рејтингот на гледаност во америка опага затоа што американците се проста нација и немозат да ја сватат серијата, нема друго објаснување.
То е многу точно.
Јас мислам дека е делумно точно. Да бидам појасен, тие се многу проста нација, ама причините за падот на рејтингот не се тие.
Серијата си е хит, сигурно е една од најдобрите серии кои се појавиле во последно време. Но прво, ниедна серија не може да ја задржи истата гледаност од почеток до крај. Како проаѓа времето гледаноста опаѓа а некогаш големите падови на рејтингот се причина некои серии да завршат порано од предвиденото. За LOST колку што знам беа предвидени 6 сезони така да ќе си заврши како што беше планирано.
Но да се вратам на причините заради падот на гледаноста, покрај времетраењето кое е редовен фактор кај сите серии:
1. Серијата го достигна врвот на крајот на третата сезона. Првите три сезони беа апсолутна неизвесност и тензија. Во овој дел се запознававме и со животите на сите главни ликови што и даваше посебен драж на серијата. Да не беше комерцијализмот, нормален крај на една серија ќе беше заминувањето од островот, се разбира заедно со објаснување за причините поради кои островот е таков каков што е.
2. Се додека траеше пресметката меѓу групата патници и “другите“ траеше и напнатоста и тензијата во серијата. Откако едните и “другите“ станаа едно те исто, веќе нема борба, нема жртви и останува само чекање за одговорите во врска со островот.
3. Премалку одговори за 4 сезони, а се повеќе прашања. И на секое прашање истите одговори од типот: незнам, не можам да кажам, нема да ме разберете... Публиката очекуваше одговори кои не ги доби. Нормално е да се заинтригира публиката но тоа ги помина границите и голем дел од публиката е повеќе изнервирана одколку заинтригирана.
4. Time-travel ефектот како најлошо можно решение за објаснување на причините и тоа ќе се покаже по завршувањето на серијата, кога ќе излезат мал милион црни дупки и нелогичности во приказната.
5. Големата пауза помеѓу 4 и 5 сезона после која многу луѓе се оладија за серијата, па полесно им е само на најголемите фанови кои запамтиле поголем дел од предходната сезона, останатите нормално е дека не знаат кој пие а кој плаќа.
Има и други но не е битно. Со големо уживање ги изгледав првите 4 сезони но петтава ме разочарува и се надевам дека брзо ќе се поправи. Вкупниот впечаток за серијата и понатаму ми е одличен и понатаму ќе гледам без преголеми очекувања за да не се разочарам. Токму преголемите очекувања носат разочарувања и пад на гледаноста.