Многу поинтересен и побогат дел за црпење на идеи е втората ера за разлика од животот на младиот Арагорн како што имаше некои шпекулации. Само да не заебат работа со пикање на денешните политики, идеи и останати форсирани размислувања во серијава само за да задоволат една група на луѓе. Имаат феноменални настани за прикажување, како правењето на прстените, создавањето и падот на Нуменор, Ар Фаразон, создавањето на Гондор и Арнор, последната алијанса на Луѓето и Вилениците, Елендил, Гил Галад итн. Феноменални настани и ликови, само се надевам дека креаторите ќе бидат одлучни за реалното доловување на ликовите на сцена според книгите, со минимални дополнување и промени.