Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Која, кинеска, руска .. не се прави до толку глуп, а знаеме дека со хуморот си скаран:P
Бришам, не те провоцирам веќе.

Мислам дека со кинеска (не сум сигурен), напиша уште кога се вакцинираше. Побарај назад низ страните и одма ми се сипа без некоја посериозна причина. :oops:
 
сите пријавени што се ги викаат, и @MARCELLO го викнаа како и мене, не знам што не ви е јасно
Малце каша попара им е системот. Има доста постари луѓе што се вакцинирале а има и постари што сеуште чекаат термин да ги повикаат.

Додека организациски на самото место во тие спортски сали е доста добро организирано вакцинирањето.
 
Во секој град е различна возрасната граница до која се стигнати со вакцинирање.
Татко ми се вакцинираше неделава на 68 годишна возраст, а мајка ми е наредна недела. Во Скопје се дојдени до кај 65-6 години.
Една жена од Куманово што ја знам, нема ни 50 години, а се вакцинираше минатата недела.
Во Тетово и Гостивар веќе се стигнати и под 30 години. Причината барај ја во тоа што шипоите најчесто не се пријавуваат за вакцининација и затоа има помалку пријавени и побрзо оди вакцинацијата.
Регуларно му е дојден редот, знам еден куп Тетовчани кои поминаа на вакцинација, а имаат околу 30 години.
Баш така, но има еден друг проблем, овде во Скопје нема да вакцинираат ништо под 40 години, а во шпонскиве градови вакцинираат средношколци. Нема заинтересираност, ќе си ги повлечеш вакцините и ќе ги дадеш таму кај што треба. Познавам луѓе 70+ години кои ги имаат ставено во градови кои се и по 70-80км од местото каде што живеат и не може да се вакцинираат, а ваму се трошат вакцини на малолетни мрсули. Кога мислиш дека сме го достигнале максимумот за утепаност, секогаш се тука Филипче и Триесет и Три да те демантираат. Кај вакцините им доцнеа шест месеци, барем да се организираа како што треба за тоа време.
 
сите пријавени што се ги викаат, и @MARCELLO го викнаа како и мене, не знам што не ви е јасно
Проблемот е шо нема приоритет за лица кои се со висок ризик(освен оние кои беа вакцинирани со АЗ). Знаеш глупо е да се вакцинираат лица под 30 години кај кои текот на болеста е релативно лесен пред да се вакцинираат лицата кај кои се можни компликации. Претходните месеци, коа беа полни болниците не лежеа лица 20-30 години. Сите беа 40+. Најголем дел над 50 години.

Да имавме доволна количина вакцини и капацитет за администрација на истите не ќе беше проблематично.
 
Малце каша попара им е системот. Има доста постари луѓе што се вакцинирале а има и постари што сеуште чекаат термин да ги повикаат.

Додека организациски на самото место во тие спортски сали е доста добро организирано вакцинирањето.
Имаат и проблеми со обезбедувањето/контролата "на врата".
 
Моите родители се вакцинираа со термини овие два дена, 61 и 59 години се и уредно пријавени и ги пуштија да поминат со доказ со проверка на маил.

Јавна тајна е дека сите ги вакцинираат кој што сака само чекаш на ред ако нема многу интерес... исто и јас сакав денес ама ете баш денеска само пуштаа со термини .
 
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус предупреди дека втората година од пандемијата ќе биде поубиствена од првата и дека особено Индија предизвикува голема загриженост.

„ Разбирам зошто некои земји сакаат да ги вакцинираат своите деца и адолесценти, но сега ги повикувам да размислат и наместо тоа да ги донираат вакцините на ковакс механизамот“, рече тој на виртуелниот состанок во Женева.

Ах овие од СЗО... нели според нашите ценети членови (на форумов) со дипломи, младите се супер преносители, а СЗО викаат, не ги вакцинирајте. :toe:
 
Проблемот е шо нема приоритет за лица кои се со висок ризик(освен оние кои беа вакцинирани со АЗ). Знаеш глупо е да се вакцинираат лица под 30 години кај кои текот на болеста е релативно лесен пред да се вакцинираат лицата кај кои се можни компликации. Претходните месеци, коа беа полни болниците не лежеа лица 20-30 години. Сите беа 40+. Најголем дел над 50 години.

Да имавме доволна количина вакцини и капацитет за администрација на истите не ќе беше проблематично.

Ние не сме криви што програмерите шо ги имаат не знаат една функција да напишат да ги сортира матичните броеви по година на раѓање. Иначе има вакцини за сите, идат АЗ, 100 илјади Синофарм, 500к Синовак, дека ќе останеме без вакцини нема што да се секираме
 
Последно уредено:
Тоа што здрави млади лица добиваат приоритет за вакцинирање пред постари и хронично болни, само потврдува колку лошо и катастрофално се менаџира целата оваа криза. Пропусти кои ќе чинат животи.

Тие здрави млади лица кои се пријавиле за вакцина, се пријавиле да бидат вакцинирани кога ќе има вакцини и кога ќе дојдат на ред, според приоритетна група (здравствени работници, постари од 65 и хронично болни). Тоа што целата организација и менаџирање е класично фијаско, и нема никаков ред - не е нивна вина, туку на тие кои го дизајнирале и го спроведуваат целиот план.
 
Тоа што целата организација и менаџирање е класично фијаско, и нема никаков ред - не е нивна вина,
Ne e nivna vina no kako bitija so visok moral i etika kako sto se percepiraat samite sebe(za razika od nas nemoralnite) , ednostavno ke odbieja da se vakciniraat i ke im dadeja sansa za vakcina na onie na koi realno im bese potrebna.
 
Има некој примено спутник? Да сподели искуство...

Кога ја примив првата доза, дента се чувствував омалаксано, а вечерта кренав температура и се напив парацетамол( тоа ми го препорачаа и лекарите). Следниот ден имав само болки во мускулите, а веќе третиот не ми беше ништо и се чувствував океј. Вторава доза ја примив пред една недела и немав ни температура ни болки во телото. Лекарите ми препорачаа да пијам повеќе течности, да внесувам витамини, да не пијам алкохол и да не пушам цигари( јас ни едното ни другото не го правам :D ) и да не се оптеретувам многу со работа првите 2-3 дена откако се ревакцинирав.
 
Џабе трубат антиваксери испаѓа работава не ќе може да мрднат од државава ако на граници бараат да сте вакцинирани.
Вчера некаде прочитав Турција само влез на вакцинирани.
 
Кога ја примив првата доза, дента се чувствував омалаксано, а вечерта кренав температура и се напив парацетамол( тоа ми го препорачаа и лекарите). Следниот ден имав само болки во мускулите, а веќе третиот не ми беше ништо и се чувствував океј. Вторава доза ја примив пред една недела и немав ни температура ни болки во телото. Лекарите ми препорачаа да пијам повеќе течности, да внесувам витамини, да не пијам алкохол и да не пушам цигари( јас ни едното ни другото не го правам :D ) и да не се оптеретувам многу со работа првите 2-3 дена откако се ревакцинирав.
Јас ја примив и втората доза на Спутник пред 2 недели, и со втората немав никакви пропратни симптоми. Но со првата имав малаксаност, малку како прелада-топло лице, и главоболка една недела(тоа ми ефабричка мана). Горниот дел од главата и синусите најмногу

Болка во раката немав, а после 2-3 дена си пиев алкохол. гледав пред и после вакцината да не пијам...но литро и пол пиво секоја втора ден си ми станаа константа
 
Вашите искуства се чести за векторбазирани вакцини, слично кај мене со АЗ. Иначе како ѓоко што вика ден пред и после без алкохол, не дека нема да делува туку едноставно да не му се прави дополнителен товар на телото. Викаат АЗ и Спутник даваат повеќе нус ефекти после прва доза а другиве мРНА после втората. Синофарм и Џонсон немам читано како е.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom