LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    291
Нека ме потсети некој што беше ситуацијата со Клер...?

Во еден момент неа ја снема и повеќе не се појави до оваа епизода(освен во колибата)...умре или нешто слично?

Беше мистерија, веројатно до последнава епизода во која Последниот Самурај му кажа на Докторот дека она што се случува со Ирачанецот се случило и со Сестра му...

Дакле, ши из дед... веројатно...
 
Беше мистерија, веројатно до последнава епизода во која Последниот Самурај му кажа на Докторот дека она што се случува со Ирачанецот се случило и со Сестра му...

Дакле, ши из дед... веројатно...

Последниот Самурај мислам дека му се претставу на Џек како главен на луѓето во д'темпл...а за мене, тој човек појма нема што се случува, само му кажале дека д'темпл е безбедно место и сега чува работна сила таму т.е работи под команда на некој друг. Исто како и Бен што работеше под команда на фамозниот Џејкоб кој никогаш не го видел.
 
Не ја гледав во живо и среќен сум. :) Рекламите не ме отекоа. :pos:

Инаку не ми се верува Флок да влегол во некој од Саид, Клер или Кристиан. Сигурно нема да биде во неколку тела од еднаш. Наредната епизода е за Лок, па ќе се открие вајда тоа.

Џек со фризурава ми е ептен антипатичен. Обелена бакембарда... :tapp:

Чим сакаат да го убијат Саид, зошто на почетокот го спасуваа и Саид беше на списокот што Џејкоб му го даде на Хуго?

Клер редно време беше да се појави, и како што кажа некој погоре, она фактички живее живот како Русо. Стапици на секаде, се поставени од нејзе, не се оние на Русо.

Не дека беше претерано досадна, но неможеме од секоја епизода да очекуваме WOW ефект. Врз оваа епизода, ќе се надоврзат наредните. Сега нема никаква смисла, но верувам дека наредната со Лок ќе биде далеку поинтересна од оваа.


Не ти личи на ова кога се под шаторот? :pos:

 
Инаку не ми се верува Флок да влегол во некој од Саид, Клер или Кристиан. Сигурно нема да биде во неколку тела од еднаш. Наредната епизода е за Лок, па ќе се открие вајда тоа.

Чим сакаат да го убијат Саид, зошто на почетокот го спасуваа и Саид беше на списокот што Џејкоб му го даде на Хуго?

Клер редно време беше да се појави, и како што кажа некој погоре, она фактички живее живот како Русо. Стапици на секаде, се поставени од нејзе, не се оние на Русо.


  • Затоа предложив, MiB не влегува во телото, туку некаква материја со која ги контролира телата. Затоа што очигледно има повеќе од едно тело кои се под контрола.
  • Не сакаа да го убијат Саид, сакаа да го спасат. Откако „оживе“, му правеа некаков тест и утврдија дека тоа чудото (што и да е) што ги има обземено Клер, Кристиан и веројатно и Лок е во истата група, го обзема и Саид. Затоа сакаа да го убијат (макар што она апчето може да е отров за Џек, ама лек за Саид, се бива...)
  • Клер беше во кабината со Кристиан therefore оваа Клер што ја гледаме е веројатно обземена.


А додека сме кај кабината која беше целта на прашокот околу неа? Да му се забрани пристап на Смоуки? Или да го зачуваат смоуки внатре?Зошто наводно Џејкоб му се обрати на Лок со Help Me?Да не беше тоа Флок?

Илана исто така рече дека одамна Џејкоб ја напуштил кабината и дека нешто друго живее тука?

Јас мислам дека има уште една страна во целава оваа приказна и дека не се само Џејкоб и Флок со такви уникатни моќи...

Any Thoughts?! :smir:

Додека читав за игрицата, ми светна за она HELP ми за кое мислиме дека го кажал Џејкоб или Флок, и ми дојде една мисла. Прво за содржината на играта:

MystCover.png



ОК, значи се одвива на остров како нашиот. Играчот е некој Stranger, кој ги претставува Изгубените, веројатно во случајов Џек пошто тој е главен. Но јас ќе одам со една теорија дека пред Џек, Странецот бил Лок. Подоцна зошто...

На островот тој наоѓа две книги, во двете се заробени двајца браќа (формата очиглено не е книга, но браќата се Џејкоб и Флок). Во текот на играта, и двајцата браќа го манипулираат Странецот дека на другиот брат не може да му се верува. (Во нашиов случај, странецот е манипулиран од браќата преку преку Бен, Видмор итн...)

Странецот во текот на играта треба да помине низ неколку ери (различни временски периоди). Во нив треба да пронајде листови кои фалат од книгите во кои се заробени браќата (овде пак, некоја друга форма, друг работи).

Двајцата браќа му велат на Странецот дека не треба да чепка една трета книга зошто може да биде заробен во неа. Вистината е дека во неа се наоѓа татко им кои тие го заробиле (HELP ME...???)

Сега, да привршиме: има неколку можни краеви во зависност од тоа што ќе направи Странецот. Може да го ослободи едниот брат и да заврши затворен на негово место. Исто и другиот брат. Може да заврши затворен со татко им. И може да го ослободи татко им кој ќе ги казни синовите и ќе ги среди работите во основа...

Значи, ако Лок е избран да биде играчот (Странецот), веројатно е дека Лок веќе го ослободил едниот брат и се заменил со него (останал заробен или мртов или whatever). Братот (Fake Lock, Mib) е на слобода и го убива другиот брат (Џејкоб), нешто што не можел да го направи додека не бил „слободен“.

Решението би било Џек да го ослободи човекот кој викаше HELP ME, т.е. татко им на овие двајца, кој би ги средил работите.


Значи ова не е теорија туку претпоставка, пошто мора да има некој шокантен момент а тоа би било дека Џејкоб и MiB не се главните фаци туку има некој над нив и тој некој ќе се појави на крајот. Ако оваа игра навистина е земена како основа за LOST, тогаш работите би требало да одат по некоја ваква линија.

Засега, мислам дека гласот HELP ME, не е на Џејкоб нити пак на MiB.
 
  • Затоа предложив, MiB не влегува во телото, туку некаква материја со која ги контролира телата. Затоа што очигледно има повеќе од едно тело кои се под контрола.
  • Не сакаа да го убијат Саид, сакаа да го спасат. Откако „оживе“, му правеа некаков тест и утврдија дека тоа чудото (што и да е) што ги има обземено Клер, Кристиан и веројатно и Лок е во истата група, го обзема и Саид. Затоа сакаа да го убијат (макар што она апчето може да е отров за Џек, ама лек за Саид, се бива...)
  • Клер беше во кабината со Кристиан therefore оваа Клер што ја гледаме е веројатно обземена.
Добро, сепак ова е само твоја претпоставка.

За Саид, на почетокот го спасуваа но каков принцип им беше тестот штом утврдија дека “тоа“ го има обземено?

Чудото, сеуште не сме сигурни дека ги има обземено Клер и Кристиан. Пак ќе кажам, можеме да претпоставуваме, но дали е тоа така, неможеме да потврдиме.

Клер ја видовме со Кристиан, но не го видовме мртвото тело, како што е случајот со Лок.

Многу претпоставки, теории и што уште не... LOST не би бил тоа што е ако не ни ги демантира претпоставките. :wink:
 
Првото за материјата е претпоставка.

За Саид мислам дека е очигледно дека прво сакаа да го спасат а после тестот да го убијат.

За Клер, освен ако лаже Јапонецот, и се случило истото што и на Саид.

Кристиан е најмртов од сите :pos2:

П:С
настрана од тоа,

Кога Бен го убива Џејкоб, овој вели: THEY are coming.

Бидејќи освен Fake Lock не гледаме противник на Џејкоб (Ричард, луѓето во храмот... сите што останаа се со Џејкоб а Fake Lock e како Шварценегер во „Comando“), THEY би требало да бидат Клер, Саид, Кристиан и кој год нареден ќе биде обземен од "the darkness" како што го нарече јапонецот.

Глупо е Lock самиот да им ја скрши кичмата :)
 
Сеуште ја немам изгледано трета епизода од шеста сезона, но од она што досега беше, се повеќе мислам дека Џејкоб и тој другиот се вонземјани, суштества од друга далеку понапредна цивилизација, а островот е нивниот Вселенски брод (тоа горе-доле би ги објаснило чудните работи како што се патување низ времето, паралелни светови и останатото).

Во прилог на оваа моја претпоставка би ги спомнал:
- Моќниот извор на електромагнетизам кој го има на островот (ова е една од четирите фундаментални сили во природата), кој можеби служи за еден вид гориво на Островот (вселенскиот брод).

- Моментот кога Флок му рече на Бен дека за разлика од вистинскиот Џон Лок, тој сака да си оди од островот(каде би сакал да си оди - можеби на својата планета или во својот универзум-ако го прошират ова со паралелните светови).

- Исто така факт е дека тие многу време се тука на земјата, а дека многу религија и симболизам има вметнато во серијава што ја прави посебно интригантна и мистериозна.

Како и да е, серијава заедно со Prison Break, е една од најдобрите серии што ги имам гледано. Посебно ме привлекува елементот на мистериозност и сите оние работи што се надвор од досегот на реалноста.

Во врска со патувањето низ времето, какво и објаснување да дадат, тоа нема да биде целосно и задоволително. Овој феномен, кој теоретски не е невозможен, директно се судира со еден од законите на логиката, законот за причина и последица. Овдека во многу случаи последицата и претходеше на причината т.е. беше причина за самата себеси. Затоа многу физичари, меѓу кои и Стивен Хокинг, патувањето низ времето го сметаат за неостварливо токму бидејќи се судира со овој закон на логиката.
 
  • Затоа предложив, MiB не влегува во телото, туку некаква материја со која ги контролира телата. Затоа што очигледно има повеќе од едно тело кои се под контрола.
  • Не сакаа да го убијат Саид, сакаа да го спасат. Откако „оживе“, му правеа некаков тест и утврдија дека тоа чудото (што и да е) што ги има обземено Клер, Кристиан и веројатно и Лок е во истата група, го обзема и Саид. Затоа сакаа да го убијат (макар што она апчето може да е отров за Џек, ама лек за Саид, се бива...)
  • Клер беше во кабината со Кристиан therefore оваа Клер што ја гледаме е веројатно обземена.




Додека читав за игрицата, ми светна за она HELP ми за кое мислиме дека го кажал Џејкоб или Флок, и ми дојде една мисла. Прво за содржината на играта:

MystCover.png



ОК, значи се одвива на остров како нашиот. Играчот е некој Stranger, кој ги претставува Изгубените, веројатно во случајов Џек пошто тој е главен. Но јас ќе одам со една теорија дека пред Џек, Странецот бил Лок. Подоцна зошто...

На островот тој наоѓа две книги, во двете се заробени двајца браќа (формата очиглено не е книга, но браќата се Џејкоб и Флок). Во текот на играта, и двајцата браќа го манипулираат Странецот дека на другиот брат не може да му се верува. (Во нашиов случај, странецот е манипулиран од браќата преку преку Бен, Видмор итн...)

Странецот во текот на играта треба да помине низ неколку ери (различни временски периоди). Во нив треба да пронајде листови кои фалат од книгите во кои се заробени браќата (овде пак, некоја друга форма, друг работи).

Двајцата браќа му велат на Странецот дека не треба да чепка една трета книга зошто може да биде заробен во неа. Вистината е дека во неа се наоѓа татко им кои тие го заробиле (HELP ME...???)

Сега, да привршиме: има неколку можни краеви во зависност од тоа што ќе направи Странецот. Може да го ослободи едниот брат и да заврши затворен на негово место. Исто и другиот брат. Може да заврши затворен со татко им. И може да го ослободи татко им кој ќе ги казни синовите и ќе ги среди работите во основа...

Значи, ако Лок е избран да биде играчот (Странецот), веројатно е дека Лок веќе го ослободил едниот брат и се заменил со него (останал заробен или мртов или whatever). Братот (Fake Lock, Mib) е на слобода и го убива другиот брат (Џејкоб), нешто што не можел да го направи додека не бил „слободен“.

Решението би било Џек да го ослободи човекот кој викаше HELP ME, т.е. татко им на овие двајца, кој би ги средил работите.


Значи ова не е теорија туку претпоставка, пошто мора да има некој шокантен момент а тоа би било дека Џејкоб и MiB не се главните фаци туку има некој над нив и тој некој ќе се појави на крајот. Ако оваа игра навистина е земена како основа за LOST, тогаш работите би требало да одат по некоја ваква линија.

Засега, мислам дека гласот HELP ME, не е на Џејкоб нити пак на MiB.

Некаде дури прочитав дека некој од писателите спомнал или рекол нешто во врска со ова. Не се сеќавам точно што но мислам дека беше нешто во фазон на Џејкоб има поголем непријател и дека тоа не е Флок(MiB). Или можеби беше дека Флок има непријател и тоа не е Џејкоб. Така нешто ама ето не можам да најдам каде го прочитав ова...

Па можеби навистина има уште некоја страна на целава приказна.Саид Кристијан и Клер ( па можеби и Русо) се клучот...:smir:
 
Една теорија која ја прочитав од даркуфо околу „војната“, Флок, инфекцијата и сл. Батево има многу сериозен пристап, така да за секој случај ако не сакате воопшто спојлери, НЕ ЧИТАЈТЕ. Почнуваме:

MIB има моќ да завзема мртви тела, да ги преврти, да ги обземи. Тоа му се случи на тимот на Русо, и тоа и се случи на Клер. Клер умре уште кога тимот од бродот ги нападна во бараките. Таа умре и се врати пред да ја најди Сојер, исто како што и Саид умре и се врати. Кога Кристијан и пријде, таа му се придружи, бидејќи беше инфицирана, исто како и него. Затоа неговото тело исчезна. Кристијан понекогаш е дух, но понекогаш е вистински.

MIB (чудовиштето) создава перфектна армија! Армија од луѓе кои противниците нема да ги убијат. Кејт, Хуго, Џек и Џин можат да ги растепуваат „Другите“ колку сакаат, но како Кејт ќе го убие Сојер, кој Флок ќе се потруди да го придобие, или Џек својата сопствена сестра? Можеби заради ова Флок цело време се трудеше да биде Сан во негова близина, бидејќи планираше да ја „рекрутира“ и неа, контра Џин.

Ќе има војна, но војната ќе биди помеѓу преживеаните од летот 815, на различни тима. Ова ќе доведе до најтажните и најтрагичните моменти од серијата каде пријателите ќе убиваат пријатели, роднините ќе убиваат роднини. MIB има преголема психолошка предност.

Сега, не знам што е „кандидатот“, или кои се „Адам и Ева“, но верувам дека преживеаните од 815 ќе испоумрат. Сите ќе исчезнат, оставајќи ги единствено Џек и Флок живи. Најверојатно ќе има некој последен разговор помеѓу нив двајца, опфаќајки ја нивната вечна дискусија, судбина против слободна волја и зборувајќи за Островот. Џек ќе направи жртва. Ќе умри поради таа жртва, но ќе направи нешто неверојатно. Овде е моментот кога нешто ќе го натера Островот да потони помеѓу '77 и '04. MIB ќе биде поразен.

Во алтернативниот свет, во меѓувреме ќе гледаме чудни врски помеѓу карактерите и се ќе си дојди на свое место, било тоа тажно, било среќно, во секој случај, скоро сите ќе бидат живи, или како што заслужуваат (Сан и Мајкл ќе се спријателат, Хуго ќе трча по Либи, Лок ќе прооди, Чарли ќе се сретни со Клер, Сајид ќе ја најди Надја итн.) Ќе има позитивни и негативни работи, но сепак се ќе си биде на место за секој лик.

Ова е ултимативниот крај, но ова не го согледуваме се до крајната епизода, кога ќе ја видиме жртвата која Џек ќе ја направи со што ќе го победи MIB и ќе го потони Островот. После тоа, следува бела светлина, и го гледаме Џек во авионот, првата сцена од премиерата.

Не би бил изненаден ако последниот сегмент од финалето ќе биде затворањето на окото на Џек.


Ова ја потврдува и теоријата на ИоСоно.

Аааааама еве еден коментар на постираното:

Nice theory, but the reason the island is sunk in 2004 has already been revealed. Darlton have confirmed (in the newest TV Guide) that the island sank because of Jughead exploding.

Aх матер нивна. :nesvest:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Ike
Nice theory, but the reason the island is sunk in 2004 has already been revealed. Darlton have confirmed (in the newest TV Guide) that the island sank because of Jughead exploding.

Aх матер нивна. :nesvest:
Ова сепак ја потврдува мојата конфузна теорија :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom