Lord of the Rings трилогијата + Хобитот

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.362
Поени од реакции
38.336
Чекајте, сакате да кажете дека сте возбудени за серијата? Тоа ќе биде загарантирано потфрлување. Хобитот беше потфрлување, што да се очекува од телевизиски проект со помал буџет и потесен распоред.

И иста приказна. Синот на Толкин има изјавено дека ако треба од глад ќе умре ама не ги откупува правата за другите дела на татко му. Тоа значи на располагање им е само материјалот од LotR и Хобитот.

А да не ни почнам за политичките срања што ќе пробаат да ни ги напикаат во уста. LotR (филмот) беше толкав успех затоа што немаше јасни паралели со духот на нашево време, може да се гледа и после 100 години и да го остави истиот впечаток.

Дај Боже да грешам.[DOUBLEPOST=1510340283][/DOUBLEPOST]
Во главните улоги :D

Првите два дела беа добри од хобитот. Ова со црниов Гандалф не можам да го сфатам само околу новата серија.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.568
Поени од реакции
17.968
Јебала вас политичка коректност, и обавезно да се фрли светло на црни робови, и по можност главните јунаци да бидат геј пар. А може и рап трака ко саундтрак да иде на шпица.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.362
Поени од реакции
38.336
Доста белците му го јадеа лебот на црниот работлив човек
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
А да не ни почнам за политичките срања што ќе пробаат да ни ги напикаат во уста. LotR (филмот) беше толкав успех затоа што немаше јасни паралели со духот на нашево време, може да се гледа и после 100 години и да го остави истиот впечаток.
LotR е тотален опозит на вредностите на денешниот свет: материјализам, кукавичлук, себичност, толеранција, еднаквост.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.948
Чекајте, сакате да кажете дека сте возбудени за серијата? Тоа ќе биде загарантирано потфрлување. Хобитот беше потфрлување, што да се очекува од телевизиски проект со помал буџет и потесен распоред.

И иста приказна. Синот на Толкин има изјавено дека ако треба од глад ќе умре ама не ги откупува правата за другите дела на татко му. Тоа значи на располагање им е само материјалот од LotR и Хобитот.

А да не ни почнам за политичките срања што ќе пробаат да ни ги напикаат во уста. LotR (филмот) беше толкав успех затоа што немаше јасни паралели со духот на нашево време, може да се гледа и после 100 години и да го остави истиот впечаток.

Дај Боже да грешам.[DOUBLEPOST=1510340283][/DOUBLEPOST]
Во главните улоги :D

Аииии Гандалф црнец , Арагорн црнец и врвот ................................... ГИМЛИ ЦРНЕЦ !!!! :oleee:
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.948
Ама барем Голум е белец...
Па не сфаќаш дека злото се крие само во белите луѓе . Да не беа белите луѓе немаше да постои ни ропството, ни расизмот, ни нацизмот ни останатитите изми .
 

вован1

http://1917.gq/jy/jyindex.htm
Член од
10 декември 2017
Мислења
148
Поени од реакции
247
"властелин'т на пр'стените". доб'р филм. особено п'рвата част. тја е по-хубава.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Мене ми е најомилен филмов. Освен тоа љубител сум на нордиска митологија и елфовите ми се омилена раса. Омилен лик ми е Леголас.
Ми се допаѓа вистинската љубов помеѓу Арагорн и Арвен, самовила и смртник. Приказната е одлично развиена. И покрај тоа што злото е многу моќно сепак надежта за подобро утре не е изгубена и сите се борат до последен здив. Интересни ми беа Леголас и Гимли како се такмичеа кој повеќе орки ќе убие. И ми се допаѓа во третиот дел кога Арагорн ќе пристигне со духовите и ќе ја спаси ситуацијата на која Гандалф добро и се држеше дур да дојде он.
Едноставно колку и да го гледам не ми е досаден, го обожавам и уште многу ќе го гледам.

Каде можат да се најдат книгите на Толкин?
Провери во рамстор, видов дека има нешто на англиски, не сум сигурен за македонски.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
upload_2018-3-30_5-47-23.png

upload_2018-3-30_5-47-41.png

upload_2018-3-30_5-48-2.png

Морав, првпат го гледам меме темплејтов и од старт омилен:pos::pos::pos::pos::pos:[DOUBLEPOST=1522381789][/DOUBLEPOST]Такси сервис бе, ТАКСИ :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:, поласаат се смеам еј :pos:
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Последните 2-3 дена ги изгледав сите 6 филмови одново...
Да бидам искрен, не мислев дека одново и ќе се заљубам.

LOTR дали пристрастно на база детска љубов игра или тоа што се гледа дека со љубов е праено и снимено се, секогаш ќе ми е при срце, магично, познато... По не знам колку пати повторување, секогаш уживам, а ги изгледав овојпат за полесно да ги спојам со Хобитот. Овие филмови се само за маратон, никако друго.

Unexpected Journey првиот пат сум го гледал нормално дома, но во исчекување на почетоков на трилогијава мислам дека сум бил премногу дарежлив. Колку и да имаше дух на авантура, сепак не заслужува 5 од 5 како што оригинално сум го оценил. Сепак изгледа прекрасно и служи како солиден jump start. Mи се допадна сетингот како е прикажан кај Гоблин Кралот, ме потсети многу на Dark Souls, игра со која тогаш бев опседнат. Мислам дека ова ми е само второ гледање на овој дел, и одма после гледањето на ЛоТР продолжив и малку ми спласна поради недостиг најверојатно на контент. Eдно долго гонење за на крај да кулминира со качување по дрвја и да ги нападат ворговите со запалени шишарки и орлите да ги однесат... антиклиматично некако цел филм.

Desolation of Smaug ми е трето гледање, првиот пат во нашето кино со 48 фрејма 3д, тогаш ефектите ми го направија флуиден, и иако многу се жалеа на пречење и главоболки мене многу полесно ме впи филмов на сметка на тоа. Кога излезе блуреј со додатоците го изгледав пак и убаво се држеше. Премногу CGI и ако ги гледаш сите филмови наеднаш, ваква промена е малку негативна промена, фалеа простетиките и шминките ко оние на Урук Хаи, но сепак се потрудиле максимално па Азог пример не изгледаше многу лошо и веќе сме навикнати поради веќе првиот дел плус и црната дамка која ќе остане од Гоблин Кралот. Aма тука веќе го насеќаме злото зад завесата, влоговите се поголеми, Гандалф е заробен плус имаме сега веќе и змеј!

The Battle of the Five Armies... трет пат исто, и o боже, наспроти целиот хејт кон филмов, овој ми е омилен и најблиску до ЛОТР. Првиот пат го гледав во кино за кај што е правен филмот. IMAX со смог, со клаткање седишта, со стрели низ глава минење... буквално беше искуство, и поради тоа го обожавав. Секако исто како вториот дел, го изгледав блуреј кога искочи. Овој го има најдобриот опенинг, Смауг у поход горејќи го Лејктаун, првиот пат кога го гледав имав чувство како да пловам со кајче низ водата и јас, одлична камера, одлилчни ефекти, ежење... Тогаш продолжуваат со соочување со кхм некромансерот, и битката против него и деветте напсроти Гандалф, Саруман, Елронд и факинг Лејди Галадриел... аудио, визуелно... секакво причинителско задоволство! И тука може да хејтаме дека усерале со неадекватно прикажаната битка на петте армии, ама мене ми е исто меморабл како таа пред Хелмс Дип и Минас Тирит. Или да се хејта дека љубовта меѓу Кили и новата елфка не е на ниво на Арагорн и Арвин ама приказната со џуџињата и конфликтот со елфовите беше интересно да се следи, а и змејската болест на Торин исто... се на се, според мене комплетен филм од секој аспект.

Мака ми е што нема да видиме други филмови, сиквели, приквели, истите луѓе...
Отворив да видам до кај се со серијата овие од Амазон, и изгледа ќе е приквел, за создавањето на прстените... што е ок. И сериозно ја фатиле работата, затемнети прозорци, фингрпринти инсталирање... мора да се спречи проток на информации. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom