Се јавив техномаркет, прво женската не знаеше шо е 3ДТВ, после ми рече не продаваме Самсунг телевизори (на насловна имаат Самсунг
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
) после ми вика ај почекај малце. Па откако три пати се потруди да ги тури сите апарати со нејзиното дерење : "ЈАНЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!!!!!!!!!!!!!!", Јане дојде.
Јане: Повелете.
Јас: Сакав да ве прашам дали добивте 3Д телевизори, имаше реклами на телевизија за Самснуг 3Д ТВа.
Јане: Продадовме една 37ица, 75 илјади денари.
Јас: Нови ќе добиете?
Јане: Наскоро
Јас: А наочари одат со ТВто или мора посебно да се купат?
Јане: Нема наочари, касно е тоа за нас (мислеше рано е).
Јас: Епа како ќе го видиме 3Д ефектот без наочари?
Јане: Епа нема сигнали сеуште.
Јас: Како нема? Има некој ДЕМО диск, некое демо видео. Playstation 3ката веќе има 3-4 бесплатни 3Д демо игри.
Јане: Не сум информиран.
Јас: Фала пријатно.
Абе зошто вакви луѓе работат таму? Го жалам чоекот што дал 75 илјадарки , мада и не сум сигурен дали е биден 3Д телевизор.