Нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорност кај Филипче и Хасани кои од морални причини поднесоа оставки од функциите, вели премиерот.
www.dw.com
„...Филипче останува министер за здравство, реши Заев
Нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорност кај Филипче.
Ако е човечка одговорност, според Заев, како зошто е донесен продолжен кабел или полнач за мобилен, тоа треба да го нотираат и да го кажат истражните органи. „Не сум стручен да кажам дали требало да има друг вид на приклучок во модуларна болница.
Со вештачењето се утврдило дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат....“
Прегледај го приврзокот 338936