K
kaiser soze
Гостин
За Пандев воопшто не се согласувам дека не бил корисен вчера.Да,не беше многу забележителен во играта на Интер,ама тоа што му било од Мурињо дадено како задача,веројатно маркирање на левата страна одлично го сработи.Да,тоа го кажал Анчелоти,ама и навистина е така.Значи,синоќа напаѓачката позиција и неговата креативност кои се многу поефективни во и оклу шеснаесетникот беа жртвувани за сметка на тактиката,односно доброто на тимот.Веројатно во услови кога Интер би требало да брка резултат и да напаѓа,Пандев не би се снашол добро,а сигурно и нема да се најде на таа за него неприродна позиција.
Исто и во проигрувањата беше точен,имаше и некои пасови`ала` Снајдер,особено оној кон Маикон,тоа што овој такво врвно додавање не ефектуира е друга работа.
Не е фер да се каже оти одигра совршен натпревар,исто како што е нечесно да се рече оти имал слаб меч,ама според мене тоа што Мурињо како тактичка задача му го дал,овој одлично си го заврши.