Кутриот ЈАС

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
За жал,опкружен сум со вакви луѓе,и си стискам заби,ама тоа е тоа.
Се жалат на се и сешто за се и сешто, а трагедијата е во тоа што поминуваат секад подобро и не надживуваат.

Дијалог со ваква личност,после ампутирана нога:
Свежо ампутираниот:Леле шо ќе праам ,сакат останав
Нашиот херој:Ее лесно ти е тебе,бар само една нога те боли сеа,јас незнам како ќе издржам вака...
 
Ги имало, ги има и секогаш ке ги има тие луѓе кои само се жалат, тоа се луѓе кои никогаш не се задоволни од општеството и не се задоволни од нивниот живот и едноставно за да си го направат поинтересен животот мораат да глумат жртви за некој да ги сожалува и да му плачат на рамо (на некој начин :P). Односно, немора да се жалат со самиот факт некој малку да не им обрнува внимание мораат на секој начин да го привлечат вниманието, а најчесто со жалење е тоа, дури и тоа што им го дала мајка природа да е најдобро и најпозитивно тие го злоупотребуваат и тоа... и тоа не им чинело... Имам многу такви другарки од кој едната навистина е убава, а секогаш се жали: Јас сум најгадна од сите, јас сум најружно облечена, мене никој не ме сака.... и безброј вакви глупости кои се далеку од вистината. Едноставно на тие лиѓе само ќе ги сослушам што се жалат... и толку, само ги сослушувам, не им помагам.... на некој начин IGNORE... :):):)
 
Ги има и за жал мислам дека се повеќе и повеќе се зголемува бројот на луѓе кои патат да добијат внимание, луѓе кои едноставно сакаат да бидат во центарот на вниманието и сите да се вртат околу нив.
Тоа се луѓе кои патат од некој комплекс на недоволно посветено внимание и сега пронашле некој патетично глупав начин за да ги задоволат своите фрустрации.

Еден дел од овие кутриот јас личности патат поради својот надворешен изглед. Без разлика дали се тие убави или не, шармантни или атрактивни на нив постојано нешто ќе им недостига. Па види каква ми е косата, денес не сум воопшто убава, сум се здебелила, сум ослабнала, не сум си купила ништо за облекување, не можам да излезам не се чувствувам убаво а и плус немам облека... Личности кои патат да добијат внимание и да им кажете убава си, те молам излези итн...

Другиот дел се оние кои се вечно незадоволни од животот и државата. Само тие се паметни и по цел ден некого критикуваат. Се разбира мора да споменат дека ете баш тие се такви случаи кои трпат за леб, кои не можат да ги платат сметките за струја и вода, а државата не им помага. И можеби тоа ќе беше во ред ако беше навистина така. Ама не е така. Тие мора да се пожалат а цел ден го поминале во некоја кафана, цела вечер пијат пиво пред најблиската продавница или пред зграда. Како да не може да сфатат дека секое уживање се плаќа. Ова било скапо, тоа било скапо, да биле тие во странство милиони ќе имале. А што таму нема луѓе што може да го работат истото што и тие?

Туку да не должам повеќе... Тоа се луѓе кои само зборуваат а ништо не прават за да ги решат своите проблеми. Сите имаме проблеми на крајот на краиштата ама оние совесните учат како да живеат со нив. Оние кои не можат да прифатат некои работи и патат од комплекс на помала вредност ќе продолжат со своите патетики и жалби дека се нешто на нив им недостига.
 
Ги имало и ќе ги има таквите луѓе. Незнаат како да привлечат внимание па ај ќе се сожалуваат и ќе зборат како на нив им е тежок и трагичен животот. Имав една таква другарка у основно што мислеше дека ако се жали дека ќе биде центар пажња. Абе мислам цело школо и пошироко знаеше за нејзините проблеми дома, како мајка и ја тепала, телефонот и бил исклучен, се карала со брат и...многу и бил трагичен животот бла бла бла, нејзе никој не ја сакал незнам ни ја што се не збореше испаѓаше на моменти како да се фали, а не да се жали и како да е горда што тоа и се случува па мора на сите да им се пофали...Не ги сфаќам таквите стварно.Јас лично мразам кога некој ме сожалува и гледам никад тоа да не си го дозволам. Знам некад да и се пожалам на другарка ми али само она знае и толку. Глупо ми е пола град да ми ги знае проблемите што ги имам и да ме сожалуваат...
 
Значи, Кутриот ЈАС е карактерен тип на човек, кој накратко објаснето, ужива да се прикажува како жртва во очите на другите и да буди сожалување, притоа цедејќи ги жртвите како лимончиња од кои си прави лимонада, ја задржува киселата насмевка на лицето и продолжува со лелекањето и својата мисија.
Зошто некој би уживал во тоа да биде жртва?
Центар на внимание можеш да бидеш на толку различни начини, да глумиш депресија и анкциозност, не е најпопуларниот.
Можеби евентуално за нешто да добие, но не верувам дека тоа би била емоционала уцена од било кој вид, затоа што сожалувањето не е толку јака емоција која би траела подолго време, затоа ги имаме шпанските серии.
За да бидат популарни?Хелоооууу!Никој ама баш никој не стекнува пријатна симпатија со тоа што ќе се лигави цело време.
Факт е дека СИТЕ НИЕ од време на време сме КУТРИОТ ЈАС.Само што разликата е во тоа некои имаат „мадиња“ тоа да го признаат, некои не!Ајде сега направете разлика.
Додека своите таканаречени жртви...можат лесно и брзо да ги сменат ако им е само до жалење, а не до тоа да ги слуша личноста со која разговараат.Можеби им е битна.:smir:


Ваквите луѓе може да се сретнат на улица, дома, на школо/факс/работа, на пазарче, пред апотеки, на натпревари, по кафиќи и ресторани.... Како ебола се. Ги има насекаде.
Тоа е поради фактот дека сите се таков вид на луѓе.Кај некои поизразено, кај некои не, кај некои на периоди, али факт СИТЕ во одреден период од животот се такви.
Јебига...ти се руши животот каков што го знаеш, ама ти смешкај се.

Дали сте ја спознале оваа особина кај луѓето околу вас? Како се справувате со нив, односно, дали имате сила за да се справувате? Игнор, ќотек, помош..... Кој е лекот за овие кутри и напатени фолиранти кои незнаат да живеат поинаку?
Е тука веќе е колку ти е важен фолирантот.
 
кај секој од нас може да се појави таа особина...секој во некој период во животот знае да се сожали самиот себе...оние кои секојдневно тоа го прават даваат впечаток на несигурна личност....мало жално суштество на кое ние мора да му помогнеме.....меѓутоа вистината има поинаков вкус....тие воопшто не се жални...тоа им е метод за да стигнат до саканата цел така што ќе го активираат човечното во човекот....тие знаат колку се убави паметни или силни...само зборат во инфериорна смисла за да се хранат со признанија!
Како се снаоѓам..епа познавајки ги најчесто ги игнорирам нивните самосожалувачки изјави и не дозволувам да ме користат на тој начин....а ако се прашувате за лек...го нема...тоа е особина која е дел сраснат за самиот човек...кога ќе види еднаш дека така е полесно си тера и неможе да се сопре!....тие се свесни дека тоа им е метод....неможеш тој што не сака да се разбуди да го разбудиш!Од друга страна пак постојат луѓе кои нависитина ,без никакви задни намери,се несигурни во себе во надмашена смисла...меѓутоа тие не зборат....нив тоа може да им го прочиташ преку делата!!во оваа тема колку што можев да разберам не се збори за таквите!
 
Nemirna напиша:
Heh kako be odednas site ste fini,dobri,ne zamarate so sebe?!Pa mnogu jasno deka ima periodni koga ke te fati kriza i zelba za samosozaluvanje,ubavo ti onaka,si kazuvas sto te maci,si kukas,si kukas i ke ti pomine...iskreno mene me fakaat takvi periodi,ama ne go zamaram sekoj sto stignam,tuku strogo majka mi i drugarka mi i tocka,drug nema pravo da me slusa...ili jas da go zamaram nego,seedno:).Ama da napomenam toa se samo period koi kratko traat i se retki.
Факт е дека СИТЕ НИЕ од време на време сме КУТРИОТ ЈАС.
Лејди Сатори напиша:
Тоа е поради фактот дека сите се таков вид на луѓе.Кај некои поизразено, кај некои не, кај некои на периоди, али факт СИТЕ во одреден период од животот се такви.
Да не ги цитирам и другите.

Знаејќи го токму ова, баш за никој не можам да кажам дека е личност која се фолира за да привлече внимание. Во ред, не велам дека не постојат личности кои лажат и додаваат за да разбудат жал кај другиот, но мое мислење е дека се мноооогу ретки. Ама јас не познавам такви. Секој човек во одреден период има потреба да си каже што го мачи, искажувањето на моменталното незадоволство е некој вид вентил. Сум ја запознала потребата да му се пожалам на некој и од друга страна ја разгледувам потребата и на другите.

Ајде луѓе, ако имате нешто да се жалите - бујрум на муабет кај мене:pos:
 
Будали луѓе... :D То самите си го одбрале, не ги сожалвам. Не страдет од некоја си сериозна психичка болест, па изгледа се само глупи. :D Малце да го тргнет погледот од себе и да се свртет околу нив, во тој момент ќе приметет минимум 10 работи шо ќе ги расположет. Едно е да си самокритичен, друго е да себично да се затвораш и да го кривиш универзумот за мизерноста на своето (не)постоење. Мааах, такви луѓе не ми требет околу мене.
 
Тоа се луѓе со малку до малку повеќе болна психа. На таков човек - акни му игнор ќе го изгориш до коска.
 
Не добиваат ништо со тоа што ќе се жалат и ќе предизвикаат сожалување од другите луѓе. Не знам чие его се храни од сожалување, јас повеќе би сакала да ме мразат отколку да ме сожалуваат.
Но секој понекогаш има потреба да си каже што го измачува, да си олесни на еден начин, а постојаното повторување на едно исто создава одбивност кон останатите.
Не сум имала работа многу со такви луѓе, но познавам некои што се вечно незадоволни, нерасположени, песимистички настроени. Со тоа само си ги уништуваат потенцијалните убави моменти што би можеле да им претстојат.
 
Зошто некој би уживал во тоа да биде жртва?
Центар на внимание можеш да бидеш на толку различни начини, да глумиш депресија и анкциозност, не е најпопуларниот.
Можеби евентуално за нешто да добие, но не верувам дека тоа би била емоционала уцена од било кој вид, затоа што сожалувањето не е толку јака емоција која би траела подолго време, затоа ги имаме шпанските серии.
За да бидат популарни?Хелоооууу!Никој ама баш никој не стекнува пријатна симпатија со тоа што ќе се лигави цело време.
Верувај дека уживаат. Поточно не знаат поинаков начин. И дефинитивно има луѓе кои сакаат да се филмаат у улога на заштитници па се врзуваат за такви кои се убедени дека се жртви изложени на постојана патња. Има не една врска која се одржува на таков начин. Оној посамоуверениот си ја задоволува потребата да ја контролира жртвата, а жртвата си ја задоволува потребата да има некој на кој ќе му е битно нејзиното кукање. И така си живеат среќно и весело(или не толку среќно и весело).
Во психологијата постојат експанизвни и самоподценувачки типови на личности. Оние првите на екстровертен и поагресивен начин ја задоволуваат потребата за внимание, додека оние вторите на начин како што е опишан на првиот пост од темата.
А за она со симпатијата. Доволен пример се пубертетлиите кои се сечат и кои се автодеструктивни(ги викаме обично емовци) и кои привлекуваат внимание на родителите и околината баш преку депресија, анксиозност и слични "кутриот јас" филмови.

Инаку општо..Нема човек кој не уживал у само-сожалување. Тоа чувство понекогаш и помага да се надмине првичната болка од некој непријатен настан. Страшното е кога таквото само-сожалување ќе премине во перманентен шаблон на понашање.
Обично ги слушам луѓето, и знам да толерирам кукање, се додека не осетам дека на тој начин ме манипулираат или дека се вртат у круг со својата ох-толку-тешка судбина.
Се трудам да им бидам рамо за плачење додека болката е уште голема. Но, кога сметам дека е време за конкретна акција, пробувам да им кажам дека е време да направат нешто конструктивно, наместо само да зборат и кукакаат. Ако не сакаат, тогаш се тргам и игнорирам. Можеби не е ок, али не сакам да бидам некој кој само ќе го потхранува нивниот "кутар јас" синдром.
И да, оваа особина многу почесто ја поседуваат женските.
 
Аууу колку само ме нервираат такви луѓе кои се жалат и немаат самодоверба во себе....За жал ги има многу.Таквите ги игнорирам,но ако е некоја моја другарка имам неколку со недостиг на самодоверба-им одговарам на истиот начин..Еве на пример ми вика леле колку сум грда види ми ја косава ко на вештерка ми е и сл. ја и викам леле стварно болје не искачај од дома ваква за никаде си..На тој начин тие знаат дека не им мислам лошо напротив сакам да стекнат самодоверба,и да прекинат да досаѓаат..
 
Дали сте ја спознале оваа особина кај луѓето околу вас? Како се справувате со нив, односно, дали имате сила за да се справувате? Игнор, ќотек, помош..... Кој е лекот за овие кутри и напатени фолиранти кои незнаат да живеат поинаку?

Јас лично ги ставам на игнор, ама и ќутек не би им штетел. :-) Се зезам. Имам пробано да им помогнам на некои, ама без успех, само уште толку ќе ти се качат на глава. Дефинитивно не знаат да живеат поинаку, и како да уживаат во тоа да замараат некој со своите проблеми. Како тие да се единствени на светов со проблеми. Што, јас немам проблеми? Доколку сам не си ги решиш проблемите, никој нема да ти ги реши, ако сам не се избориш за нешто во животов, никој нема да ти го даде.
 
Зошто некој би уживал во тоа да биде жртва?
Затоа што д бед гај/грл не е веќе во мода.
Центар на внимание можеш да бидеш на толку различни начини, да глумиш депресија и анкциозност, не е најпопуларниот.
Можеби не е најпопуларниот,но е најефективниот.
За да бидат популарни?Хелоооууу!Никој ама баш никој не стекнува пријатна симпатија со тоа што ќе се лигави цело време.
Не класично лигавење,тоа е веќе крокодил синдром.
За да бидеш жртва,треба малку глума,и доста посветеност и внесеност во тоа што сакаш да го постигнеш.Да се убедиш самиот дека си жртва.Калиспеееера!Шпанските серии се патетика,префрлете се на нешто поладнокрвно-хрватските сапуници.
Кукаш,но уфрлаш дека не сакаш да кукаш на нечие раменце,а токму тоа сакаш да го постигнеш.Ех,а наивчини ги има многу.Веднаш звезди ќе ти симнат само ако ги убедиш дека тоа е вистинското што ти треба за да бидеш добро.
Јебига...ти се руши животот каков што го знаеш, ама ти смешкај се.
Цврц Милојко...секој не го може тоа.Тоа се нарекува цврста личност,а глобално патиме од сензитивни глуждови.
леле колку сум грда види ми ја косава ко на вештерка ми е и сл. ја и викам леле стварно болје не искачај од дома ваква за никаде си.
Кукууу:)Ма не,ова е само мрвица од верзиите на самосожалување.Логично овде би било да се каже-ма не,супер ти е,така ти се чини,како ти свети на сонце само да се видиш.Мене да ми се случи вакво нешто-и јас ќе почнам со истиот филм:)-А мене пак каква ми е...масовно еморикање.И на крај кога ќе заврши се`,ќе се гушнеме.Не.

Не ги ни игнорирам,ниту пак им го потхранувам`мизерното`его на таквите личности.Постојат,постоеле,и ќе постојат.Ах,што ни направија Твиги и Кејт Мос во придружба на фотоманипулација,и Касандра со нејзината тажна трагиромантична но сепак среќно_завршена приказна.
 
Значи, Кутриот ЈАС е карактерен тип на човек, кој накратко објаснето, ужива да се прикажува како жртва во очите на другите и да буди сожалување, притоа цедејќи ги жртвите како лимончиња од кои си прави лимонада, ја задржува киселата насмевка на лицето и продолжува со лелекањето и својата мисија.


Ваквите луѓе може да се сретнат на улица, дома, на школо/факс/работа, на пазарче, пред апотеки, на натпревари, по кафиќи и ресторани.... Како ебола се. Ги има насекаде.

Дали сте ја спознале оваа особина кај луѓето околу вас? Како се справувате со нив, односно, дали имате сила за да се справувате? Игнор, ќотек, помош..... Кој е лекот за овие кутри и напатени фолиранти кои незнаат да живеат поинаку?


Eh uste prasuvas...Vakvi ima na lopata da rinis....Posebno zeni koi ne znaat kako da go osvojat ljubeniot....Pagaat vo nesvest, secat veni, dobivaat temperaturi i sto ti ne:toe:

Vo edna kniga pisuva nekako vaka:bidete fini i kulturni no nikogas nemojte da popustate na vakviot tip na luge, vo sprotivno ste ucesnik vo nivniot neposten nacin na zivot...........
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom