Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Дали си во ред дечко, дали е сè океј со тебе? Кои црни симптоми ги виде ти на Паркинс во искажаново, Боже Господе!!!
АњООн,не се прави паметен,само сакав да му помогнам на човекот,
И отвори си википедија пред да дискредитираш некој што видел живи примери.
 
АњООн,не се прави паметен,само сакав да му помогнам на човекот,
И отвори си википедија пред да дискредитираш некој што видел живи примери.
Аха. Единствен спомнат симптом беше губење на мирисот, ти си видел жив пример некој да изгуби мирис и да му биде дијагностициран Паркинс.
Океј. Тоа значи дека веднаш задолжително треба да отиде на невролог затоа што ти се сомневаш во Паркинс.
И на Википедија пишува дека еден од симптомите на Паркинс е губење мирис.
Океј.
И за тумор на глава има симптом главоболка, така да следниот со главоболка да му речеш веднаш да прави магнет зш ти се сомневаш во тумор. Пошо го виде на Википедија симптомот.
 
Точно недела дена од кога се тестираше сопругата и 10 дена од кога дигнав температура и сеуште никој се нема јавено освен со матичната да не праша како сме.Ни инспекторат ни решение ни ништо моментално.Врти на телефони пола заузети пола не дигаат.На мејл да врати некој мислам е мишн импосибл.Ни ги барам веќе ни ништо.Поминаа недела дена од боловањето,нека помине и оваа недела и од понеделник си искачаме па што сакаат нека прават не дека им е гајле али ај.

Полека почнаа да се враќаат мирис и вкус и кај мене и сопругата.Јас мала кашлица од време на време али ништо сериозно.
 
чисто онака препорака иако сметам дека сите веќе сте свесни за ова.
Ако сте прележале за брзо време, не правете некои понапорни физички активности.
Јас се решив на планина да одам иако сметав дека сум во добра форма бидејќи пред да се разболам немав апсолутно никаков проблем.
еве два дена имам мака со болки во градите и мачнина во мускулите.
Одморете барем 5-6 недели пред да почните со физички активности, убаво заздравете.
 
Зошто не направат опција да може да ти ги намалат деновите на изолација кога и покрај поминување на симптомите ти се немаат повторено или појавено некој кој воопшто си ги немал? Мислам 3-4 дена пред истек на решението за изолација да ти го намалат порано.

Мене ми дадоа 20 дена и веќе немам симптоми уште одамна нити ми се појави некој откако симптомите првично поминаа. Кашлицата ми траеше повеќе но и таа брзо помина.
 
Последно уредено:
На обична прошетка ли беше, колкава надморска височина искачи, колку време шеташе...?
18 км напред-назад, не беше нешто високо, до трескавец бев ама има некој така по напнати места за искачување.
Неколку пати сум одел и првпат да неможам да искачам
околу 2 часа и 15 мин е со лабаво темпо а мене ми требаа 3 часа овај пат.
 
За после ковид си ја претерал брату.
 
Одвај да се каже преку врски преку матичната и се јавија на сопругата од инспекторат (прво се зачудија зошто во систем ја нема дека се тестирала и дека е позитивна) па потоа проверуваа преку матичен број дека е позитивна и на крај и испратија решение и тоа само на нејзе.Ни да ја прашаат за контакти ни ништо.Чисто административен процес.Пишавме да побарам решение и за себе со оглед дека исто со симптоми и јас али не одговараат.Мене ме води матичната на боловање (не знам какво) и мислам дека ми кажа 15дена.

Иначе подобри сме и двајцата од симптоми можам да кажам малце градите ме болат и кашлица при земање на длабок здив.
 
Зошто не направат опција да може да ти ги намалат деновите на изолација кога и покрај поминување на симптомите ти се немаат повторено или појавено некој кој воопшто си ги немал? Мислам 3-4 дена пред истек на решението за изолација да ти го намалат порано.

Мене ми дадоа 20 дена и веќе немам симптоми уште одамна нити ми се појави некој откако симптомите првично поминаа. Кашлицата ми траеше повеќе но и таа брзо помина.
Надлежните и онака не знаат каде тераат уште пак со секого индивидуално да ги одредуваат изолациите. Како што кажуваат поновите случаи, голем број мои познаници не ни добиле решение за самоизолација, ниту пак било каква насока.
За разлика од времето кога јас имав случај со корона (почеток на јуни), симптомите ми беа на 1. јуни, за 4-5 дена бев буквално како нов, па во меѓувреме татко ми испадна официјално позитивен (веројатно се заразил од мене), врз основа на негова епидемиолошка анкета требаше да сум во изолација иако на 12. јуни се тестирав и бев негативен. Цел месец јуни лабаво си го прележав по дома иако немав симптоми уште од 4ти - 5ти јуни.
Мајка ми на пример (официјално позитивна) со благи симптоми, максимум една недела само температура и малаксаност, се на се беше во изолација околу 35-40 дена, се до моментот на добивање на вториот негативен тест. Од друга страна пак, татко ми беше во болница 20 дена и излезе со 2 негативни тестови најбрзо :) Затоа што ете на некој начин неговите брисеви беа со највисок приоритет за обработка... така да не важи ниту едно правило тука, посебно во една држава како нашата, тргнете од тој што е на чело, па до сите останати што работат државно.
 
Абе, до каде се испитувањата со лекот Ивермектин (антипаразитски, безбеден и одобрен лек) и неговото дејство на Ковид пациенти? Или премногу е евтин и достапен за да се направат овие истражувања? :)

Во инвитро услови, како што прочитав, го ослабувал вирусот за 5.000 пати. И тоа било ептен на почеток на пандемијава, а во меѓувреме, затоа што е безбеден, сигурно дека има многу реални случаи во кои бил применет како терапија. Има ли некој повеќе информации или статии со истражувања за ова?

@fmi, знам дека во Бугарија се произведува. Дали го тестиравте и какви резултати даде? Има нешто ново во врска со ова?
 
Последно уредено:
Знаеш дека 90% од советиве што ги даде за внесот на витамини и минерали се поопасни од самиот вирус? На што ги базираш дозите? На претпоставка и сопствено толкување или? :)

Комедии
Автоматски споено мислење:

3-4,000 единици D3 на ден не е некако... многу?

Сериозно прашувам, колку што знам 1-2,000 единици е максимум на ден.

Не е воопшто многу.
Автоматски споено мислење:

Kaj mene se vo Kapki i se mesavima od Vitamin D i K2 a ne D3
Piev po 4 Kapki na den.
A za zdrav covek trebaat 2 Kapki ili 1000 edinici

I ako ne mozis da najdis kapki tigas zemi se sto ti pisuva @ Bodhidharma
I ne pijaj Paracetamol na sekoj 5 min. tuku samo ako imas temperatura preku 38,5!!!!
Temperaturata mu treba na organizmot so nea gi ubiva virusite.

Postdrav

D3 e.
 
Da vo pravo si D3 e . Pokasno procitav na sostavot! :shok2:

Абе, до каде се испитувањата со лекот Ивермектин (антипаразитски, безбеден и одобрен лек) и неговото дејство на Ковид пациенти? Или премногу е евтин и достапен за да се направат овие истражувања? :)

Во инвитро услови, како што прочитав, го ослабувал вирусот за 5.000 пати. И тоа било ептен на почеток на пандемијава, а во меѓувреме, затоа што е безбеден, сигурно дека има многу реални случаи во кои бил применет како терапија. Има ли некој повеќе информации или статии со истражувања за ова?

@fmi, знам дека во Бугарија се произведува. Дали го тестиравте и какви резултати даде? Има нешто ново во врска со ова?

Po textov bi rekol odlicni vesti.
Od pred 5 dena informacii
 
Сега баш читав, FLCCC Alliance апелираат ивермектинот да биде одобрен за профилакса и третман на Ковид - 19.

Сите истражувања покажуваат дека овој антипаразитарен лек покажал сигнификантни подобрувања даден во профилакса, после експозицијата на вирусот, рана акутна инфекција (први симптоми на болеста) и во поодмината фаза на болеста.
 
Последно уредено од модератор:

Ивермектинот од друга страна има многу сериозни несакани ефекти (затајување на црн дроб, дури и слепило), ама ваљда се игра на cost vs benefit. Само се надевам нашиов народ нема да почне на своја рака да си го зема како што направија со Сумамедот и секој друг лек за кој се наслушна дека помага.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom