Зошто некој би уживал во тоа да биде жртва?
Затоа што д бед гај/грл не е веќе во мода.
Центар на внимание можеш да бидеш на толку различни начини, да глумиш депресија и анкциозност, не е најпопуларниот.
Можеби не е најпопуларниот,но е најефективниот.
За да бидат популарни?Хелоооууу!Никој ама баш никој не стекнува пријатна симпатија со тоа што ќе се лигави цело време.
Не класично лигавење,тоа е веќе крокодил синдром.
За да бидеш жртва,треба малку глума,и доста посветеност и внесеност во тоа што сакаш да го постигнеш.Да се убедиш самиот дека си жртва.Калиспеееера!Шпанските серии се патетика,префрлете се на нешто поладнокрвно-хрватските сапуници.
Кукаш,но уфрлаш дека не сакаш да кукаш на нечие раменце,а токму тоа сакаш да го постигнеш.Ех,а наивчини ги има многу.Веднаш звезди ќе ти симнат само ако ги убедиш дека тоа е вистинското што ти треба за да бидеш добро.
Јебига...ти се руши животот каков што го знаеш, ама ти смешкај се.
Цврц Милојко...секој не го може тоа.Тоа се нарекува цврста личност,а глобално патиме од сензитивни глуждови.
леле колку сум грда види ми ја косава ко на вештерка ми е и сл. ја и викам леле стварно болје не искачај од дома ваква за никаде си.
Кукууу

Ма не,ова е само мрвица од верзиите на самосожалување.Логично овде би било да се каже-ма не,супер ти е,така ти се чини,како ти свети на сонце само да се видиш.Мене да ми се случи вакво нешто-и јас ќе почнам со истиот филм

-А мене пак каква ми е...масовно еморикање.И на крај кога ќе заврши се`,ќе се гушнеме.Не.
Не ги ни игнорирам,ниту пак им го потхранувам`мизерното`его на таквите личности.Постојат,постоеле,и ќе постојат.Ах,што ни направија Твиги и Кејт Мос во придружба на фотоманипулација,и Касандра со нејзината тажна трагиромантична но сепак среќно_завршена приказна.