ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 192
Луѓе бе,да бидеме реални дека ѕид со глава не се турка,помина времето на комити и војводи,21ви век сме.Она што го замислиле “големите“ и ќе го остварат,на овој или оној план.
-Скоро 20 години размислувам,кореспондирам,дискутирам и се карам со пријатели и непријатели што имаат спротиставени мислења,и никако не можам да разберам и покрај мојот широк дијапазон на толеранција,космополитизам и почит кон сите религии и вери,почит кон сите битија на планетава барем онолку колку тие ме почитуваат мене,зошто мораме да го смениме нашето име а со тоа и идентитет?.
Ако им спомнеш заговор или план како Мојсеј-2 те гледаат со потсмев,се смејат и се заебаваат со тебе,ги разбирам и нив,не се свесни што им се случува таму некаде во “куњите“ каде се запржува оваа “чорба“,ако не ги осудувам и велам -прости им Господе не знаат што прават.Од секаде слушам реакции од типот на се откажувам од државата,кинам пасош,вадам друг пасош,заминувам од земјава и многу слични “копрцања“,за на крај да ги запрашам сите нив,ШТО СО ТОА?Одговор најчесто нема,или ќе има од типот -морееее,ќе видат тие,има глави да летаат,на плоштад ќе ги бесиме,живи ќе горат и сл.Бидете реални дека никој ништо нема да стори,само веќе кога се прави ваква трговија без преседан,некој треба свесно и благовремено да го искористи тоа што ќе го продаде името најскапо што може,кога мислам на најскапо тоа го велам во интерес на сите а не само на двајца или тројца преваранти кој благодарение на “планерите“ се инфилтрираа во врвот на поголемите политички партии па всушност тие го прават она што ни еден нормален нема да го направи.Ултиматумот да гледаме и да го претвориме барем малку и во наша корист,да побараме писмени гаранции за истовремен прием во НАТО и ЕУ кога ќе се потпишува промената на име.Тоа им го должиме на генерациите после нас,на оние кој ќе ни судат без наша вина,иако сепак сите ние ќе бидеме виновни.