизоди.

Уште 10 епизоди + 2 часовно финале :) (=вкупно 12 епизоди) :)
 
Добра епизода, барем нема појче глупи сцени во The Temple. Толку очекував да видам внатрешноста, и таман ја видовме... :)

Барем сега ќе знаеме накај оди приказната, барем конечно нека се здружат/видат сите, глупо е вака одделено... Магијата е во односите меѓу ликовите... Уште да видиме Соер кај е... Интересно. :smir:
 
Флок им вика: направи ова за мене, ќе ти дадам ова и ова... (Саид)
Џејкоб им вика: ако го направам ова за тебе, ти ќе работиш за мене. (Доген, Џулиет.... не ми текнува сега други во моментов)

Мора да има некој твист на крај, едноставно мора!

Ако не приметивте, сите во алтернативната иднина без островот и Џејкоб, имаа подобри судбини.
Џек имаше дете, Хуго не беше прогонуван од бројките, а дури синот на Доген беше жив.

Ако не ви текнува, кога пристигнаа на островот, преку првата сезона дознавме дека сите тие биле мизерни предтоа, па сите работи кои се случуваа во следните сезони се базираа на нивната мизерност. Можеби Џејкоб е профи манипулатор, па дури и еднаков на Флок.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom