Лига на Шампиони 2009-2010

  • Креатор на темата Креатор на темата GavolRulz
  • Време на започнување Време на започнување
Пандев и Ето вчера имаа повеќе дефанзивни задачи, да играат по аут линиите и да ги неутрализираат бековите на Челзи. Ето го постигна голот кога се смени формацијата на 4-4-2 и Ето се префрли онаму каде што е најопасен. Двајцата беа жртвувани заради тактиката и одиграа одлично, Анчелоти тоа јавно го призна.

Пандев може да постигнува голови во формација со два напаѓачи (тој да е едниот), исто како и Ето. Ако му се укаже шанса во таков натпревар, сигурно ќе ја искористи за гол.

неможе да се тврди дека сигурно ќе ја искористи нема некој што никад не промашува коај игра шпиц... ако гледаш така пандев вчера имаше најчиста ситуација па не ја искористи! Не викам дека пандев не е кадарен,баш е добар и све ама милито и ето важат за доста по-опасни од него!
 
не гледам ништо интересно у финалето барселона-арсенал, барселона ќе ги истресе ко деца свои и ќе гу прати рикверц у Лондон! Ни па Пандев би бил некоја клучна фигура за интер ако достигне финале против барселона евентуално, зашто можеме да го фалиме до утре бидејќи е наш, ама и вчера видовме дека беше најслаба карика во цела екипа.
Според мене достојно финале би било финале помеѓу некои ид Манчестер Јунајтед, Барселона или Интер зошто и се до сега покажува дека тие се најсериозни кандидати за титула!

Не мислев баш интересно во смисла на неизвесност туку ќе биде интересен фудбал за око, за неутрални фанови, знаејќи каков фудбал негуваат двете екипи... А за тоа дека Барса ќе ги истресе така лесно не можеш да бидеш толку сигурен, фудбал е, видовме што и се случи на Барса во првото полувреме против Штутгарт, а и Арсенал не се баш за потценување покрај искусните Галас и Кемпбел во одбраната, брзите играчи (а знаеме колку е Барса ранлива на контри) и при евентуално враќање на Ван Перси до финалето би биле уште поопасни.

За Пандев. Јас кажав само што посакувам, а не што мислам дека ќе се случи :) А дали не би бил клучен играч во евентуалното финале не можеш да предвидиш.
За вчера, кај го виде најслаба карика не знам, што направи повеќе еве Милито на пример. Вчера Пандев не играше на позицијата каде што е најдопасен.
 
Ок тогаш да не збориме пред рака.... ќе има пандев уште 2 натпревара минимум да се докаже, дај боже да покаже дека не сум у право.. па ќе видиме како ќе се одвива натаму
 
неможе да се тврди дека сигурно ќе ја искористи нема некој што никад не промашува коај игра шпиц... ако гледаш така пандев вчера имаше најчиста ситуација па не ја искористи! Не викам дека пандев не е кадарен,баш е добар и све ама милито и ето важат за доста по-опасни од него!

Убаво ти кажуваме ама не не разбираш: вчера имаше една шанса. Толку може да има на таа позиција која ја играше. И Ето имаше две шанси, Милито една, Мота една. Толку беа шансите.

Кога игра класичен шпиц ќе има повеќе шанси и повеќе можности да погоди. Ето на пример во 4-4-2 би имал уште 2-3 шанси +, но овој натпревар бараше друга формација и други задачи.

Пандев и Ето вчера беа многу добри не заради шансите и голот, туку затоа што оние задачи кои им ги даде Мурињо 100% ги исполнија.

Инаку се разбира, сите сакаме ад го гледаме Пандев во улога на напаѓач и стрелец. Ќе има и такви натпревари. Во повеќето натпревари во кои Пандев имаше таква улога, имаше или гол, или асистенција, или двете.
 
Пандев е доста послушен и вреден играч, што ќе му се каже гледа да го исполни тоа максимално. Затоа Мурињо го остави Балотетли во Милано, затоа што може од глупавост да изиграва најистурен напаѓач (поради неговата незрелост и тврдоглавост) и средината да ја остави да виси. Пандев освен шансата за гол, каде што истрча доста и појде од центар, не се помести од центарот каде по левата страна надополнуваше а Занети се посвети комплетно во одбрана и не му даде на анелка да мрдне. По излегувањето на Пандев Занети се подотвори и почна да оди напред бидејќи со излагањето на пандев мораше некој да ја надополни таа празнина.
 
посветено на Челзијашите, :smir:

Chelsea Chelsea I believe that when your dancing
Slowly sucking your sleeve
That all the boys get lonely after you leave
And it's one for the Dagger and another for the one you believe
 
Ако гледаше некој првиот меч Интер-Челзи ќе забечежеше дека Иванович партал правеше по неговата страна исто и Калу не другата.Во гости Мурињо постави одлична тактика не се виде Иванович.А еден од најзаслужните за тоа е Пандев кој играше вчера средина а не напаѓач.
Овде се гледа кој играч каде се движел притиснете на Пандев и видете.
 
8.66 km за 75 минути за него, воопшто не е лошо :)
 
Се слагам со интериста, знаеме дека Пандев е најдобар како напаѓач и како полушпиц но како играч што знае да чува топка, да се гради, и да подаде комотно може да се стави и како крилен напаѓач кој вчера имаше повеќе дефанзивна улога и најважно да го запре Ивановиќ во офанзивни пробиви. Мислам дека Мурињо го цени и вчера претрча многу, имаше голем удел исполнувајќи ја тактиката на Интер. Ова е ново за него, можеби првпат има дефанзивна улога и солидно ја исполни.
 
Ете го коментаторот, ми се присра -.-
 
Боби[Мкд];3404547 напиша:

Нормално дека се слагаш, двајцата сме Интеристи :pos:

Ете го коментаторот, ми се присра -.-

И мене... се префрлив на албански, не го разбирам човекот, ама многу подобро ми звучи :)
 
Бордо со рано постигнат гол мислам дека ја завршува приказната околу патникот од тој дуел....невозможно е според мене да Олимпијакос постигнат 3 гола и го исфрлат Бордо
 
посветено на Челзијашите, :smir:

Chelsea Chelsea I believe that when your dancing
Slowly sucking your sleeve
That all the boys get lonely after you leave
And it's one for the Dagger and another for the one you believe
Рековме без провокации ама ок, памти си го постов :smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom