¯
¯\_(ツ)_/¯
Гостин
За ова што напиша,глупо е некој да користи било какво средство за смирување,ама знам повозрасни луѓе кој земаат,и според мене оправдано (проблеми во бракот,проблематични деца итн).Што за вас претставуваат сретствата за смирување. Дали им се потсмевате на оние кои ги користат поради нивната слабост во контролирањето на тешкотиите и проблемите.
Живееме во 21 век на секојдневни бурни промени, на неправди и неограничувања, намуртени лица и непријатни зборови. Колку сето она што се случува околу вас влијае на вашата психа и колку можете да го контролирате. Следствено, дали понекогаш едноставно ви се неопходни сретства за смирување. И дали сметате дека подобро е да испијам еден лексилиум за да се смирам, отколку да го оптоварувам срцето со тахикардиите од секојдневните возбуди.
Сепак, кое е за вас значењето на лексилиумот(т.е. на сретствата за смирување), го оправдувате ли неговото користење, во кои случаи го оправдувате, во кои не?
Темава ја отворам овде а не во Здравје, зашто би сакала една општа дискусија која не се ограничува само со здравствените аспекти на сретствата за смирување.
Јас никогаш не сум ни помислил да земам,а сум имал ситуации кога сум помислел да скокам од балкон
