LCD телевизори

Член од
22 јуни 2007
Мислења
34
Поени од реакции
0
Не знаев баш кај да го ставам ова, па решив во хардвер зашто освен како телевизори овие LCD-то и Plasma-та се користат и како монитори, епа сега прашањето ми е што е подобро еден LCD телевизор од 40" или еден Plasma телевизор од исто така 40", но сепак главнато прашање е што е подобро од овие две и зошто? Mоже да правите споредба и меѓу различни големини на овие телевизори.
 

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
LCD дефинитивно. Поекономични се, поквалитетни и не може да се случи Screen burn-in како кај плазма екраните.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
LCD. Различни технологии, подобра слика, подолг век на траење (работни часови).
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Liquid Crystal Display се најдобри во моментов...
 
Член од
22 јуни 2007
Мислења
34
Поени од реакции
0
А добро плус ме интересира LCDто што го гледав беше со HDTV а Plasma-та со HD-ready? Дали и LCD-to ќе дава добра слика на кабловска, сателитска, играње игри и др или пак Plasma-та води во некои од овие области?
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
LCD води во сите области. Подобри се, поквалитетни, поскапи. Едно нешто да внимаваш. 42" LCD непостои иако во некои флаери има 42" LCD. Поточно само во АМЦ има такви глупости:pos:.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
А добро плус ме интересира LCDто што го гледав беше со HDTV а Plasma-та со HD-ready? Дали и LCD-to ќе дава добра слика на кабловска, сателитска, играње игри и др или пак Plasma-та води во некои од овие области?
Друже, HDTV (HD Ready) oзнаката нема врска со квалитетот на сликата кој го прикажува телевизорот доколку немаш HD сигнал. Со оглед на тоа дека нашите телевизии во наредниве 10 години сигурно нема да бидат HDTV : )

A во АМЦ има секакви (кинески) глупости : )
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Хаха да за АМЦ вистина,него јас се мислев дека плазма се најдобри. Не сум се распрашал али не знаев дека LCD биле подобри,а првпат слушам поскапи :)
 
Член од
22 јуни 2007
Мислења
34
Поени од реакции
0
Добро е не влегов во АМЦ, ама да видов во техномаркет 40", а и на нивната страна.Башка дечкото ми објасни дека за кабловска,сателитска и играње игри била подобра плазмата и не видов ниту една плазма уклучена на висока резолуција односно на HD за разлика од LCD телевизорите кои стварно беа добри и малце по солени.На некој форум читав за LCDто дека имало лагови на сликата при играње или сецкање кога се гледало нешто брзо, како на пример некоја трка со автомобили и др.
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Вака сеа, LCD се далеку подобри од плазма, но ако ти треба телевизор поголем од 32 инча ке мора да земеш плазма оти LCD идат до 32 максимум.

А за HDTV не се гњавете многу, како што кажа Мистичен, ке ја има таа технологија кај нас за едно 10 години. Едино ако имате PS3 или X360 па да се секирате за HD.
 
Член од
22 јуни 2007
Мислења
34
Поени од реакции
0
Во техномаркет пишува LCD 40".Не знам дали е LCD или Plasma.
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Добро е не влегов во АМЦ, ама да видов во техномаркет 40", а и на нивната страна.Башка дечкото ми објасни дека за кабловска,сателитска и играње игри била подобра плазмата и не видов ниту една плазма уклучена на висока резолуција односно на HD за разлика од LCD телевизорите кои стварно беа добри и малце по солени.На некој форум читав за LCDто дека имало лагови на сликата при играње или сецкање кога се гледало нешто брзо, како на пример некоја трка со автомобили и др.
Дечкото врска нема, тоа што ти го кажал он, менаџерот му рекол да го кажува. А за тоа што си го прочитал на форум, мора да бил некој стар пост од 2002-2003 бидејки LCD-ата одамна го немаат тој проблем.
 
Член од
22 јуни 2007
Мислења
34
Поени од реакции
0
Леле сега стварно сум збуент??? Сакам да купам LCD a нема поголеми од 32", па сега морам да купам Plasma и типот да ме лаже дека е LCD?? Стварно не капирам а сакам да земам нешто од овие две ама да биде околу 42 и да биде добро??
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Toj дечкичот во продавницата стварно ги измешал работите од обуката изгледа - кога станува збор за лаг при брзи движења, плазмата има далеку поголем лаг и сликата станува една голема размачканица.

Плазмата е позастарена технологија кога станува збор за телевизори. Самата технологија не дозволува многу перформанси, квалитет, животен век - барем за сега, на нивото на стадиумот на кој е усовршена.

За тоа до колку инчи идат максимум не сум сигурен.

Исто така, друг битен момент при купувањето - обрни внимание на контрастот. Ова ретко кој од продавачите ќе ти го спомне бидејќи имаат на залиха позастарени модели кои ги рекламираат со ефтини цени, токму во тоа е финтата. Знам во АМЦ рекламираа прилично големи телевизори за мала цена, ама контрастот е 1:500 (у превод, дома ќе треба да ти е тотален мрак за да гледаш јасно). Мојот на пример има контраст 1:3000, и на директна сончева светлина кога е изложен нема гајле.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom