Kurtlar Vadisi - Долина на волците

Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Ја имам замерка шо во филмов освен Полат,Мемати Абдуле и Ерхан ке умрат сите кога тогаш
А бе цвету мој, доста спојлерисуваш, кријај ги работиве од идните епизоди.

Ептен е глуп филмот... Да ви го раскажам? Епа еве

4ца Турци тепаат 500 Израелци
АХА, да. Што и да е глуп не е. Не е ни без маани, ама сепак е многу многу добра серијава.
Има многу подлабока содржина од што си мислиш... всушност најполитичкото дело што сум го видел на екран. Акциониот дел го сакал или неќел е природно и реално да го има, плус е уметничка слобода, плус е забавен (барем за мене).
Значи серијава главно е политички трилер-акција со одвреме навреме драма елементи. Да беше глуп сигурно немаше да биди вака разработен.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.781
Поени од реакции
12.113
А бе цвету мој, доста спојлерисуваш, кријај ги работиве од идните епизоди.


АХА, да. Што и да е глуп не е. Не е ни без маани, ама сепак е многу многу добра серијава.
Има многу подлабока содржина од што си мислиш... всушност најполитичкото дело што сум го видел на екран. Акциониот дел го сакал или неќел е природно и реално да го има, плус е уметничка слобода, плус е забавен (барем за мене).
Значи серијава главно е политички трилер-акција со одвреме навреме драма елементи. Да беше глуп сигурно немаше да биди вака разработен.
Остави ги розо моја ! Тие што не сакаат да разберат нема да разберат. За нив филмот ќе биде само пукање и тепање!
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Јас како што знам уште се снима во Турција и излегува по епизода на неодреден тајминг.

Инаку, дали некој го гледал филмот што се дава во Рамстор?
Впечатоци некакви да сподели?
Се работи за нападнатиот брод од страна на Израел,кој носеше хуманитарна помош за палестинците.

Па Полат,Мемати и Абдулхеј одат во Палестина...

Филмот е многу добар...го прикажува животот на палестинците кои Израел не ги остава мирни.

А Полат оди таму за да го убие Моше...тој раководи со армијата на Израел...
 
F

Frankie Yale

Гостин
АХА, да. Што и да е глуп не е. Не е ни без маани, ама сепак е многу многу добра серијава.
Има многу подлабока содржина од што си мислиш... всушност најполитичкото дело што сум го видел на екран. Акциониот дел го сакал или неќел е природно и реално да го има, плус е уметничка слобода, плус е забавен (барем за мене).
Значи серијава главно е политички трилер-акција со одвреме навреме драма елементи. Да беше глуп сигурно немаше да биди вака разработен.
Сосем спротивно, филмот е високобуџетно (или можеби ниско?!) срање кое не е воопшто реално... Има многу поплитка содржина од што ти си мислиш, ситуацијата за Палестинците е многу лоша нема негирање но филмот е претеризам, нацисти ги направија Евреите. Но тоа не ми смета толку... Полат, Мемати и тие двајцата што заборавив како се викаат испотепаа барем едно 200 еврејски војници како комарци. Полат си трча со тоа пиштолот и лупа хеадшотс ко да игра кантер со аимбот, еврејските војници ги направиле ретарди, гинат ко муви без глава а и онака летаргично идат спрема тие што пукаат во нив како да сакаат да бидат убиени. А и има некои безвезни ситуации, пример: си влагаат четворицата во базата на евреите, потепуваат што потепуваат, спасуваат што спасуваат и си искачаат ко ништо да не се десило. Па у Македонија да се деси ова има да биде преплавена базата од засилувања а не во Израел која е можеби најмилитаризирана земја во светот.

Ова е само дел од глупостите во филмот. Па за да сумираме:
- Воопшто не ја прикажува вистинската ситуација во тој регион. ВООПШТО!
- Нереален до даске, потсеќа на Б филмовите на Ван Дам и Сегал.
- Акционите сцени не ми правеа кеиф, имаше добри но имаше и лошо изработени.

Ако се палиш на политички трилери има многу подобри филмови од овој, ако се палиш на акциони филмови има исто така многу подобри од овој, секако скоро сите се Амерички... пр: Saving Private Ryan снимен 98ма - 12 години пред овој а милион пати бољи акциони сцени има од овој, но за ова не ги кривам режисерите, со тој буџет направиле што можеле (сејвинг прајвет рајан сепак имал буџет од 70 милиони долари)

Се на се, интересно филмче за тепање време но не треба да се сфати сериозно или пак да се гледа повеќе пати, стварно не знам за каква длабока содржина зборуваш, објасни ми ако можеш зошто навистина не видов ништо освен прост акционен филм кој ја користи ситуација во Палестина како потпора и темел за глупостите што се случуваат во филмот. Како што кажав, воопшто не ја отсликува вистинската ситуација во тој регион.

Eптен потсеќа на оние глупите Американски филмови во кој главните ликови имаат "супермоќи" убиваат све живо со надчовечка прецизност и сите куршуми ги промашуваат... Зборам филмови за Rambo, Hard to Kill, Marked for Death, Out for Justice, Die Hard итн. Длабочината на Долина на Волците: Палестина е еднаква на таа на филмовите што ги набројав. Мое искрено мислење и моја критика...
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Сосем спротивно, филмот е високобуџетно (или можеби ниско?!) срање кое не е воопшто реално...
...
...
Чекај море, за серијата ми зборуваш или за играниот филм, Палестина? За второто очигледно. Јас за серијата па те разбрав. Темава е за серијата, има цел подфорум за филмови. Инаку сите долгомерашни филмови досега се спиноф, не се поврзни со сериите (па слободно зборувај во другиот подфорум). Јас го имам гледано само Ирак и филмов не е лош ама не и нешто добар. Такви се изгледа и останатите.

Значи филмови се „...Ирак“ со Полат, „... Гладио“ со Искендер, „Муро - да и се плукнам на хуманоста во мене“ со Муро и екипата и овај „... Палестина“ исто со Полат. Сите се спиноф-и.
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
И Ерхан... поназад имаше неколку клипа оставено, баш со тоа...
Иначе Турциве не можеа да смислат ништо што здрав разум би го прифатил, во врска со бегството на Искендер... Тука имам замерка.
Сварно бегството на Искендер можеше да го направат поинтересно ама тоа е ,жал ми е што вака умреа Пурмуз и Невзат ама цветот битно ќе остане :)
 
F

Frankie Yale

Гостин
Чекај море, за серијата ми зборуваш или за играниот филм, Палестина? За второто очигледно. Јас за серијата па те разбрав. Темава е за серијата, има цел подфорум за филмови. Инаку сите долгомерашни филмови досега се спиноф, не се поврзни со сериите (па слободно зборувај во другиот подфорум). Јас го имам гледано само Ирак и филмов не е лош ама не и нешто добар. Такви се изгледа и останатите.

Значи филмови се „...Ирак“ со Полат, „... Гладио“ со Искендер, „Муро - да и се плукнам на хуманоста во мене“ со Муро и екипата и овај „... Палестина“ исто со Полат. Сите се спиноф-и.
Да да филмот палестина, неможев да најдам тема за овој филм па пишав овде а за серијата неможам да коментирам, немам гледано ниедна епизода :)
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
станува доста интересно..сега очекувам Булут Мемати Казим и Абдулхеи да се здружат и да му го нашараат газот на Искендер :) И не кажувајте што ке се случи, или ако кажете ставете во spoiler.


PS. Може некој да ја линкне песната на вујкото на Полат..незнам како се викаше Халил мислам..

--- надополнето ---

nvm ja najdov na edna od prethodnite strani
 
Член од
13 јануари 2009
Мислења
1.311
Поени од реакции
749
Ако ја има Долина на волците палестина низ нетов ако сакате да ми пратите преку пп да ја симнам, јас побарав но не успеав да најдам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom