Луѓе, браќа Македонци... Јас сум еден обичен човек, работник кој едвај си ја прехранува фамилијата... имам 5 годишна ќерка... НЕ, не барам милостина... Јас се трудам за да можам да ја израснам ќерка ми, и кога ќе почне да го осознава животот да сфати која е, да разбере од каде потекнува. Но некои лоши луѓе ме попречуваат, сакаат да ми го одземат и последното што го имам, што го добив како наследство од татко и мајка... мојата ГОРДОСТ, моето ДОСТОИНСТВО... тоа е единствено што ми остана...
ха, ЧЕСТА не можат да ми ја одземат... ЧЕСТА може само да се изгуби, ама не да се одземе... не знам дали ВИЕ можете да ме разберете, мене ми е ЧЕСТ оти сум Македонец, колку и да ми е тежок животов... уште во февруари почнав да протестирам, сакајќи да го зачувам моето ДОСТОИНСТВО... два дена протестирав пред владата, три пати протестирав пред грчката канцеларија за врски, еднаш отидов пред централата на сдсм и еднаш пред зградата во која што живее груевски... бев и пред француската амбасада... учествував активно и во организираните протести исто како и неорганизираните на 31 март, ден пред да појде делегацијата во Букурешт... МОЕТО име не е за продавање и јас ПОВТОРНО ќе протестирам и овој пат ќе земам и камења со мене... и повторно ќе протестирам сам ако треба...мојата ќерка ќе смее да каже дека се гордее со татко и... ДАЛИ ВАШИТЕ ДЕЦА ЌЕ СЕ ГОРДЕАТ СО ВАС???