Филипсите имаат некои заебанции. Јас со еден пријател зедовме заедно во исто време. Јас еден он два зеде. Двата негови се “расипаа“ пред да истече гаранцијата поточно имаше проблеми со палењето и гаснењето. Не сум сигурен како беше но ако го изгаснеше со далинско мораше прво да го ислучи од штекер па за да го уклучи. Кај мене еве веќе 4-5 години нема проблем. Само да напоменам двата кај него се деси истото. Едниот скоро и да не го користеше во дуќан му седеше као за да врти реклама ама многу ретко го пушташе. Е сега јас еднаш му правев апдејт на софтверот преку USB и мислам дека поради тоа кај мене не се јави тој софтверски проблем. Надградувањето мислам дека имаше во опциите во менито така што ставаш USB каде откако ќе одбереш апдејт на стикот се снима линк за да се спушти надградувањето. Со USB то на компјутер си го спуштив фајлот и после пак во телевизорот си одбрав за надоградба и се апдејтира. Моја претпоставка е дека затоа кај мене не се појави проблем.
Инаку да напоменам ги носеше двата на сервис дека му беа под гаранција но не можеа да го средат. Требаше да пробаме и кај него за надоградба ама денес утре и на крај си купи нов
. Затоа од тогаш филипсот не го сакам многу и некако понажута слика ми дава. Јас сакам поладни бои.