LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    291
Jughead e бомбата? Нели се согласивме дека е глупо ама е можно. Тоа не ја руши болдираната теорија зошто засега бомбата веројатно не е ни експлодирана.

Енивеј, дечково ја има мојата теорија која не сакам да се случи: важен е расплетот на островот, а се она што се случува после слетувањето на авионот, може да се случи како било, ништо не е релевантно. Не е поврзано едно со друго. Патем, тоа што го прикажуваат сега не го викаат flashbacks (FB), flashforwards (FF), tuku flashsideways (FS). Што исто зборува многу.

Исто она што кажав, зборовите на Џејкоб: THEY are coming!, се однесува на обземените Клер, Кристиан, Саид... едноставно нема други THEY. Тие се.

Во глобала, од прилика знаеме како ќе се одвиваат работите. А еве и едно спојлерче во врска со Клер и со дел од она што е наведено во теоријата:

Во едно интервју актерката изјави дека и се допаѓа твистот кој ќе се случи во 6-та епизода (веројатно кога ќе дознае дека Џек и е брат).

Дали ова значи дека тие што се обземени/инфицирани до збор ќе ги следат наредбите на Флок или пак ќе надвладеат емоциите и некои од нив ќе ја сменат страната?
 
Дали ова значи дека тие што се обземени/инфицирани до збор ќе ги следат наредбите на Флок или пак ќе надвладеат емоциите и некои од нив ќе ја сменат страната?

Мислам дека клер кристијан и саид не се со Флок. Џејкоб на Флок рече they are coming кога умираше и мислам овој изгледаше инзенаден.Од Која причина Џејкоб би му рекол такво нешто ако Флок знае за нив и тие се негови "следбеници"??Сепак мислам дека некоја трета страна е во прашање.
 
Го тргнав спојлерот немаше потреба.

Во право си, сега пуштив, епизодата ми е во компјутер. Флок навистина изгледа изненаден. За третата страна дискутирав некаде погоре, и јас очекувам нешто такво.

Но незнам зошто Кристиан и Клер ги ставате на различна страна. Што има различно меѓу нив двајца, кои се татко/ќерка и кои беа заедно во кабината?
 
They = преживеаните допрени од Џејкоб кои се враќаат во „сегашноста“ пошто беа во 1977. Џејкоб со тоа го предупреди Флок, кој после тоа беше уплашен. Џејкоб според мене знаеше дека ќе умри, и всушност го испровоцира Бен да го убие. Има план тој, 100%. :)
 
А зошто го предупредувал??? За сценски ефект :)

План има сигурно, премногу лесно умре.
 
А зошто го предупредувал??? За сценски ефект :)

План има сигурно, премногу лесно умре.

Да му дај до знаење дека не умре туку така, туку дека ТHEY се на негова страна и дека че го цица Флок. :D
 
Можеби сум офтопик али морам. На сите оние кои се љубители на Изгубени, јас ви ја препорачувам и серијата Harper's island. Многу заразна ствар, обавезно гледајте ја. Се состои од една сезона од 13 епизоди. Значи се работи за дваесетмина луѓе кои одат на остров (не е пуст островот) за двајца од нив да направат свадба таму. Али луѓето почнуваат да умираат еден по еден, и тоа од многу грозни убиства. Гледајте ја, нема да зажалите, јас лично сметам дека може да се рамни со Lost.
 
што се случи со Русо а што со бебето од сан . ??? или сеуште немет кажано ??????????
 
They како што некој кажа се преживеаниве од 815. Нели Џејкоб скоро сите ги посетил пред да паднат на островот, па некаде теоријава има смисла.

Тие се “неговите“ луѓе кои ќе бидат против оние на Флок.

Каков ќе биде расплетот, останува да видиме. Едино со 100% сигурен дека Џек ќе биде во последните мигови на LOST. Дали Лок, дали Кејт или некој друг кој ќе биде со него, но како по обичај Џек е последниот кој во секоја сезона го има завршниот збор. :)
 
Не се малтретирајте.
Знам како ке заврси.
Фактички сетоа тоа го има сонувано Џек,и на крај ќе с еразбуди.
 
што се случи со Русо а што со бебето од сан . ??? или сеуште немет кажано ??????????
Русо ја убија кога луѓето на Видмор дојдоја на островот по Бен, а бебето од Сан остана во ЛА кога се собраа Oceanic 6 и се вратија назад на островот.
 
Не се малтретирајте.
Знам како ке заврси.
Фактички сетоа тоа го има сонувано Џек,и на крај ќе с еразбуди.

Како си толку сигурен дека така ќе заврши серијата? И ако веќе си 100% сигурен дека крајот ќе биде таков не мислиш дека е подобро да не оставиш да си стигнеме ние самите до крајот и да си уживаме во серијата одколку ти уште на почетокот на крајната сезона да ни ја расипуваш возбудата и љубопитноста?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Веќе кажаа дека нема да биде таков крајот, така да...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom