Дечки, ми треба мислење
Деновиве барам ТВ за користење со playstation4 и nexus player, значи не ми треба ништо од смарт, 3д, webOS, tizen, никакви глупости. Ми треба само добра слика, звук, и 2-3 хдми порти. Типот во нептун ми рече ако ми треба за гејминг на ps4 да пазам на "вистинските" херци а не тие што ги пишува на брошури/флаери ако ми треба (појма немам на што мислеше).
Цена барам негде измеѓу 20.000 и 35.000 и бараќји на сајтовите од amc, neptun, setec, technomarket ги издвоив овие два како најдобри варијанти:
http://setec.mk/Tv-Audio-Video/ТV's/LED-TVs?product_id=68143
http://www.technomarket.com.mk/products/09142618/lg-43lf632v
Самунгот дури би можел да го добијам по набавна цена за околу 28.000 и освен што ми е поисплатлив, поголем екран, ми прави повеќе ќеф пошто нема смарт и такви тракатанци. Али ипак решив да пишам овде и да побарам ваш совет за кој да се одлучам, а можда има и некој друг модел на нет по продавнициве што го пропуштам.
Фала однапред