Последните 2-3 дена ги изгледав сите 6 филмови одново...
Да бидам искрен, не мислев дека одново и ќе се заљубам.
LOTR дали пристрастно на база детска љубов игра или тоа што се гледа дека со љубов е праено и снимено се, секогаш ќе ми е при срце, магично, познато... По не знам колку пати повторување, секогаш уживам, а ги изгледав овојпат за полесно да ги спојам со Хобитот. Овие филмови се само за маратон, никако друго.
Unexpected Journey првиот пат сум го гледал нормално дома, но во исчекување на почетоков на трилогијава мислам дека сум бил премногу дарежлив. Колку и да имаше дух на авантура, сепак не заслужува 5 од 5 како што оригинално сум го оценил. Сепак изгледа прекрасно и служи како солиден jump start. Mи се допадна сетингот како е прикажан кај Гоблин Кралот, ме потсети многу на Dark Souls, игра со која тогаш бев опседнат. Мислам дека ова ми е само второ гледање на овој дел, и одма после гледањето на ЛоТР продолжив и малку ми спласна поради недостиг најверојатно на контент. Eдно долго гонење за на крај да кулминира со качување по дрвја и да ги нападат ворговите со запалени шишарки и орлите да ги однесат... антиклиматично некако цел филм.
Desolation of Smaug ми е трето гледање, првиот пат во нашето кино со 48 фрејма 3д, тогаш ефектите ми го направија флуиден, и иако многу се жалеа на пречење и главоболки мене многу полесно ме впи филмов на сметка на тоа. Кога излезе блуреј со додатоците го изгледав пак и убаво се држеше. Премногу CGI и ако ги гледаш сите филмови наеднаш, ваква промена е малку негативна промена, фалеа простетиките и шминките ко оние на Урук Хаи, но сепак се потрудиле максимално па Азог пример не изгледаше многу лошо и веќе сме навикнати поради веќе првиот дел плус и црната дамка која ќе остане од Гоблин Кралот. Aма тука веќе го насеќаме злото зад завесата, влоговите се поголеми, Гандалф е заробен плус имаме сега веќе и змеј!
The Battle of the Five Armies... трет пат исто, и o боже, наспроти целиот хејт кон филмов, овој ми е омилен и најблиску до ЛОТР. Првиот пат го гледав во кино за кај што е правен филмот. IMAX со смог, со клаткање седишта, со стрели низ глава минење... буквално беше искуство, и поради тоа го обожавав. Секако исто како вториот дел, го изгледав блуреј кога искочи. Овој го има најдобриот опенинг, Смауг у поход горејќи го Лејктаун, првиот пат кога го гледав имав чувство како да пловам со кајче низ водата и јас, одлична камера, одлилчни ефекти, ежење... Тогаш продолжуваат со соочување со кхм некромансерот, и битката против него и деветте напсроти Гандалф, Саруман, Елронд и факинг Лејди Галадриел... аудио, визуелно... секакво причинителско задоволство! И тука може да хејтаме дека усерале со неадекватно прикажаната битка на петте армии, ама мене ми е исто меморабл како таа пред Хелмс Дип и Минас Тирит. Или да се хејта дека љубовта меѓу Кили и новата елфка не е на ниво на Арагорн и Арвин ама приказната со џуџињата и конфликтот со елфовите беше интересно да се следи, а и змејската болест на Торин исто... се на се, според мене комплетен филм од секој аспект.
Мака ми е што нема да видиме други филмови, сиквели, приквели, истите луѓе...
Отворив да видам до кај се со серијата овие од Амазон, и изгледа ќе е приквел, за создавањето на прстените... што е ок. И сериозно ја фатиле работата, затемнети прозорци, фингрпринти инсталирање... мора да се спречи проток на информации.