АХА, да. Што и да е глуп не е. Не е ни без маани, ама сепак е многу многу добра серијава.
Има многу подлабока содржина од што си мислиш... всушност најполитичкото дело што сум го видел на екран. Акциониот дел го сакал или неќел е природно и реално да го има, плус е уметничка слобода, плус е забавен (барем за мене).
Значи серијава главно е политички трилер-акција со одвреме навреме драма елементи. Да беше глуп сигурно немаше да биди вака разработен.
Сосем спротивно, филмот е високобуџетно (или можеби ниско?!) срање кое не е воопшто реално... Има многу поплитка содржина од што ти си мислиш, ситуацијата за Палестинците е многу лоша нема негирање но филмот е претеризам, нацисти ги направија Евреите. Но тоа не ми смета толку... Полат, Мемати и тие двајцата што заборавив како се викаат испотепаа барем едно 200 еврејски војници како комарци. Полат си трча со тоа пиштолот и лупа хеадшотс ко да игра кантер со аимбот, еврејските војници ги направиле ретарди, гинат ко муви без глава а и онака летаргично идат спрема тие што пукаат во нив како да сакаат да бидат убиени. А и има некои безвезни ситуации, пример: си влагаат четворицата во базата на евреите, потепуваат што потепуваат, спасуваат што спасуваат и си искачаат ко ништо да не се десило. Па у Македонија да се деси ова има да биде преплавена базата од засилувања а не во Израел која е можеби најмилитаризирана земја во светот.
Ова е само дел од глупостите во филмот. Па за да сумираме:
- Воопшто не ја прикажува вистинската ситуација во тој регион. ВООПШТО!
- Нереален до даске, потсеќа на Б филмовите на Ван Дам и Сегал.
- Акционите сцени не ми правеа кеиф, имаше добри но имаше и лошо изработени.
Ако се палиш на политички трилери има многу подобри филмови од овој, ако се палиш на акциони филмови има исто така многу подобри од овој, секако скоро сите се Амерички... пр: Saving Private Ryan снимен 98ма - 12 години пред овој а милион пати бољи акциони сцени има од овој, но за ова не ги кривам режисерите, со тој буџет направиле што можеле (сејвинг прајвет рајан сепак имал буџет од 70 милиони долари)
Се на се, интересно филмче за тепање време но не треба да се сфати сериозно или пак да се гледа повеќе пати, стварно не знам за каква длабока содржина зборуваш, објасни ми ако можеш зошто навистина не видов ништо освен прост акционен филм кој ја користи ситуација во Палестина како потпора и темел за глупостите што се случуваат во филмот. Како што кажав, воопшто не ја отсликува вистинската ситуација во тој регион.
Eптен потсеќа на оние глупите Американски филмови во кој главните ликови имаат "супермоќи" убиваат све живо со надчовечка прецизност и сите куршуми ги промашуваат... Зборам филмови за Rambo, Hard to Kill, Marked for Death, Out for Justice, Die Hard итн. Длабочината на Долина на Волците: Палестина е еднаква на таа на филмовите што ги набројав. Мое искрено мислење и моја критика...