LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    291
рејтингот на гледаност во америка опага затоа што американците се проста нација и немозат да ја сватат серијата, нема друго објаснување.
То е многу точно.:toe:
 
рејтингот на гледаност во америка опага затоа што американците се проста нација и немозат да ја сватат серијата, нема друго објаснување.

То е многу точно.:toe:

Јас мислам дека е делумно точно. Да бидам појасен, тие се многу проста нација, ама причините за падот на рејтингот не се тие.

Серијата си е хит, сигурно е една од најдобрите серии кои се појавиле во последно време. Но прво, ниедна серија не може да ја задржи истата гледаност од почеток до крај. Како проаѓа времето гледаноста опаѓа а некогаш големите падови на рејтингот се причина некои серии да завршат порано од предвиденото. За LOST колку што знам беа предвидени 6 сезони така да ќе си заврши како што беше планирано.

Но да се вратам на причините заради падот на гледаноста, покрај времетраењето кое е редовен фактор кај сите серии:

1. Серијата го достигна врвот на крајот на третата сезона. Првите три сезони беа апсолутна неизвесност и тензија. Во овој дел се запознававме и со животите на сите главни ликови што и даваше посебен драж на серијата. Да не беше комерцијализмот, нормален крај на една серија ќе беше заминувањето од островот, се разбира заедно со објаснување за причините поради кои островот е таков каков што е.

2. Се додека траеше пресметката меѓу групата патници и “другите“ траеше и напнатоста и тензијата во серијата. Откако едните и “другите“ станаа едно те исто, веќе нема борба, нема жртви и останува само чекање за одговорите во врска со островот.

3. Премалку одговори за 4 сезони, а се повеќе прашања. И на секое прашање истите одговори од типот: незнам, не можам да кажам, нема да ме разберете... Публиката очекуваше одговори кои не ги доби. Нормално е да се заинтригира публиката но тоа ги помина границите и голем дел од публиката е повеќе изнервирана одколку заинтригирана.

4. Time-travel ефектот како најлошо можно решение за објаснување на причините и тоа ќе се покаже по завршувањето на серијата, кога ќе излезат мал милион црни дупки и нелогичности во приказната.

5. Големата пауза помеѓу 4 и 5 сезона после која многу луѓе се оладија за серијата, па полесно им е само на најголемите фанови кои запамтиле поголем дел од предходната сезона, останатите нормално е дека не знаат кој пие а кој плаќа.

Има и други но не е битно. Со големо уживање ги изгледав првите 4 сезони но петтава ме разочарува и се надевам дека брзо ќе се поправи. Вкупниот впечаток за серијата и понатаму ми е одличен и понатаму ќе гледам без преголеми очекувања за да не се разочарам. Токму преголемите очекувања носат разочарувања и пад на гледаноста.
 
Помеѓу секоја сезона паузата е секогаш иста,од мај до јануари.А со time-travel сценаристите ќе се извадат од мрежата во која влегоја од 3-та сезона навака.
 
Помеѓу секоја сезона паузата е секогаш иста,од мај до јануари.А со time-travel сценаристите ќе се извадат од мрежата во која влегоја од 3-та сезона навака.

Првите три сезони започнуваа во септември/октомври и завршуваа во мај, значи паузата беше од мај до септември. Последниве две почнаа во јануари, јас мислев само последнава ама еве и предходната исто така. Тоа е претерано долга пауза. Датумите на излегување на сите епизоди ги има овде.
 
Да,да колега,моја грешка.Јас само последниве две ги рачунав.Сепак првите три сезони има преку 20 епизоди секоја,па разбирливо е да почнат септември/октомври.:wink:
 
Ова е најдобрата серија што ја имам гледано во мојот живот.На почетокот ми беше малку чудна но откако ја скопчав што е работата не сум испуштил ни епизода.
 
Ова е најдобрата серија што ја имам гледано во мојот живот.На почетокот ми беше малку чудна но откако ја скопчав што е работата не сум испуштил ни епизода.
И што е работата? Што скопча?:)
 
И што е работата? Што скопча?:)
И мене ме интересират???:vozbud:
Уствари не сакам да знам спојлери бе.Дечко шо и да си скопчал во црнила да го напишиш.:pos:
 
Од неделава Lost оди во директна конкуренција со American Idol. Ова многу лесно може и да значи крај на самата серија. Ретко која серија успеала да го преживее феноменот American Idol.
 
Од неделава Lost оди во директна конкуренција со American Idol. Ова многу лесно може и да значи крај на самата серија. Ретко која серија успеала да го преживее феноменот American Idol.

WTF? Ај дообјасни?
 
WTF? Ај дообјасни?

Amerikan Idol ти е најгледана емисија во америка и има двојно повеќе гледачи вкупно и тројно повеќе гледачи во целната демографија, од CSI која е на второ место. Се што оди спроти Американ Идол обично завршува со укинување. Затоа и сериите кои е критични ги ставаат во тие термини. Сега со промена на распоредот на Американ Идол оди директно против Лост. Во најмала рака ќе изгуби многу гледачи.
 
Мене ич не ми е гајле за гледачите таму. Јас битно да си гледам Лост:vozbud:
 
Мене ич не ми е гајле за гледачите таму. Јас битно да си гледам Лост:vozbud:
Од една страна да ама од друга страна ако паднат многу рејтинзите може и да на се сними шеста сезона.
 
Од една страна да ама од друга страна ако паднат многу рејтинзите може и да на се сними шеста сезона.
Шеста сезона е дефинитвно последна и не гледам можност за промена.Продуцентите на Лост се свесни дека гледаноста не е таа како во првите сезона,ама за укинување тешко дека ќе се решат.Серијата 24 моментално се емитува 7-ма сезона,а гледаноста им е скоро иста како Лост.Забораваш дека по завршување на една серија мора да се мисли на продажба на ДВД-а,сувенири и сл.Ако се укине сега серијата публиката ќе биде многу разочарана.Гледаноста на Лост надвор од Америка е огромна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom