Да бидам појасен, акцентот на моите постови е врска твоето морање, задолжително.
... во медицината не е дозволено грешки или треба да се трудиме да ги нема, па затоа „мора“ и „задолжително“ треба секогаш да се применува кога се работи за протоколи на работни места на медицинскиот персонал, џабе титула и знаење, ако на работно место се однесува некое медицинско лице како тексашки шериф или сумо борач.
... се знае која е медицинска работна униформа, се знае како треба да изгледа едно медицинско лице на работно место и како треба да се однесува, а и основно мора или „задолжително мора„ секој вработен да си го знае местото, не може хигиеничар или болничар т.е. немедицински лица - соработници да носат бел мантил, а докторите да носат комплет со плава боја, мораат и задолжително да внимаваат да НЕ се мешаат во болнички соби и простории со КОВИД19 заболени пациенти, каде не им е место по нивната систематизација за која земаат плата!
...денес униформа на медицински лица (ЕУ и САД од каде се земени примери, наместо други вредности да се прифатат) се „све ми боје лепо стоје“ само не е бела, се знае кој каква боја треба да носи како работна униформа, нема почитување никаво кон колеги и вработени мислам по хиерарфија и одоздола нагоре, ама и одозгора надоле, по болнички соби се пуши, се пие кафе, смрди на ќебапи и разно разни парфеми, само на болница не личи, траскање на врати како да нема кваки, викање по ходници како да не е болница со спокојство и мир за пациентите, се изгубија сите вредности што значи едно медицинско лице, ниту етика, ниту култура, ќе го стават тоа стетоскопот околу врат и мислат готово, а што не би и заштитна маска!?