Ако ти раскинал дечкото/девојката, ако си паднал година, ако си само љубопитен, или некоја слична ствар, тогаш лексилиум или слични средства за смирување апсолутно не се потребни.
Друга е приказната ако седативи или анти-депресиви ти препишал специјалсит(читај психијатар и др.) или пак ако употребата е само епизодна во случај на лична трагедија, скраја било. Тогаш нема ништо страшно во тоа да се напиеш. Но, само тогаш.
Инаку, имам искуство со ваквите средства, затоа што до пред две години не ги употребував, туку ги ЗЛО-употребував. Што од адолесцентски хормонален дисбаланс, што од емо филм, што од ситни проблеми, а што од љубопитност, нешто што почна како 1-2 апчиња на недела, се претвори во секојдневно пиење на шака разно разни седативи и анти-депресиви. Дојдов до точката кога се претворив во апатично зомби, без воља да стане од кревет, а камо ли нешто повеќе. Тогаш сфатив дека морам да си побарам помош.Го направив тоа, и сега можам да кажам дека целиот тој хаос е позади мене. А оние кои мислат дека тргањето од такви апчиња е лесно, верувајте не е.Освен психичката зависност, имав и физички манифестаџции на почетокот од апстиненцијата.Но, среќна сум што успеав да ја издржам.
Сега кога ми се случуваат бури во животот, викам и кажувам она што мислам наместо да преќутувам, си правам купка, палам миризливи свеќи,сликам,пишувам, ако треба пре ќе скршам некој предмет,ма било што, наместо да се кршам ко личност како што правев со таблетите. И чувството е неизмерно подобро после тоа, отколку после неколку седативи.
А, конкретно околу лексилиумот. Тоа е застарен седатив, кој страшно ја оптоварува јетрата и е неизмерно штетен за здравјето на младите особи. За психичкиот крш што го прави при негова редовна и неоснована (зло)употреба, не сакам ни да зборам.
Затоа страшно ми е тешко кога ќе видам здрави, убави девојчиња и машки како за некои ситници се уништуваат себе со вакви тешки средства. Сметам дека е крајно време да се применат многу поригорозни мерки при продавање на лекови од овој тип, како и тоа дека е неопходно родителите малку повеќе да го набљудуваат однесувањето на своето дете и навреме да ги препознаат евентуалните проблеми.
Се на се, изричито сум против вакви седативи и слични средства за смирување.