Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ми го препорачаа Orthomol(мултивитамини и минерали) да пијам, ама не затоа што сум разболен од нешто, бидејќи најверојатно имам дефицит на одредени витамини со оглед на тоа што поголемиот дел ми е поминат во затворен простор, односно дома, поради можноста за работа од дома.
Има еден catch со ортомолот, не е воопшто евтин(германски производ) и доста ми го пофалија како прилично квалитетен производ; го има во неколку пакувања/форми, како капсули, прашак и како шумечи таблети.
Цената е 3к денари и го има само во фила аптеката.

Бидејќи нашиве немаат асални информации што содржи ортомолот, ќе ставам два линка на англиски.
https://www.orthopharm.com.cy/products/orthomol-immun/ (јас овој го пијам, 30 кесички и потоа 1 месец пауза)
https://www.orthopharm.com.cy/products/orthomol-immun-pro/ (овој сигурно е поскап)

Линк од амазон зашто има слика со вредности
 
Една општа поука до сите позитивни на ковид. Направете крвна слика што е можно побргу, сатурацијата е исто многу битна. Доколку имате кашлица и температура, а матичната не сака да ве наслуша, направете РТГ снимка. Овие три анализи се многу битни за понатамошниот тек на болеста. Клиничката слика нагло може да се влоши посебно кај хроничните болни. Не оставајте само на тоа дека сте изгубиле мирис и вкус или температурата "не е висока" (37-38 ).
Повеќе од половина што биле позитивни или не тестирани од фамилија се со перибронховаскуларни промени на бели дробови кој подоцна се развиваат до некој вид на пневмонии.
Потполно се сложувам со коментаров. И мој совет е да се направи крвна слика и рендген снимка на белите дробови секојдневно да се мери сатурацја што значи обавезно да се набави апаратче за мерење сатурација и да се мери секојдневно температура.

Дома да се проветрува почесто, можеби ќе изгубите апетит ќе ви се гади од храната но не дозволувајте поради тоа да дехидрирате или да гладувате . Битно е да се пијат многу течности највеќе лимонада, портокал, чаеви, супи и повеќе одмарање во текот на денот.
 
Последно уредено:
бидејќи најверојатно имам дефицит на одредени витамини со оглед на тоа што поголемиот дел ми е поминат во затворен простор, односно дома, поради можноста за работа од дома.
Да, недостатокот на витамини/минерали е најмногу поврзан со седењето дома.
 
Една општа поука до сите позитивни на ковид. Направете крвна слика што е можно побргу, сатурацијата е исто многу битна. Доколку имате кашлица и температура, а матичната не сака да ве наслуша, направете РТГ снимка. Овие три анализи се многу битни за понатамошниот тек на болеста. Клиничката слика нагло може да се влоши посебно кај хроничните болни. Не оставајте само на тоа дека сте изгубиле мирис и вкус или температурата "не е висока" (37-38 ).
Повеќе од половина што биле позитивни или не тестирани од фамилија се со перибронховаскуларни промени на бели дробови кој подоцна се развиваат до некој вид на пневмонии.
Не, јас навистина не можам да сфатам како тоа постојат лекари кои не ги прегледуваат пациентите. Грло, слушалка на срце и плуќа, тензија, крвна слика комплетна со ЦРП, Д - Димери, ЛДХ, АФ, туто комплето. И сатурација исто. Ако има наод на слушалка, РТГ обавезно.

Инаку, во пандемијата сфатив дека многу луѓе не знаат колку е нормална температура на човеково тело. Од 36,1 до 37,2 е нормална температура. Од 37,2 до 37,7 е субфебрилност и ваквата температура не треба да се третира со антипиретици бидејќи на тој начин се сузбива способноста на организмот да се избори со инфекцијата. Температурата е одбранбен механизам на организмот. Над 38, веќе се смета за температура која мора да се третира, за да не го компромитира финкционирањето на организмот.

Позитивни или не, ако има наод на бели дробови, контрола на 2-3 дена, ако треба и телефонски консултација секој ден. Клиничката слика може да проградира преку ноќ.

И уште ова. Тие што имате позитивен случај, а имате симптоми, можете да останете во изолација заради контактот со позитивниот. Матичниот лекар, може да ве води со таква дијагноза. Терапијата е таа. Некако ова со тестирањето изгуби смисла, освен за да ги држи луѓето дома и за хоспитализација (ама им прават брзи тестови пред да ги хоспитализираат).
 
Имаше неколку случаеви каде пациентите не се примени за хоспитализација бидејќи немаат позитивен тест... Една од сивите дупки...
 
Имаше неколку случаеви каде пациентите не се примени за хоспитализација бидејќи немаат позитивен тест... Една од сивите дупки...
Да, ама сега има брзи тестови со кои ако пациентот е во животозагрозувачка состојба, а не е тестиран, се тестира пред да се хоспитализира. Е сега, колку тоа функционира во пракса. Ако сум искрена, во тој поглед јас не можам да се пожалам, ама знам каде живееме, така што верувам дека има многу пропусти.
 
Не знам. Знам само дека ситуацијата дефинитивно не е под контрола и никој не знае ништо конкретно.

ova ko na gatacka kolku dena ke ti se pogodi tolku si u izolacija... se kladam utre da svrtis drugo ke ti kazat
 
Добро пичка им матер не се нормални што прават овие.И се јавува на жена ми некој од Прилеп (здраствено се водела уште таму иако е 7 години мажена во Скопје) мислам дали од здраствен испекторат нешто да и направи некој глуп прашалник.И вика решение за изолација ке ти пратат од Скопје ама гужва било и не знаат кога и најинтересното решениетп ке трае 21 ден и ке важело САМО ЗА НЕА.Алооо а јас дома со нејзе што сум со полоши симптоми да станам да се шетам лом да правам низ Скопјево зошто изгледа за мене решение ке нема ли.И после зошто има толку заразени.Неспособни имбецили.
 
Би требало да можат и преку Viber да ти го пратат. Јас никаде не сум отишол да земам решение за изолација, сето тоа преку телефон ја завршив работата.
 
Би требало да можат и преку Viber да ти го пратат. Јас никаде не сум отишол да земам решение за изолација, сето тоа преку телефон ја завршив работата.

Ама решение за изолација ти праќаат само тебе или и на луѓето што се под исти покрив со тебе без разлика дали се со симптоми или без?
 
Би требало да можат и преку Viber да ти го пратат. Јас никаде не сум отишол да земам решение за изолација, сето тоа преку телефон ја завршив работата.
На моите им рекоја дека ќе им ги пратат на вибер еве повеќе од недела дена поминаа сеуште им ги немаат пратено.
 
На моите им рекоја дека ќе им ги пратат на вибер еве повеќе од недела дена поминаа сеуште им ги немаат пратено.
Мислам вака беше
Решението здравствениот инспекторат го праќа на полиција и потоа полицијата се тие што треба да ти го пратат на Viber.

На Мајка ми и се јавија од полиција дека ќе и пратат и и пратија па потоа јас го замолив да ми прати и за мене.

Во државава со ситуацијава со Ковид ако сам не ги преземеш работите да бидеш упорен ништо нема да завршиш како што треба.
 
Последно уредено:
Ама решение за изолација ти праќаат само тебе или и на луѓето што се под исти покрив со тебе без разлика дали се со симптоми или без?
Мене првин ми се јавија, ми повторија дека имам позитивен тест од ден тој и тој.
Со кој седиш заедно, им кажав.
Добро во ред, ќе изготвиме решенија и ќе ти пратиме на вибер.

Ми пуштија мене како позитивен со 20 дена изолација, на женава 14 дена изолација, домашно лекување таму, дека без позитивен тест. Шо значи двете решенија мене ми ги пратија, после тој мини прашалник, на вибер.
 
Ама решение за изолација ти праќаат само тебе или и на луѓето што се под исти покрив со тебе без разлика дали се со симптоми или без?
Кај нас, по вибер му пратија на мажот ми по 6 дена, а за 13 дена само еднаш дојде полиција на врата да провери дали е дома, и како што веќе пишав, ниту некој го праша со кого живее, ни има решение за изолација за нас останатите ... сè е оставено веќе на совест изгледа.
 
Мене првин ми се јавија, ми повторија дека имам позитивен тест од ден тој и тој.
Со кој седиш заедно, им кажав.
Добро во ред, ќе изготвиме решенија и ќе ти пратиме на вибер.

Ми пуштија мене како позитивен со 20 дена изолација, на женава 14 дена изолација, домашно лекување таму, дека без позитивен тест. Шо значи двете решенија мене ми ги пратија, после тој мини прашалник, на вибер.

Како што гледам доста различно е кај многу луѓе за жал.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom